ИТ фирми и пракси во Скопје

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.511
Го имавме ова дискутирано и претходно по темава. Во ваква економија секој живее со тоа што го има, за помали бизниси и стартапи проблемот се решава со no code/low code tools (ова додека се во фаза барање на инвеститори и тестирање на пазарот/идејата), автоматизација и интеграции веќе се помалку се прават од девелопери (zapier, make, power automate) ќе ги разбере секој со троа сенс за технологија, а веќе имаат илјадници плагини и интеграција со софтвери од разни индустрии, и како што спомна дечкото за мали бизниси не им ни треба веб страна, повеќе ќар ќе имаат со социјалните мрежи.
 
Член од
28 август 2013
Мислења
4.362
Поени од реакции
13.275
Не е само во ит секторот, насекаде е, прашањето е дали ова повторно ќе се случи

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.313
За дечките што бараат пракса, имајте во предвид дека од октомври ФИНКИ ќе признава пракса само од фирми со кои имаат потпишано меморандум за соработка.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.502
Поени од реакции
8.180
За дечките што бараат пракса, имајте во предвид дека од октомври ФИНКИ ќе признава пракса само од фирми со кои имаат потпишано меморандум за соработка.
Замисли по некоја екстремно луда случајност (edge case скроз), студент на финки отиде на некаква си студентска пракса во (лупам) FAANG, а немаат склопено соработка со нашава елитна институција.
Во тој случај, цитирам - доколку компанијата нема потпишано ваков меморандум, тогаш ФИНКИ не може да го издаде потребниот документ и пожелно е студентот да ја упати компанијата до деканатот на ФИНКИ за да се потпише меморандум за соработка. ПОЖЕЛНО Е :D

Какви пациенти човече, студент да ургира кај фирма да потпише документ за соработка (колку и да е бенигно).
 
Член од
7 октомври 2018
Мислења
201
Поени од реакции
387

Но тоа не е се'. Фирмата треба и да си плати за тоа, односно да купи некој од пакетите за партнерство што ги имаат дефинирано. :D

kazioX

Примерен форумџија
Член од
28 април 2011
Мислења
3.847
Поени од реакции
10.650
За дечките што бараат пракса, имајте во предвид дека од октомври ФИНКИ ќе признава пракса само од фирми со кои имаат потпишано меморандум за соработка.
Финки е лоповска организација што глуми некаков фактор.

Ама што да очекуваш од место каде што за декан го поставија човекот што се немаше појавено на факултет да пише оценки и не можев да дипломирам пола година додека не се заканив дека ќе отидам во ректорска управа.
 
Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.207
Поени од реакции
1.236
Си нашле начин да прават плус пари. Големите фирми кои секако му донираат пари на факултетот (дали преку донација на компјутери, дали преку брендирани лаборатории и што ти не) ќе дадат уште некоја илјадарка плус годишно.
Е сеа проблем е за малите фирми, што имаат по 2-3 вработени. Сигурно нема да дадат 500 евра на ФИНКИ за да земат некој практикант и да го учат. На крајот ќе испадне дека ќе му ги скратат тие пари на практикантот, па наместо тој да ги земе тие 500 евра за 2-3 месеци, ќе ги земе ФИНКИ.

Единствено добро што ќе испадне од ова е да се присилат луѓето да одат на реална пракса. Се почесто ми се случува да сретнам луѓе што завршиле ФИНКИ а никогаш не отишле на пракса. Им викам како така бе, па нели е задолжително? Ми викаат ми средија во една фирма, не се ни појавив.
Е сеа треба да се постави и прашањето: Што ќе се случи ако некој не може да најде пракса? Може ли факултетот со вакви услови да му гарантира дека ќе му најде пракса?
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.429
Поени од реакции
3.500

До некаде и подобро да не одат во мали и несредени батал фирми. Мене најголемо каење ми е што отидов во таква на пракса. Од друга страна стварно нема смисла ова, а нема ни смисла да примаат толку студенти зашто индустријата стагнира, а они штанцаат програмери.
 
Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.207
Поени од реакции
1.236
До некаде и подобро да не одат во мали и несредени батал фирми. Мене најголемо каење ми е што отидов во таква на пракса. Од друга страна стварно нема смисла ова, а нема ни смисла да примаат толку студенти зашто индустријата стагнира, а они штанцаат програмери.
И мала несредена фирма е подобро отколку да не одиш воопшто :D
Се согласувам дека се штанцаат програмери. Ама од друга страна ги разбирам и ФИНКИ. Си викаат, ако можат рандом академии да цицаат 1к+ евра од студенти, зошто да не го правиме истото и ние?
Затоа си ја пуштиле кампањата на најјако,цело време ми излегуваат некакви реклами, колку успешни кадри излегле од таму, колку студенти запишале и што ти ја знам. Се фалат со студенти што отишле да работат во познати компании, мислиш тие таму ги пикнале.
 
Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.225
Поени од реакции
14.561
Со оглед на тоа колку луѓе одат на Финки, и колку моментално има (читај нема) отворени позиции за пракса ќе биде малце (повеќе) заебанко за студентите.
Голем дел од компаниите нема да го потпишат тој референдум за соработка, што значи автоматски отпаѓаат и нема да добиеш потпис доколку идеш таму.

Не ги знам точните бројки ама сигурно ќе има студенти што ќе го јадат стапот пошто нема да ги примат на пракса во "признаена" компанија.
 
Член од
2 декември 2019
Мислења
62
Поени од реакции
44
Сега читам за ова со праксава, јас имам обавено пракса пред повеќе од 5 години меѓутоа не зедов потпис тогаш и не сум во контакт веќе со таа фирма. Моментално имам само дипломска и ми стои работата со пракса несредена па доколку има некој тука да е во позиција да ми излезе во пресрет да ми даде потпис, да договориме некаква соработка дали во смисла на гостинско предавање неколку часови со нешто од мојата област за вашите колеги или некаков ангажман на проект remote.
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.215
Поени од реакции
939

Па стапи во контакт со фирмата, сигурно некаде имаат во евиденција дека си бил на пракса кај нив, не може туку-така тоа.
 
Член од
14 јули 2017
Мислења
662
Поени од реакции
1.344
Не знам дали е прашањето за тука, али можеби некој знае.

Моментално, плата од фирмата каде што сум добивам на девизна сметка во наша банка, па со тоа немам ништо во државата т.е пензиско, здраствено итн, на некој начин како фриленс сум. И сега, работата е шо сам треба да си плаќам данок, па ме интересира, колку време може да не платам данок и дали ако не платам данок пример за X време, ти стига опомена, или директно на суд или што и да следе xD, не сум запознаен баш со сите виа бирократски работи.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom