Во Македонија можда нема квалитетна дружба, во Странција нема никаква дружба.
Ако дружба за вас е да чекаш викенд и да се соберете кај некој дома на тераса да испечете пет парчиња месо на скарата, и да пиете пиво од лименки додека тресете пепелот во една, тогаш рипни на првиот баноф. И се истите муабети, кој имал втора работа, кој колку плаќал здравство, ова осигурителна компанија не ја бива, другата подобра, и се така во круг додека не се фатат за врат.
Дружба со Германци и Швајцарци?
Тоа иде во првиот кафиќ, пие една пијачка, плаќа 5 евра и одма дома. Сега зимата во 5 попладне нема никој надвор. На гробишта кај нас е повесело.
Моментално сум во Мк веќе 10тина дена, се препородив на ново во смисол на социјален живот. Средени системи, пари, здравство, сето тоа во Странција е светлосни години понапред од нас, али за дружба не зборувајте, депресија тешка знае да те мавне. За девојка/дечко да имаш да не зборувам воопшто, ако мислите дека кај нас се е отидено дојдете по Европата да видите што се дешава. Содома и Гомора.
Ова е премногу индивидално, едноставно зависи каков човек си и пред се во каква средина ќе се најдеш зашто и да сме во ист град може да имаме две тотално различни искуства.Јас на пример во странција завршив средно, факултет, работев во големи фирми, сега си терам свој бизис па дружба со клиетни од време на време и повеќе флексибилност... Друштво и другари имам буквално од секаде и секој чекор во животот. Мене ми е сосема ОК, и далеку подобро него во МКД каде иако исто имам прилично големо друштво нема баш забава каква што сакам и се е сведено на седење у кафана, кафич зашто на 40+ години и нема баш некој опции.
Понеделнички обично сум презафатен со обврски така да немам некој социјален живот, покрај обврските со АУС бизнисот имам и обврски со азиските така да од некаде 10 до полнок сум зафатен али лабаво, онака уз ТВ и кајгана. Вторник обично кино/театар/музеј, дејт најт... 90% е кино ако идеме некаде, ако не тогаш ова ми е ден за низ дома да средам што имам. Ова ни е останато уште од времето како студенти, овде имаш попусти за кино во вторници, не дека ни прави разлика ама ете, ден за тоа е... Среда она да го наречам главното друштво што ми е се собираме кај еден другар во фабрика, си го имаме средено вториот спрат како наше клубче, си играме покер, си имаме билјард маса, фудбалче и олд скул флипер со 1000 игрици популарни од 90тите, 15тина години го тераме ова. 10 души македонци, се знаеме со години наназад, нема притисок битно е 5 да сме минимум за да имаме луге за партија, обично сме 6 до 8. Секоја недела се менуваме си имаме „организатор“ што преку пораки во текот на денот кординира бројка колку сме, набавува пијачки итн... Некаде кај 7.30-8 се собираме, тераме до 11-12... Пијачки, пица или неколку пати годишно ќе свртиме јагне или прасе ако имаме време од порано да се почне. Четвртоци порано ми беше ден за хеви метал/панк журки, како не толку популарна музика само тој ден може да се владеат најдобрите дискотеки во Мелбурн со тој стил на музика пошто за викенди си фураат други шеми. Е сега ова све поретко, веќе немам баш сила за тоа па обично сум дома си гледам серии и си кулирам, али ова е мој избор, имам другари на пример што сеуште си тераат секој четврток и во секое време можам да им се приклучам. Петоци, кај 12 - 12.30 се собираме во еден локален паб, ручек и пиво до кај 3. После секој по дома. Секоја втора недела Престон Македониа во Петок има домашна утакмица од 8.30 па на стадион до кај 10.30 и после во клубот на Престон (ова е нешто налик пристојна кафана) па од таму продолжуваме во кафана кафана со певаљка, нормално ако сакаш... Саботи како кога, свирка, ресторан, дискотека, стриптиз. Недела обично одмор, ако не ме мрзи идам на базен, ова не баш социјално, али ме опушта, едноставно сакам да испиливам километар два и да се опуштам во сауна. Дури и таму имам со кого да направам муабет пошто има еден куп наши што идат на истиот базен. Секоја втора недела Престон игра и во гости во некоја од населбите во Мелбурн или градче во околината така да и тоа гледам да фатам. Некогаш си организираме навивачки аутобус некогаш мини бус, обично со коли али идеме...
Додај на ова одмори, идење на лов и риболов со друштвото, идење на камп неколку пати годишно и тоа баш она Беар Грилс стил, стрикно јаде што уловиш... Концерти 20тина годишно, во петок сум на мејден, до крај на годината перал џем и колд плеј, феб следната година продиџи. Идеме и на наши кога има, овде има и доста локални добри бендови дури и такви што тераат балканска музика, на пример има одлчен плех оркестар составен од локални балкнаци што знае да направи одлична журка...
Плус не е секогаш со исти луге, на фудбал и среди сум угалвно со македонци, паб сме мешано друштво, метал и концерти углавно мешано друштво има еден македонец што некогаш доага али претежно се австралци, камп и лов исто со македонци али сосема други луге... Практично за се ти требаат прави луге да се уклопат во она што пред се ти сакаш да го правиш.
Она што е различно од мкд е што овде мора да се направи некоја шема нема баш спонтано дружење толку. Али ако имаш друштво и си направите шема и сите се приджувате горе доле ќе има дружба. Ова е може и најбитен дел од постот, значи за да имаш дружба во странција мора да се адаптираш на лајфстајлот што таму се практикува и нормално да најдеш луге што сакаат тоа што ти сакаш. Сосема нереално е некој што само слетал каде и да е да очекува дека ќе има социјален живот како каде што израснал. Јас сум 30 години овде, имам запознато купишта луге сум имал можност да селектирам да видам кој за што ми одговара, да се зближам со некој, да отерам упм многу и тоа е тоа... Се си фаќа време.