Да, се согласувам, но повеќето се исклучоци што се вратиле од мерак, може да се ќор еден процент, другите пепел. По мое искуство, до сега неколку што знам што се вратиле на старина, се поради финансиски момент (иако они нема да го признаат). Нашите, ко што ги дал господ, се најпаметни, па они зашто да плаќаат придонеси, ако не мора, да богатат држава, кеш пара братче и удри бригу на весеље, и ќе дојде старина и оп, го изеде немиен.
Друг параметар е, иако се таму, не се интегрирале и не знаат да бекнат локален јазик, е тие би фатиле и штрафта и порано, ама немале избор. Таму да ти е ок и чист мерак не е, кој колку и да збори. Ќе доеш, ќе посетиш, но ќе си идеш.
Ние сме си Македонци, и по дифолт сме лавови, тигри, пуми и остали диви животни од мачешки род, ко Чарли Шин, сите сме најитри, најспособни, најпаметни, ако грешиме, и не фатат, па ние сме згрешиле најдобро е муабетот. Сакам да кажам, не им верувам, затоа што ако се сеќаваш во транзицијата, коа беше тешка безработица и безпарица, на прашањето каде на одмор, сите викаа дома, демек најдобро, кај ќе одиш сегде исто, еден не призна е зашто нема пари, увек сме биле викај ура.