Каде се иселивте и како?

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
Тука у Швајцарија ретко кој поседува куќа или стан.Безобразно е скапо како прво,како второ луѓето често се селат.Ретко кој заглавува 20 години за истата компанија у истиот град да работи и да живее.Како за пример да го земам шефот,плата од 15.000 франкови остави и отиде да работи за 9.000 у Цирих на иста позиција.Отидов де се видиме на пијачка и кога го прашав зашто отиде да работи за помала плата,само ми одговори кајне штрес.Немал таму стресови човекот и тоа му било приоритет.А мислам и да му беше се идеално,пак ке си заминеше,луѓето тука не сакаат да заглавуваат у едно те исто место.Ако купиш куќа или стан те врзува да останеш,да не праиме муабет каков благодет е да изгори сијалица дома и да му се јавиш на газдата дека треба да се замени,а не да реновирам купатило како у Македонија и пола живот да си скратам со мајстори.1600 франкови си плаќам и утре ако ми прдне на к.р може да најдам друга работа и да се преселам у друг град или да вратам у Македонија ако ми скурчи
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.511
Проблемот со такви луѓе ко тебе е што не прифаќаат туѓо мислење, а јас да речеме го прифаќам мислењето на Лестер и му верувам дека му е подобро таму кај што е. Ама не сме сите исти по калап напраени и не почнуваме сите од иста точка. Пошто постојат и вакви луѓе ко овој дечково од линкот, а слична е приказната на еден мој другар во Кали дур не си ја сретна девојката. Инаку во Калифорнија ијам 4 - 5 другари/пријатели од средно, што живеат моментално таму.

Може да се отвори и друга тема за ова, или да се дискутира во оваа, за да не одиме оф-топик во темата за становите.

Затоа е важно да се размисли однапред каде се оди и да се има некаков план. Имам пишано и во минатото: дури и леб да немам да јадам, не би се преселил во држава каде не го знам јазикот, а уште помалку во земја каде што не ми одговараат временските услови (овде спаѓаат Скандинавија, северните делови на источна Европа, најголемиот дел од Канада, Велика Британија и Ирска). Истото се случуваше и кога се запишувавме на факултет. Имав неколкумина од генерацијата што се „истрчаа“ во Словенија, лесен бил јазикот, ќе го научеле (ахам, така се учи јазик на академско ниво ;)). Дел од нив завршија 2-3 години подоцна од предвиденото, а други се вратија по првата година.

Во овие земји има луѓе од секаде, па локалците се со доза на претпазливост затоа што меѓу мигрантите имаш и луѓе кои не сакаш да ги сретнеш на улица, а не пак да им дадеш шанса да ти се приближат приватно. Затоа е битно да се научи јазикот на што е можно повисоко ниво, ја турка првата културолошка бариера и покажувате дека сте сериозни при интеграција во тоа општество.

Ако го знае јазикот тој дечкото што пишувал на Редит, сигурно ќе стигне до подобро платена работа и ќе може да си приушти стан во близина на работата или во поголемите центри, така ќе си скрати и на пат. А ако заработува, но ги стега парите, демек да заштеди и не му се троши за подобра кирија, тогаш сам си е виновен. Не можеш да се пикнеш во некое место на крајот од светот (оти била евтина киријата) и да очекуваш добар социјален живот. Во западните земји луѓето често се преселуваат, па здружувањето со комшиите е многу слабо изразено (особено ако има и висок криминал...). Малку е сулудо да очекуваш да најдеш друштво таму. Исто и дружење сред недела, зависи кои му се очекувањата, станува збор за големи земји и скоро секаде си излезен 10 часови од дома, па ретки се луѓе кои ќе ти дојдат на фешти во текот на неделата, што по возраста мислам дека очекувањата му се дискотека сред недела.

Ако не го знаеш јазикот, ти треба барем англиски и да бараш други мигранти (многу луѓе сметаат дека е под нивното достоинство да се дружат со други мигранти, па затоа на крајот излегуваат како овој од Редит). Не може да чекаш некој да те извади од дома. Постојат групи на социјалните мрежи за странци, постојат балкански групи – нека напише еден пост и ќе најде некој за на пиво, ќе се сретнеш со повеќемина и ќе ги филтрираш до тие што ти одговараат. Арно ама, треба да напише и да потроши малку време и пари.

На крајот на денот, типчето има 26 години. Ако на таа возраст не можеш да најдеш луѓе со кои можеш да се дружиш, тогаш проблемот е во тебе, не во околината. Ваквите би имале проблем да најдат друштво и ако сменат место на живеење во Македонија.
 
Член од
12 август 2024
Мислења
184
Поени од реакции
449
Се е индивидуално. Пријател од факс се исели чисто зашто тоа беше актуелно и демек и тој фаќа патот. Плус имаше веќе таму кај што отиде иселено од факс и најверојатно супер приказни му продавале. Супер плата тука, девојка што одеа мн време(и се оженети сега). Ептен позитивен лик, во шума да го пуштиш со мечките ќе се здружи. Отиде за уште појака плата, стан сам седеше зашто можеше да си пружи. Братот падна депресија, кој го знае што му се случи, некој спомна и црна арапина кај што живеел правеле проблеми ама не верувам. Кога виде дека девојка му не сака да се сели си се врати. Се ожени, стан на топ локација, па реши во периферија да си седи во куќа, ремоте и плус проектичиња, дечиња и таа година веќе ја и заборавил.

Има и такви што се препородија и други што заглавија уште. Доста народ се исели само зашто мислат дека така требало па ете ги имаат 30-40 години и тапкаат во место и ми делуваат се попразни. А и доста со бугарски се иселија само да не им се глеа мизеријата тука па да дремат по пуфови и да штракат по апаратите во Германија без никаква цел и од први до први.
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
324
Поени од реакции
666

Точно, се е индивидуално, и не е секој за селидба. Ја живеев у странција, уредена земја, се преродив, за жал истече виза и цурук назад у МК. При прва могучност пак идам. Е сега, тоа што го имам забележано кај многуте (или малкуте зависи како гледаш) шо не се иселија, е дека има нешто што ги спречува, и обично не е (само) финансиски. Некој живее сам ама иде мама гаќите да му ги пере или да му прави храна, друг па живее дома и кур му е двор му е, трет ринта ама секој ден сака на клупа да маа пиво и да штанца цигари (тешко тоа негде надвор од мк), четврт ужива во хаосот на мк затоа што има вујко владика и врски сегде, а последниве се највеќе од останатите, има врски сегде, лесно влага, се е преку ред, што го нема у странство. Така да повеќето останати си уживаат во хаосот на нашето пост-транзициско уредување затоа што така им чини.
А да додадам на претходни дискусии, дека у МК има квалитетна дружба, жими таквото. Дружба има, со две раце потврдувам, ама квалитетна не. Дур бев у странство, викенди насекаде со луѓе, музеи, ескеи руми, интересни ресторани и места во градот и околина, у Мк, ајде клупа алкохол, ајде кафана алкохол, луѓето у летаргија, или оговараат или политика глабат, никаков ентузијазам за ништо ново како тема и активност, ко да им бараат пасош од маало да искочат, недај си боже од Скопје. Чест на исклучоци што имаат поквалитетна дружба. Ја таква дружба нејќам, што ако имам можност за неа секој ден? Таква дружба ќе те затупи и ќе ти ја земе енергија. Се чуствувам ко Бил Мари у филмон со мрморцеот коа се преживуваше ист ден.
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.401
Поени од реакции
16.631
Kvalitetna druzba mu bilo odenje po muzei so drustvoto. Po muzei be :facepalm:
Vidi prasaj go vizantiecot dali e sloboden, kvalitetna druzba da naprajte :D
Коа ќе замина у странција одма куРтуролошки се виздигнуаа и дискусиете им са единствено за хуманизам и ренесанса и нема музеј што не е посетен.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.869
Поени од реакции
23.265
Коа ќе замина у странција одма куРтуролошки се виздигнуаа и дискусиете им са единствено за хуманизам и ренесанса и нема музеј што не е посетен.
Muabet so go procitav sega na socijalna mreza. Prasva nekoj kade da odi vo Grcija kade nema nasi (oti znajs standard muabet, sramota, prosti vakvi takvi) i nekoj mu napisa vo Solunskata Biblioteka, tamu nema nasi da najdis :pos:
 
YuZe

Sic Semper Tyrannis
Член од
22 септември 2005
Мислења
1.870
Поени од реакции
2.094
У странство само за германски филозофи, лгбт и сустејнабилити се збори. Што побрзо да се дојде до нет зеро и да се спаси планетата.
Незнам што некој ги гледа Џерманците како народ. Дури има 3 Американски дивизии на нивна територија, не постои Џерманија. Тие ќе играат како ние свириме.
 
LustingVertigo

Snopdan Dogovich
Член од
1 декември 2017
Мислења
835
Поени од реакции
1.216
Дуплирана е вредноста на имотите не им е падната :pos:
Само што ја кренав киријата на 2та за 30% минатиот месец.
Теши се ти дека е подобро да седиш под кирија цел живот и нека ти ја зголемува некој кога ке му прдне.

Тоа што не си успеал да се снајдеш кажува све за самиот тебе. Ебем ти живот во странство ако не спечалиш нешто и живееш месец за месец како голтар.
Автоматски споено мислење:

Супер иселисе и живеј во странство. Таму е мед и млеко. А по форумџииве гледам сврзуваат крај со крај. :pos:
Бравос, успеа во животот, на кираџиите успеа да му земеш уште 150 евра месечно. Не си свесен каков деген звучиш од друга перспектива.

Не се сите родени со талент и со способност да заработат многу пари во животот, можеби и повеќето не му е толку битно да станат богати, можеби имаат повисоки и поквалитетни идеали во животот освен пари, лигушко еден.

Дека омаловажуваш други луѓе финансиски понеспособни од тебе, ти се напумпа его сега? Се чувствуваш подобро? На топиков познавам луѓе што можат да те купат тебе и се што имаат заработено твоите 100x пати, но се скромни и не се изразуваат лукаво како тебе. Стварно си огорчен премногу, лечи се. Ако немаш нешто убаво да пишеш, искрено и подобро не пишувај воопшто, задржи си ја својата негативна енергија во себе и доколку сакаш остани таков огорчен каков што си.

Успех за секого е субјективно, за некого е успех да живее на село и да си одгледува свои животни и храна, за некого е да спечали многу пари, за некого е да стане успешен уметник, за друг е да помага на други луѓе, секој си има свои цели. Се познава од далеку дека луѓе те избегнувале во животот затоа што си расипан во душата.
 
Последно уредено:

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.349
Поени од реакции
38.542
Во Македонија можда нема квалитетна дружба, во Странција нема никаква дружба.

Ако дружба за вас е да чекаш викенд и да се соберете кај некој дома на тераса да испечете пет парчиња месо на скарата, и да пиете пиво од лименки додека тресете пепелот во една, тогаш рипни на првиот баноф. И се истите муабети, кој имал втора работа, кој колку плаќал здравство, ова осигурителна компанија не ја бива, другата подобра, и се така во круг додека не се фатат за врат.

Дружба со Германци и Швајцарци? :pos: Тоа иде во првиот кафиќ, пие една пијачка, плаќа 5 евра и одма дома. Сега зимата во 5 попладне нема никој надвор. На гробишта кај нас е повесело.

Моментално сум во Мк веќе 10тина дена, се препородив на ново во смисол на социјален живот. Средени системи, пари, здравство, сето тоа во Странција е светлосни години понапред од нас, али за дружба не зборувајте, депресија тешка знае да те мавне. За девојка/дечко да имаш да не зборувам воопшто, ако мислите дека кај нас се е отидено дојдете по Европата да видите што се дешава. Содома и Гомора.
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.428
Поени од реакции
24.609

Ова е премногу индивидално, едноставно зависи каков човек си и пред се во каква средина ќе се најдеш зашто и да сме во ист град може да имаме две тотално различни искуства.Јас на пример во странција завршив средно, факултет, работев во големи фирми, сега си терам свој бизис па дружба со клиетни од време на време и повеќе флексибилност... Друштво и другари имам буквално од секаде и секој чекор во животот. Мене ми е сосема ОК, и далеку подобро него во МКД каде иако исто имам прилично големо друштво нема баш забава каква што сакам и се е сведено на седење у кафана, кафич зашто на 40+ години и нема баш некој опции.

Понеделнички обично сум презафатен со обврски така да немам некој социјален живот, покрај обврските со АУС бизнисот имам и обврски со азиските така да од некаде 10 до полнок сум зафатен али лабаво, онака уз ТВ и кајгана. Вторник обично кино/театар/музеј, дејт најт... 90% е кино ако идеме некаде, ако не тогаш ова ми е ден за низ дома да средам што имам. Ова ни е останато уште од времето како студенти, овде имаш попусти за кино во вторници, не дека ни прави разлика ама ете, ден за тоа е... Среда она да го наречам главното друштво што ми е се собираме кај еден другар во фабрика, си го имаме средено вториот спрат како наше клубче, си играме покер, си имаме билјард маса, фудбалче и олд скул флипер со 1000 игрици популарни од 90тите, 15тина години го тераме ова. 10 души македонци, се знаеме со години наназад, нема притисок битно е 5 да сме минимум за да имаме луге за партија, обично сме 6 до 8. Секоја недела се менуваме си имаме „организатор“ што преку пораки во текот на денот кординира бројка колку сме, набавува пијачки итн... Некаде кај 7.30-8 се собираме, тераме до 11-12... Пијачки, пица или неколку пати годишно ќе свртиме јагне или прасе ако имаме време од порано да се почне. Четвртоци порано ми беше ден за хеви метал/панк журки, како не толку популарна музика само тој ден може да се владеат најдобрите дискотеки во Мелбурн со тој стил на музика пошто за викенди си фураат други шеми. Е сега ова све поретко, веќе немам баш сила за тоа па обично сум дома си гледам серии и си кулирам, али ова е мој избор, имам другари на пример што сеуште си тераат секој четврток и во секое време можам да им се приклучам. Петоци, кај 12 - 12.30 се собираме во еден локален паб, ручек и пиво до кај 3. После секој по дома. Секоја втора недела Престон Македониа во Петок има домашна утакмица од 8.30 па на стадион до кај 10.30 и после во клубот на Престон (ова е нешто налик пристојна кафана) па од таму продолжуваме во кафана кафана со певаљка, нормално ако сакаш... Саботи како кога, свирка, ресторан, дискотека, стриптиз. Недела обично одмор, ако не ме мрзи идам на базен, ова не баш социјално, али ме опушта, едноставно сакам да испиливам километар два и да се опуштам во сауна. Дури и таму имам со кого да направам муабет пошто има еден куп наши што идат на истиот базен. Секоја втора недела Престон игра и во гости во некоја од населбите во Мелбурн или градче во околината така да и тоа гледам да фатам. Некогаш си организираме навивачки аутобус некогаш мини бус, обично со коли али идеме...

Додај на ова одмори, идење на лов и риболов со друштвото, идење на камп неколку пати годишно и тоа баш она Беар Грилс стил, стрикно јаде што уловиш... Концерти 20тина годишно, во петок сум на мејден, до крај на годината перал џем и колд плеј, феб следната година продиџи. Идеме и на наши кога има, овде има и доста локални добри бендови дури и такви што тераат балканска музика, на пример има одлчен плех оркестар составен од локални балкнаци што знае да направи одлична журка...

Плус не е секогаш со исти луге, на фудбал и среди сум угалвно со македонци, паб сме мешано друштво, метал и концерти углавно мешано друштво има еден македонец што некогаш доага али претежно се австралци, камп и лов исто со македонци али сосема други луге... Практично за се ти требаат прави луге да се уклопат во она што пред се ти сакаш да го правиш.

Она што е различно од мкд е што овде мора да се направи некоја шема нема баш спонтано дружење толку. Али ако имаш друштво и си направите шема и сите се приджувате горе доле ќе има дружба. Ова е може и најбитен дел од постот, значи за да имаш дружба во странција мора да се адаптираш на лајфстајлот што таму се практикува и нормално да најдеш луге што сакаат тоа што ти сакаш. Сосема нереално е некој што само слетал каде и да е да очекува дека ќе има социјален живот како каде што израснал. Јас сум 30 години овде, имам запознато купишта луге сум имал можност да селектирам да видам кој за што ми одговара, да се зближам со некој, да отерам упм многу и тоа е тоа... Се си фаќа време.
 
Последно уредено:

Ocajna

Domakjinka
Член од
29 јануари 2007
Мислења
1.773
Поени од реакции
2.914
Во Македонија можда нема квалитетна дружба, во Странција нема никаква дружба.

Ако дружба за вас е да чекаш викенд и да се соберете кај некој дома на тераса да испечете пет парчиња месо на скарата, и да пиете пиво од лименки додека тресете пепелот во една, тогаш рипни на првиот баноф. И се истите муабети, кој имал втора работа, кој колку плаќал здравство, ова осигурителна компанија не ја бива, другата подобра, и се така во круг додека не се фатат за врат.

Дружба со Германци и Швајцарци? :pos: Тоа иде во првиот кафиќ, пие една пијачка, плаќа 5 евра и одма дома. Сега зимата во 5 попладне нема никој надвор. На гробишта кај нас е повесело.

Моментално сум во Мк веќе 10тина дена, се препородив на ново во смисол на социјален живот. Средени системи, пари, здравство, сето тоа во Странција е светлосни години понапред од нас, али за дружба не зборувајте, депресија тешка знае да те мавне. За девојка/дечко да имаш да не зборувам воопшто, ако мислите дека кај нас се е отидено дојдете по Европата да видите што се дешава. Содома и Гомора.
На некој тоа му одговара, еве ние на пример си легнуваме во 8 часот навечер стануваме порано сабајле, така цел ден го имаме на располагање, денот е за шетање и уживање, а ноќта е за спиење, а тоа што во Македонија е тоа обратен редослед и спијат преку ден, се будат во 12- 14 часот на пладне, а ноќта цела пред монитор дремат или во парк се дрогираат, зошто се без делници или некој што работат од дома па можат така, инаку тие што си имаат регуларна работа мораат пак порано до кај 22:00 да легнат.
Во странство се доаѓа со фамилија така е полесно, потешко е сам кога си па не знаеш што со себе.
Утрото е најубавиот дел од денот, незаменлив, а деца тие што имаат мораат да ги носат наутро во школо така што ова што го збориш за тие што се сингл само може.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom