Воени авиони

Член од
28 декември 2015
Мислења
3.975
Поени од реакции
6.458
Испано Ха-1112 Бушон

Шпанија во WW2 била неутрална. Имајќи превид дека била руинирана од жестоката граѓанска војна 1936-39 немало финансии за таков излет како што би било вклучување кон оската. Сепак 54К шпанци се бореле на источен фронт со променлив успех.
При крајот на војната, шпанците сфатиле дека нивната пресретачка флота од граѓанската војна е сериозно застарена и дека треба нешто ново.
Имајќи искуство со германските Бф-109Антон и Дора, заедно со можноста за набавка на голем број мотори Ролс Ројс Мерлин, се јавила можноста за комбинирање на змејот со машината и така во 1945 настанува Ха-1112 Бушон, првиот шпански ловец во историјата.

Иако овој авион никогаш не учествувал во борбени дејствија сепак бил сосема солиден проект кој овозможил 10 пресретнувачки ескадрили во време кога тоа било преку потребно на една земја како Шпанија.
Мотор Мерлин од 1640 к.с. два топа од 20мм ХС-404 со 400 гранати, брзина од 650 км/ч ова бил последниот клипен ловец во шпанската авијација.

1725189092222.png

На сликата е Бушон со поткрилни лансери за ненаведувани ракети од 55 и 80мм.
По набавка на млазни ловци, бушоните одат во ударна авијација а служеле таму до крај на 60-ти!
Неколку скапи холивудски продукции употребиле бушони со цел да глумат Бф-109 како на пример Битката за Британија.
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.089
Поени од реакции
9.380
Од Русија нели набавија 10 половни МиГ-29 пошто имаа веќе 6 кои ги модернизираа таму околу 2013-14, кинески нема асални, оној Пакистанскиот ЈФ-17 е прилично ефтин ама е светлосна година даеку од Рафал.
Мое мислење е дека и Србите и Хрватите си ги мерат со купување на скапи кондоми.

Грипен или Chengdu J-10 или дури и Пакистанскиот 17 таман ќе им беа за Ер Полицинг со некоја можност за тепање по копно.

Скептик сум за Рафалите пошто за да ги држат пилотите на потребно ниво треба 120 - 150 часа налет годишно + 50 - 60 часа во симулатор. Тоа е скапо и за појаки држави а не па за нив.
Но како што кажав,е Грипените неможат да добијат одобрување оД Америте а на Кинезите нема да им се дозволи прелет.

И сега им останува да прават убави фотки и да се препукуваат на интернет. Судир нема да има пошто Србија е опколена со НАТО и плус Французите секако можат едноставно да ги исклучат авионите ко со даљинско.

___________________________

Инаку од спомнатата игра многу ги сакам и Curtiss P-36 и 40.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.975
Поени од реакции
6.458
Мое мислење е дека и Србите и Хрватите си ги мерат со купување на скапи кондоми.

Грипен или Chengdu J-10 или дури и Пакистанскиот 17 таман ќе им беа за Ер Полицинг со некоја можност за тепање по копно.

Скептик сум за Рафалите пошто за да ги држат пилотите на потребно ниво треба 120 - 150 часа налет годишно + 50 - 60 часа во симулатор. Тоа е скапо и за појаки држави а не па за нив.
Но како што кажав,е Грипените неможат да добијат одобрување оД Америте а на Кинезите нема да им се дозволи прелет.

И сега им останува да прават убави фотки и да се препукуваат на интернет. Судир нема да има пошто Србија е опколена со НАТО и плус Французите секако можат едноставно да ги исклучат авионите ко со даљинско.

___________________________

Инаку од спомнатата игра многу ги сакам и Curtiss P-36 и 40.
П-36 Хок е баш непознат ловец од ратот, французите набавиле 300+ соколи но наместо 2 тешки и 2 лесни митралеза имале само 6 лесни но сепак биле прилично засилување. Има една анегдота некаде октомври 1939 кога ескадрила П-36 се судира со ескадрила Бф-109Д и Е каде германциве изгубиле 10 авиони а французите ниту еден. Подоцна во фински раце повторно имал добри резултати. За време на Перл Харбор и не се покажале нешто но против себе имале Зеро.
П-40 со њушка од ајкула во Летечките Тигри во Кина се легендарни авиони :)
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.089
Поени од реакции
9.380
П-36 Хок е баш непознат ловец од ратот, французите набавиле 300+ соколи но наместо 2 тешки и 2 лесни митралеза имале само 6 лесни но сепак биле прилично засилување. Има една анегдота некаде октомври 1939 кога ескадрила П-36 се судира со ескадрила Бф-109Д и Е каде германциве изгубиле 10 авиони а французите ниту еден. Подоцна во фински раце повторно имал добри резултати. За време на Перл Харбор и не се покажале нешто но против себе имале Зеро.
П-40 со њушка од ајкула во Летечките Тигри во Кина се легендарни авиони :)
П - 40

1725362163014.png

Буквално е створен за забите на ајкулата. Инаку први со тој пејнт џоб почнале Британците од 112 сквадром во Северна Африка и толку добро изгледало што брзо се проширила модата.

Интересно е што и Кралството Југославија нарачало мислам околу 300 вакви апарати одкако сватиле дека Британија и Франција заради своите потреби немало да можат да им испорачаат ловци но било доцна. Тие апарати се пратени на Британците.

Добро се покажале и кај Советите, можеби затоа што добар дел се доделени на морнаричките ловечки ескадрили кои не настрадале толку во чистките на Стаљин.

Дури и Јапонците имале една ескадрила склопена од заробени авиони кај Рабаул и еден е соборен по грешка од нивен бомбардер.

------------------------------
П-36

1725364252372.png

Помалиот брат од фамилијата прилично добро се покажал во Француски раце каде што соборувал и Германски но подоцна како дел од Вишиевска Франција и Британски и Американски авиони.

Се борел и сам против себе во Француско - Тајландскиот конфликт.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.975
Поени од реакции
6.458
Мое мислење е дека и Србите и Хрватите си ги мерат со купување на скапи кондоми.

Грипен или Chengdu J-10 или дури и Пакистанскиот 17 таман ќе им беа за Ер Полицинг со некоја можност за тепање по копно.

Скептик сум за Рафалите пошто за да ги држат пилотите на потребно ниво треба 120 - 150 часа налет годишно + 50 - 60 часа во симулатор. Тоа е скапо и за појаки држави а не па за нив.
Но како што кажав,е Грипените неможат да добијат одобрување оД Америте а на Кинезите нема да им се дозволи прелет.

И сега им останува да прават убави фотки и да се препукуваат на интернет. Судир нема да има пошто Србија е опколена со НАТО и плус Французите секако можат едноставно да ги исклучат авионите ко со даљинско.

___________________________

Инаку од спомнатата игра многу ги сакам и Curtiss P-36 и 40.
И со Рафалите ќе биде како и се остало на Балкан, наместо 150 часа налет ќе имаат по 50-60 па може уште 100 во симулатор ако воопшто набават такво нешто од Франција. Веројатно конкурентен избор би бил Тајфун пошто има британски мотори но кој би знаел дали би продавале на балкански земји.
Автоматски споено мислење:

П - 40

Прегледај го приврзокот 428315

Буквално е створен за забите на ајкулата. Инаку први со тој пејнт џоб почнале Британците од 112 сквадром во Северна Африка и толку добро изгледало што брзо се проширила модата.

Интересно е што и Кралството Југославија нарачало мислам околу 300 вакви апарати одкако сватиле дека Британија и Франција заради своите потреби немало да можат да им испорачаат ловци но било доцна. Тие апарати се пратени на Британците.

Добро се покажале и кај Советите, можеби затоа што добар дел се доделени на морнаричките ловечки ескадрили кои не настрадале толку во чистките на Стаљин.

Дури и Јапонците имале една ескадрила склопена од заробени авиони кај Рабаул и еден е соборен по грешка од нивен бомбардер.

------------------------------
П-36

Прегледај го приврзокот 428317

Помалиот брат од фамилијата прилично добро се покажал во Француски раце каде што соборувал и Германски но подоцна како дел од Вишиевска Франција и Британски и Американски авиони.

Се борел и сам против себе во Француско - Тајландскиот конфликт.
П-36 има мотор звезда од сеприсутниот Прат енд Витни од 1200 к.с. кои биле на Дакота и Либератор, колку само платформи се направени врз основа на таа погонска група тоа е неверојатно.
П-40 има Алисон линијаши ама америте никогаш немале асален линиски мотор па така за Мустанг се позајмиле со Мерлин од Британија под лиценца на Пакард. Не сум знаел тоа за Југославија иако имам пишувано материјал за балканскиве авијации. 300 комада тоа се добри 12 ескадрили со се резервни машини, сериозен исчекор напред.
Автоматски споено мислење:

CAC Boomerang

Во раната фаза на војната на Пацификот сојузниците се соочиле со брзо топење на воздушниот потенцијал. САД сеуште не биле префрлени на воена економија а Британија била далеку и освен тоа одвај стигнувале да задоволат свои потреби и помошта за СССР.
Во такви услови она што можело да се набави на пример кај Аустралија биле споменатите ѕвезда мотори Прат и Витни од 1200 к.с. На таа основа бил нарачан домашен ловец кој требало да има и секундарна улога на јуришник.
Фирмата Комонвелт ејвиејшн во 1942 излегува со Бумеранг, првиот ловец изграден во Австралија.
Карактеристиките на летање биле разочарувачки но немало назад. Со подоцнежните варијанти дел од недостатоците ќе бидат решени но скромната брзина од само 515 км/ч оневозможувала пресметка со Зеро и Хајабуса.
Бумеранг носел два топа 20мм Бритиш Хиспано (лиценца на францускиот ХС-404) со 200 гранати и 4 митралеза Браунинг од 7,7мм со 2000 куршуми. 600кг офанзивен терет го заокружувало вооружувањето на овој авион.
Веќе во 1943 бумерангот бил застарен но немало што да се прави, пратките на П-39 Еракобра сеуште биле недоволни па така бумерангот улетува во борбите во Нова Гвинеја. Малку користен како пресретнувач за овој ловец се врзуваат ударните операции во кои неговиот долет од 1000 миљи (1600км) бил од огромно значење за поддршка на пешадијата. Како јуришник бумерангот се стекнал со солидна репутација.



Еден од авионите кои никој не ги знае, дури и добри познавачи на воената авијација и WW2 немаат слушнато за ова чудо кое опремило барем 10 австралиски ескадрили. Ронделите се интересни, имено британската рондела има плав круг со црвен центар кој бил често мешан од страна на сојузнички пилоти со јапонските хиномару црвени кргуови па така кај сите сојузнички авиони се појавуваат рондели скроз лишени од црвена боја!
После ратот Австралија го внесува црвениот кенгур со плав круг и бела позадина кој го имаат и ден денес.
 
Последно уредено:

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.089
Поени од реакции
9.380
И со Рафалите ќе биде како и се остало на Балкан, наместо 150 часа налет ќе имаат по 50-60 па може уште 100 во симулатор ако воопшто набават такво нешто од Франција. Веројатно конкурентен избор би бил Тајфун пошто има британски мотори но кој би знаел дали би продавале на балкански земји.
Штета што Америте се толку фатени за муда од своите лобисти бидејќи Грипенот е створен за мали држави. И релативно евтин по час налет е. Ноа тоа ти е.

П-40 има Алисон линијаши ама америте никогаш немале асален линиски мотор па така за Мустанг се позајмиле со Мерлин од Британија под лиценца на Пакард. Не сум знаел тоа за Југославија иако имам пишувано материјал за балканскиве авијации. 300 комада тоа се добри 12 ескадрили со се резервни машини, сериозен исчекор напред.
Да, одкако сватиле дека нема шанси да добијат доволен број на апарати од Фанција и Британија кои и самите се спремале за војна некои поумни глави извршиле притисок да се нарачаат овие како замена но било веќе доцна. Мислам дека стигнале до барање одобрување од конгресот и толку.

Еден куриозитет, слика од еден Јапонски од ескадрилата во Рабаул која имала 10 комада одржувани со делови од заробените авиони.

1725540301060.jpeg
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.975
Поени од реакции
6.458
Бел П-59 Еракомет бил првиот амерички млазен ловец, па дури и прв млазњак во САД воопшто. Полетал во 1942 и биле нарачани неколку стотини но набрзо осамнала реалноста дека П-59 е ужасно лош авион кој одвај достигнувал брзина на Мустанг и покрај тоа што носел топ од 37мм и 4 митралези 12,7мм во носот, се покажал како исклучително лош проект. По инерција биле создадени 5 ескадрили кои воопшто не виделе борба туку служеле за тренинг од клипни на млазни авиони за пилотите кои биле одбрани за транзиција.
Наредниот проект бил на Локид а тоа бил П-80 Шутинг Стар кој полетал во 1944 а една пробна ескадрила била упатена во Европа на Апенинскиот фронт на кој сеуште германци и република-сало талијани се држеле во 1945. Нема податоци за евентуален судар на П-80 против авиони на оската кои на тој фронт биле БФ-109 Густав и Курц, ФВ-190 Антон и Дора, Бф-110, Ре-2005 Саџитарио, Г-55 Чентауро, МЦ-205 Велтро.

Како подршка во случај да П-80 не биде произведен во доволен број навремено, Рипаблик го предлага П-47 Тандерболт како нова млазна опција! Имајќи над 6000 фрејмови во различен стадиум на склопување Александар Северски и Александар Картвели набрзина направиле проект со минимални трошоци и исти мотор како П-80.
Змејот на П-47 бил сосема погоден за Алисон турбоџетот и така барем како проект се појавува Ф-47 Џетболт. Сепак војната завршила во Септември а студената војна сеуште не била на дневен ред па така овој авион бил откажан а 6000 фрејмови биле расклопени за секундарни суровини.
Со влегувањето во служба на џетот Фантом 1, клипните Ф-82, Ф-7Ф Тајгеркет, Ф8Ф Беркет (најбрзиот клипен авион во историјата со 850км/ч) и остали егзотики станало јасно дека подобро е да се направат авиони кои се скроз проектирани за млазен мотор а не уради сам прекроен клипњак.

proxy.php (1023×356) (secretprojects.co.uk)

На база на П-47Н варијанта со подрезани крила и 12 митралези од 12,7мм, 4 во труп 8 во крила.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.975
Поени од реакции
6.458
Кјушу Ј7 Шинден

Буквално последниот јапански пресретнувач кој полетел во војната. После многу задоцнувања поради америчкото уништување на јапанска индустрија, конечно во 1945 полетува еден од најдобрите клипни авиони во историјата.
Интересно за ова летало е што истовремено се развивала клипна и млазна верзија со немачки мотор.
Друг чуден факт е имањето на стреласти крила како кај Ме-262 Швалбе но тоа што бил планиран и за џет варијатна го објснува закосувањето на крилата.
Бил извонредно силно вооружен со 4 топа од30мм Тип-5 и вкупно носел 400 гранати. Јапанците направиле пресметка според која за рушење на амерички четворомоторец биле потребни најмалку 20 гранати од 20мм и само 4 од 30мм, затоа и изборот.
Овој авион се издвојувал и со немањето опашка па така на излезот имал шестокрак пропелер кој бил погонуван од Накаџима Хомаре од 2.180 к.с. Вертикалните кормила се наоѓале на самите крила. Веројатно прв ловец евер со паткасти крила пред кокпитот. Карактеристиките не ветувале премногу кај првите два прототипови но тоа е скоро секогаш случај кога се гради ново летало.
Се препоставува дека во последните денови на ратот фанатички јапански пилоти полетале со тазе авиони излезени од фабрика на кои сеуште се сушела бојата. Брзината од 760 км/ч и традиционално јапанскиот долг долет од околу 1000км го правеле ова чудо едно од најдобрите во ратот.



Уште еден од легијата на врвни проекти кои се појавиле предоцна на сцената.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.975
Поени од реакции
6.458
Валмет Мурски

По завршувањето на Зимската војна во која Финците се одбраниле од агресорот познат како СССР, сепак загубиле некои 10% од територија во Лапланд. Оттаму Финска бара помош од Рајхот со цел враќање на древните фински огништа.
И така вториот ден на Барбароса, Финска го отвара северниот фронт.
И покрај значителната помош од запад за време и непосредно после Зимската војна, борбените и небобените загуби поради суровата клима биле сериозни.
А во 1941 буквално никој не продавал авиони, особено ловци. И што да прават? Па се знае, домашен ловец.
Купувајќи стотина од култните Прат енд Витни мотори од 1200 к.с. се впуштиле во изработка на модерен ловец рамен на Јак-3 и Ла-5.
И така во дек.1941 на светот се појавува Валмет Мурски. Вооружан со 4 тешки митралези ЛКК-42 од 13,2мм со 1600 куршуми и бомби до 250кг овој авион имал брзина од 550 км/ч што за 1943 било премалку.
После кратка и неславна кариера на пресретач при што остварил само 7-8 возфушни победи ова летало било ставено во извидувачки и јуришни ескадрили.
Биле нарачани 100 авиони но до почетокот на конфликтот со Рајот биле произведени 52 опремувајќи две ескадрили.



Ништо посебно, обичен ловец од своето време. Приметете ги финските рондели :icon_lol:
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.975
Поени од реакции
6.458
Ренар Р-36

Сите земји кои држеле до себе имале проекти за пресретачи па така и Белгија, колонијална сила!
Секако не баш сите, пример Албанија е едина земја во Европа која немала авиопроект.

Белгиската фирма Ренар прави сосема квалитетен ловец кој требало да биде окосница на воздушните сили на оваа мала земја. Па така на сцена се појавува Р-36 во 1937. Бирократија и породилни проблеми со линискиот мотор само го одложиле примањето во вооружување до мај1940. Една ескадрила сепак била спремна што е смешно за цели три години подготовки.
Линискиот Испано-Суица имал 960 коњи а вооружувањето било еден топ од 20мм и 4 митралези од 7,7мм.
Извонредната спорост на овој пресретач (510 км/ч) била причина да се развиваат змајеви на Р.36 со појаки мотори но сето тоа го прекинал ратот.
Белгијанците во меѓувреме нарачале три ексадрили од Фиат ЦР-42 Фалко и три со Хокер Харикен.



Некои историчари го ставаат во класа со П-36 Хок и Северски П-35 (coming soon to Kajgana Forum:angel:)
 
Последно уредено:
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.975
Поени од реакции
6.458
Интересен проект во САД бил лесниот ловец Бел П-77 "Томи", пресретнувач правен од нестратегиски материјали, кулминација на модата која започнала таму средина на 30-ти кога неколку земји имаат проекти за лесни ловци но ретко кој стигнува до борбена примена, Кодрон Циклон е единствен пример кој лета за Франција, Полска а за малку и за Финска и постигнува скромни резултати.

Спетакуларна аеродинамична форма, линиски мотор Ренџер кој во серија требало да влезе со турбополнач и да дава некои 670 к.с. со кои Томи би терал накај 600км/ч. Од вооружување тука е топот од 20мм ХС-404 кој бил поставен меѓу цилиндрите на моторот и пукал преку главата на пропелерот со 100 гранати и 2 Ма Дјус митралези од 12,7мм со вкупно 500 куршуми. Било предвидено да биде употребен и за напади врз копнени цели. Полетна тежина од помалку од два тона, секој инч бил рационално распореден кај овој авион за кој била употребена посебна шперплоча од јасеново дрво.
За жал оваа прекрасна машина, овој бисер на аеронаутичкото творештво не бил сериски произведуван.
За цена на еден Мустанг се добивале пет П-77. Тоа бил начин и да се вооружат земји со слаба платежна моќ, пример Мексико, Никарагва или Парагвај, Југославија или Норвешка.
Извонредно покретен авион, никој не знае како би се покажал во реални борбени услови. Вака испаѓа само она шта би било кад би било.

 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.975
Поени од реакции
6.458
XP-77.jpg

Bell P-77 Tommy
Лепотанче :)
Автоматски споено мислење:

Еден од така некако побизарните авиони е Норт Америкен АЈ Севиџ, тактички бомбардер наменет за дејство од палуба на носачи на авиони! Во тоа време околу 1945 едини носачи кои би можеле да го натоварат ова чудо на палуба биле оние од класата Мидвеј од 62К тони (подоцна 74К) и должина од 314м.
Идејата да се стави огромен бомбардер на флат топ била сосема нова но и покрај тоа добила одобрување од ДоД така што во 1948 полетува овој бизарен авион. Со погон од два мотори од 2800 к.с. имал прилично добра брзина за авион од негова класа со 760км/ч што би било на ниво со првата генерација средни бомбардери на млазен погон. Можел да понесе до 5400кг бомби и ракети а кога ќе имало потреба изигрувал и крава-молзница заменувајќи ги бомбите во трупот со дополнително гориво со кое ги надополнувал во воздух жедните ФЈ Фјури и останатите ловци и јуришници.

Денес е незамисливо да тактички бомбардер полета од палуба но во војната во Кореја на сцена стапила една ескадрила на овој интересен авион од носачот Мидвеј. Интересно е што немал одбрамбено вооружување туку сметал само на ескортерите за заштита. Како куриозитет Севиџ заедно со млазниот А-3 Скајвориор се едини тактички бомбардери кои полетувале од носачи. Британците се обиделе со хибридот Симитар но тоа завршило како тотален неуспех.

na_savage-s.gif

AJ-1_in_flight_over_California_1950.jpg
 
Последно уредено:
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.975
Поени од реакции
6.458
Во средина на 30-ти во САД започнале панично да бараат модернизација на авијацијата која бизарно но точно била под капа на армијата, нешто како Јапан а не самостоен род на вооружени сили.

Особено кризна била ситуацијата всо стратешките бомбардери па таа бил распишан конкурс за замена на старите двокрилни Глен Мартин бомбардери и надополнување на основниот Б-10 Бомбер кој уште при внесување во прва линија покеќувал знаци на застареност.
Планираниот ултратежок и спектакуларен Боинг Б-19 кој бил двојно поголем од Б-17 имал проблеми со несоодветни мотори а новите Рајт циклон од 1600к.с. сеуште биле во фаза на прототипови.

И така за рекордно време фирмата Даглас земала еден ДЦ-2 патнички авиони, монтирале две куполи за дупли митралези Браунинг М.19 (7,62мм) и две застаклени места од по страните на авионот со по еден М.19 митралез. Покрај тоа овој авион носел до 2600кг бомби што не било лошо за она време. И така Даглас нормално прв доставил готов проект и победил на конкурсот.

dc3.jpg

Но сепак треба да се знае дека тоа бил осреден авион во најдобар случај. На почетокот на војната имало барем 30 ескадрили со овој бомбардер (тежок според класификација на амери, среден према британци и французи.
Имал скромна кариера. Штитејќи го панамскиот канал Б-18 имал бројни судари со камуфлирани рејдери, блокејд ранери и подморници. па така успеале да потопат неколку гермнаски подводни чудовишта. Што се однесува до примарната цел, бил многу малку употребен за бомбардирање, пред се на Филипини, а знаеме како се завршило сето тоа.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.975
Поени од реакции
6.458
Даглас ТБД Девастатор

Имајќи неколку големи носачи на авиони, морнарицата на САД во средината на триесеттите години решила да ја модернизира ударната компонента на флотата т.е. торпедните авиони кои заедно со пикирачките бомбардери биле тупаницата на флотата за прв пат со можност да се зададе удар на противникот без никаков визуелен или радарски контакт, на стотици км раздалечина.
Така во 1935 полетува новиот еднокрилен торпеден бомбардер Девастатор кој треба да биде на сите носачи, нешто како легендарниот двокрилен британски Сордфиш или францускиот Латекоер 298.

Но како ова летало ќе се покаже во реални услови на војна?
одговорот на тоа прашање ќе биде језив. Имено за девастаторите се врзува еден од најкатастрофалните напади во историјата на поморската авијација ако не и најлош. 45 авиони полетале од два носачи со цел да ја торпедираат јапанската флота во почетните мигови на битката за Мидвеј. Патролните јапански Зеро и ПВО-то на бродовите уништиле 39 авиони при што само шест од нив се вратиле на појдовниот носач.

Како тоа да овој модерен торпедњак заврши така неславно а одамна застарениот, двокрилен и смешен Сордфиш да направи спектакуларна кариера?
Интересно да се примети дека авиоторпедата биле со помала должина од нивните бродски еквиваленти со цел да бидат полесни и подвижни од стандардните. Сепак имале исто боево полнење и висока брзина, но нивниот домет бил смешен така да торпедњакот за да има шанси за погодок морал да лета ниско се до некои 500-600 метра од целта што го правело лесна цел за ПВО.

Девастатор можел да носи едно торпедо до 1000кг а за одбрана имал двоен митралез Браунинг М.19.

Douglas-TBD-Devastator-T5.jpg

Друг авион кој имал сосема добра кариера како торпедоносец бил италијанскиот среден бомбарден СИАИ-Маркети СМ-79 Спарвиеро кој можел да носи две торпеда од 457мм и 750кг. Бил присутен само на Медитеран и погодил многу британски, амерички, холандски и австралиски бродови на конвоите за Малта.
При крајот на војната конструкторите скроз се откажуваат од концептот на исклучив торпедоносец и се вртат кон универзален авион кој ќе може да носи противоклопни бомби, ненаведувани ракети, лизгачки бомби, торпеда и топови со цел удар врз бродови на повеќе начини.
Последен торпеден напад од авион бил оној на А-1 Скајрејдер во Корејската војна во 1952 кога овој масивен универзален јуришник или бомбардер ленсирал торпеда за последен пат.
Денес имаме хеликоптери и патролни авиони кои носат противподморнички торпеда со мал калибар и тежина но со доволна боева глава за да можат да го пробијат двојниот труп на подморницата, секако опремени со врвна навигација.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.975
Поени од реакции
6.458
Не може да се пишува за опскурните авиони во WW2 а да не се спомене Кодрон Цр-714 Циклон. Во средина на триесетти во светот се појавува модата на т.н. лесни ловци кои би имале најосновна авионика и вооружување и екстремно ниско цена. Славниот Рено бил задолжен да изработи соодветен мотор со алуминиумски блок за заштеда на тежина. Трупот и крилата биле обложени со фурнир на кој била прилепена алумиска фолија.

Овој помодарски ловец полетува во 1936 а наредна година е внесен во наоружање.
Моторот Рено можел да биде напнат до 570 к.с. што давало брзина од 485км/ч што за 1936-7 не било лошо па дури и одлично но за 1940-41 тоа ќе биде сосема недоволно.
Освен одличната покретлиост кај Циклонот добра страна биле и 6-те митралези М.39 од 7,5мм со 3000 куршуми, калибар кој веќе во 1939 ќе биде недоволен па затоа Циклонот ќе има висок број на непотврдени победи.

Најголем успех овој пресретнувач имал со полската авијациа е тука била и Финска која порачала 80 авиони. При нападот на Франција ловецов имал ефемерна улога.

caudron_cr-770_1.jpg

Малку наликува на подоцнежниот амерички Бел П-77 Томи кој имал нешто појак мотор и брзина но и одлично вооружување на својата класа на летала.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom