А за каква дружба и муабет во Македонија праиме муабет?
Идење на бесцелно кафе во досадните и све едни исти кафичи, праење бош муабет и зјапање у телефон?
За идење у кафана кај што ќе пиеш, ќе јадеш скара и ќе ги праиш истите бош муабети и пак ќе зјапаш у телефон?
За идење у диско да гледаш пренашмркани тинејџери и разголестрени девојчиња без памет, со тоа сељачката музика што е актуелна и да пазиш да не погледнеш погрешно некој нашмрканко па не дај боже да изедеш флаша у стомак или нож.
Апсолутно ништо интересно нема у Македонија, ова погоре е 90% од секојдневиоето на еден просечен северно македонец.
Лесно е да дојдеш од странство да се испукаш тука еден месец со другарите и со шемите што сте ги праеле порано, да се пијанчиш по кафани, викенд два у Охрид, натака навака, ќе ги прочастиш хиенчињата околу тебе и ќе си се вратиш Горе и си викаш еххххх Македонијо слободо, птицо распеана, цвету расцутен, сонце мое сјајно, античко.
Мрш бе