Станови во Скопје, совети за купување.

Член од
17 август 2011
Мислења
10.255
Поени од реакции
18.205
Да, се согласувам, но повеќето се исклучоци што се вратиле од мерак, може да се ќор еден процент, другите пепел. По мое искуство, до сега неколку што знам што се вратиле на старина, се поради финансиски момент (иако они нема да го признаат). Нашите, ко што ги дал господ, се најпаметни, па они зашто да плаќаат придонеси, ако не мора, да богатат држава, кеш пара братче и удри бригу на весеље, и ќе дојде старина и оп, го изеде немиен.
Друг параметар е, иако се таму, не се интегрирале и не знаат да бекнат локален јазик, е тие би фатиле и штрафта и порано, ама немале избор. Таму да ти е ок и чист мерак не е, кој колку и да збори. Ќе доеш, ќе посетиш, но ќе си идеш.
Ние сме си Македонци, и по дифолт сме лавови, тигри, пуми и остали диви животни од мачешки род, ко Чарли Шин, сите сме најитри, најспособни, најпаметни, ако грешиме, и не фатат, па ние сме згрешиле најдобро е муабетот. Сакам да кажам, не им верувам, затоа што ако се сеќаваш во транзицијата, коа беше тешка безработица и безпарица, на прашањето каде на одмор, сите викаа дома, демек најдобро, кај ќе одиш сегде исто, еден не призна е зашто нема пари, увек сме биле викај ура.
Ne e tajna, povekjeto so se vratile si akzuvaat zaso. Del ne se integritale, del na stari godini im e poisplatlivo da se tuka.
 
Член од
12 август 2024
Мислења
184
Поени од реакции
449
Некој што живеел 25-30 години во Виница, се иселил и купил стан во Скопје за да не му стоат во банка парите и таму кај што е веќе е прескапо не ви оди Скопје. Ниеден не го направи тоа од тие 3-4 постари што ги знам и што се вратија. Ма да овие беа 50+ и им скурчи и си отворија некој бизнис. Куќа во Виница со двор, познат народ колку толку од тие што се живи ќе оди во Скопје во стан 5 месеци загадено и 3 месеци претопло? Тешко тоа.

Денес читам Хрватска ќе воведе плус данок, 5 до 10 евра од м2 ако не седи некој или не се издава 10 месеци. 40% од становите им биле празни. Прашање на време е кога некоја таква идеја ќе им текне на нашите.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
12.012
Поени од реакции
18.830
Можеби сегашните. Од тоа што сум разговарал со другари и роднини кои се на слична возраст или малку постари, еден нема намера да се пензионира во Скопје. Ете можеби грешам и судам по мојот круг на луѓе, но малку ми е сулудо некој да сака да се врати во Скопје. За слична сума имаат мали градчиња низ Шпанија, Италија, Франција, и сите до една имаат подобро здравство од Македонија. Ако имаат бугарски, или ако обезбедат документи за престој низ ЕУ, сите овие се 10 пати подобра опција отколку Скопје. Имаш море, добра храна, искулирано, нема гужви и стресови, имаат превоз до аеродроми со конекција до цел свет.

А и веќе се помалку ја имаш традицијата за прослави, слави и слични циркузи па да имаат со кого да купуваат таму, голем дел од народот и блиските се отсели па не дека ќе имаат појак социјален живот.
Има луѓе кои во градов и државава имале вистински пријатели и вистински живот кој таму не го пронашле. Живот кој бил повеќе од онлајн дискусии на форум и само заради тоа се имаат вратено. На форумов дефинитивно нема да ги најдеш тие луѓе.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.255
Поени од реакции
18.205
Некој што живеел 25-30 години во Виница, се иселил и купил стан во Скопје за да не му стоат во банка парите и таму кај што е веќе е прескапо не ви оди Скопје. Ниеден не го направи тоа од тие 3-4 постари што ги знам и што се вратија. Ма да овие беа 50+ и им скурчи и си отворија некој бизнис. Куќа во Виница со двор, познат народ колку толку од тие што се живи ќе оди во Скопје во стан 5 месеци загадено и 3 месеци претопло? Тешко тоа.

Денес читам Хрватска ќе воведе плус данок, 5 до 10 евра од м2 ако не седи некој или не се издава 10 месеци. 40% од становите им биле празни. Прашање на време е кога некоја таква идеја ќе им текне на нашите.
Nema da bide dovolno toa. Taa informacija se vrti i za kaj nas( so praznite stanovi), no na atraktivnite lokacii( od aerodorm do karpos) ima mnogu mal broj prazni stanovi.
Povekjeto se samo neprijaveni kiradzii ili lugje so ne smeneta adresa.

Ona sto treba e zgolemuvanje na danokot na imot, osobeno na luksuz. Momentalno opstinite se prinudeni da davaat dozvoli za da se finansiraat od komunalii. Ova nema da gi namali cenite no kje spreci neplansko gradenje. Moe mislenje ova e poverojatno da se sluci naskoro.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.511
Има луѓе кои во градов и државава имале вистински пријатели и вистински живот кој таму не го пронашле. Живот кој бил повеќе од онлајн дискусии на форум и само заради тоа се имаат вратено. На форумов дефинитивно нема да ги најдеш тие луѓе.
Тој што се одлучил да замине има оставено и фамилија, па верувај ми нема да има проблем да тагува по пријателите. Тешко е, но има работи кои се над сите врски со луѓето околу нас, а тоа е нашиот личен живот.

Лично, од 9 души кои сме биле неразделни до средно, после факултет паднавме на 5, а во моментов во мкд е останат уште еден кој се надевам ќе го убедам да дојде тука. Останатите сме на различна страна од светот, дел Европа, дел САД и јас Австралија, некои киднаа надвор за студии/магистратура/докторски, другите иселенички. Уште сме во контакт меѓусебно, со кој почесто, со друг поретко, но веќе конекцијата станува се поладна со тоа што секој си има свои проблеми (жени/деца/работа/бизниси). Колку мислиш е веројатноста да се собереме пак на едно место?

Од страна на роднини, уште бетер, братучедите кои ми се на слична возраст и сме биле колку толку блиски се или надвор, или пак исто низ разни страни од мкд. Ако сега се слушам еднаш во месец дена, или од честитање/празник до празник, дали озбилно мислиш дека дали јас, или тие, би се закренале да смениме држава за да сме заедно?

Од друга страна се ствараат пријателства во новите држави, и семејства, со кои сме во контакт постојано. Викенд не поминувам со другарот од детство, туку со пријателите тука, на роденден другарите и роднините од таму ќе ме видат и честитаат на телефон, а со овие тука ќе правам прослава. Не сум видовит што ќе се случува за 20-30-40 години од сега, но знам дека таму ќе има останато многу помалку луѓе кои ми се битни во животот, а тука тој број ќе расте, па сигурно би ми било побитно да сум тука или во овој дел од светот, отколку таму.
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
325
Поени од реакции
666
Некој што живеел 25-30 години во Виница, се иселил и купил стан во Скопје за да не му стоат во банка парите и таму кај што е веќе е прескапо не ви оди Скопје. Ниеден не го направи тоа од тие 3-4 постари што ги знам и што се вратија. Ма да овие беа 50+ и им скурчи и си отворија некој бизнис. Куќа во Виница со двор, познат народ колку толку од тие што се живи ќе оди во Скопје во стан 5 месеци загадено и 3 месеци претопло? Тешко тоа.

Денес читам Хрватска ќе воведе плус данок, 5 до 10 евра од м2 ако не седи некој или не се издава 10 месеци. 40% од становите им биле празни. Прашање на време е кога некоја таква идеја ќе им текне на нашите.
Одлична идеја но нема да се деси затоа што тие што треба да ти го гласаат тој закон држат празни станови. Едно време коа беше најголемиот бран на зимање на бугарски, некој курназ стави предлог закон да се забрани второ државјанство. Тој закон падна и после некој новинар им најде дека 60тина пратеници веќе имаа дупло државјанство. Исто ко со законот за да не се продава пиво после 8, нормално ќе го изгласаат коа пратеници држат угостителски објекти и им одговара таков закон. Кај нас законите не се за општо добро, а за лична цел на тие што ги гласаат.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
12.012
Поени од реакции
18.830
Тој што се одлучил да замине има оставено и фамилија, па верувај ми нема да има проблем да тагува по пријателите. Тешко е, но има работи кои се над сите врски со луѓето околу нас, а тоа е нашиот личен живот.

Лично, од 9 души кои сме биле неразделни до средно, после факултет паднавме на 5, а во моментов во мкд е останат уште еден кој се надевам ќе го убедам да дојде тука. Останатите сме на различна страна од светот, дел Европа, дел САД и јас Австралија, некои киднаа надвор за студии/магистратура/докторски, другите иселенички. Уште сме во контакт меѓусебно, со кој почесто, со друг поретко, но веќе конекцијата станува се поладна со тоа што секој си има свои проблеми (жени/деца/работа/бизниси). Колку мислиш е веројатноста да се собереме пак на едно место?

Од страна на роднини, уште бетер, братучедите кои ми се на слична возраст и сме биле колку толку блиски се или надвор, или пак исто низ разни страни од мкд. Ако сега се слушам еднаш во месец дена, или од честитање/празник до празник, дали озбилно мислиш дека дали јас, или тие, би се закренале да смениме држава за да сме заедно?

Од друга страна се ствараат пријателства во новите држави, и семејства, со кои сме во контакт постојано. Викенд не поминувам со другарот од детство, туку со пријателите тука, на роденден другарите и роднините од таму ќе ме видат и честитаат на телефон, а со овие тука ќе правам прослава. Не сум видовит што ќе се случува за 20-30-40 години од сега, но знам дека таму ќе има останато многу помалку луѓе кои ми се битни во животот, а тука тој број ќе расте, па сигурно би ми било побитно да сум тука или во овој дел од светот, отколку таму.
Секоја чест, ама не зборев за тебе. И јас имам пријатели по Америките, си основаа фамилии таму и све тоа и тоа со локални жени од таму, ама дека имаат социјален живот секој викенд таму, мало морген. Споредено со тоа што го имале тука и како сме се дружеле скоро секој ден во некој период од 20 тина години, па баш и не се споредува, ова е тоа што го добивам од нив ко фидбек, не мој заклучок.
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.631
Поени од реакции
34.020
ама дека имаат социјален живот секој викенд таму, мало морген. Споредено со тоа што го имале тука и како сме се дружеле скоро секој ден во некој период од 20 тина години
Споредуваш неспоредливи работи, не можеш да споредуваш цели денови џаболебање како деца и млади од пред 20 години и сега. Тие луѓе и да не се отселиле - животот, фамилијата, умор, работа, обврски ќе ги натерало да не можат да се дружат секој ден. Тоа е неминовна фаза во животот, а ти гледаш многу носталгично на работите, не дека странство е тешко за викенд социјализирање и правење нешто низ неделата. Би рекол напротив.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
12.012
Поени од реакции
18.830
Споредуваш неспоредливи работи, не можеш да споредуваш цели денови џаболебање како деца и млади од пред 20 години и сега. Тие луѓе и да не се отселиле - животот, фамилијата, умор, работа, обврски ќе ги натерало да не можат да се дружат секој ден. Тоа е неминовна фаза во животот, а ти гледаш многу носталгично на работите, не дека странство е тешко за викенд социјализирање и правење нешто низ неделата. Би рекол напротив.
Па некои напуштија и во нивни 30 ти, далеку од деца и далеку од невработени, па пак сме го праеле тоа. И да не се фаќаме за ситници, нормално е дека кога имаш фамилија, па и да немаш, не можеш да се дружиш секој ден пошто едноставно имаш премногу обврски. Разликата е што таму после 8 навечер немаш луѓе по улица освен бездомници и џанаци и голема е шансата да ти се случи нешто ако решиш да шеташ надвор. Тука у 8 -9-10 навечер искачам на шетање надвор, особено сега по жештиниве, и кога мислам на шетање не мислам да седнам у кафана, туку да седнеме на клупа и да праиме муабет и да јадеме сладолед или пиеме сок да речеме, па макар и со жена и со деца. И другаров кога последен пат дојде тука мислам солзи му потекоа кога виде како луѓето се порелаксирани, па макар и многу многу посиромашни али сепак еднакви меѓу себе.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.502
Поени од реакции
8.180
Секоја чест, ама не зборев за тебе. И јас имам пријатели по Америките, си основаа фамилии таму и све тоа и тоа со локални жени од таму, ама дека имаат социјален живот секој викенд таму, мало морген. Споредено со тоа што го имале тука и како сме се дружеле скоро секој ден во некој период од 20 тина години, па баш и не се споредува, ова е тоа што го добивам од нив ко фидбек, не мој заклучок.
оф топик е ова, ама веќе кога се почна...
Па искрено и не гледам ова до толку да е толкав проблем како што се прави дека е. Се е до балансот, сепак.
Овде пак секој викенд има некои собиранки, слави, родендени, прославувања, societal pressure за ждерење и пиење од сите страни. А не можеш да не отидеш.
Ако откажеш на некој тоа е како да си му забил нож во грб, се навредуваат луѓево, па правдај се, па вака па онака. А обврски си полн, мало дете, сакаш да одвоиш 1 саат за физичка активност, да зачистиш дома и тн и тн, или пак ако ништо друго, сакам да искулирам бе дома со филмче/книга и да се наспијам како човек.
Интроверт во мкд = чудак по автоматизам. Односно не е прашање на тоа, туку на свесност за обврски и за приоритети на другиот човек.
Во Македонија тоа е и еден од проблемите според мене, претерана екстровертност и социјализирање, ама ептен претеризам, до даска. На гости идење ко од шала, без осет за обврски/планови и тн и тн. Секој викенд нешто се слави, телефонот ѕвони нон стоп, де овде, де онде.
Особено потоплите месеци да речеме од март до ноември. Аман веќе, искрено.
Дури и до тој степен што овде многу луѓе/парови/фамилии ако не искачаат и не се дружат, мислам дека дома очи ќе си исповадат.
Преку глава ми е. Не дека ја сум до толку асоцијален, воопшто, ама секој ебан викенд и ден-два преку недела, едноставно премногу е. Особено со мало дете.
 
Член од
27 октомври 2017
Мислења
633
Поени од реакции
913
Pa I ne bi go narekol toa ekstrovertnost vo RSM. Pojke tribalisticki, balkanski tradicii. Vistinska ekstrovertnost podrazbira druzba I otvorenost so novi lugje nadvor od postoeckiot krug na rodnini I prijateli, a vo RSM bas naprotiv, site se zatvoreni vo sopstveni plemensko, rodbinski prijatelski zaednici
 
Аман бе, освен низ големите градови низ САД, и тоа низ центарот, и таму ќе си ок во населбите (suburbs).

Овде, зависи каде се движиш, во 99% од населбите ќе бидеш ок од поглед на безбедноста, еве во теретана (работи 24 часа) одам во периодот од 10-1 навечер, а некогаш во 4 наутро, никој ниту ме чепнал, ниту ме погледнал попреку.

За на пијачка, и тука ако ти се оди после 5 не е проблем, и со колеги и со пријатели, е сега ако ова го замислуваш со правење летва и одење дома сабајлето, не сме 20, секоја чест ако можеш да функционираш на овој начин.

Тие дружбите што ги замислуваш се за слободни луѓе, ако лупам 10-12 часови, најмалку што сакам е да ме гњави некој со гости, и ова беше и во Македонија, не само тука. И таму најчесто дружбите ги правевме во викенд, кога сме слободни, преку недела кафе/пијачка или на телефон.
 
Член од
21 мај 2021
Мислења
787
Поени од реакции
1.650
Pa I ne bi go narekol toa ekstrovertnost vo RSM. Pojke tribalisticki, balkanski tradicii. Vistinska ekstrovertnost podrazbira druzba I otvorenost so novi lugje nadvor od postoeckiot krug na rodnini I prijateli, a vo RSM bas naprotiv, site se zatvoreni vo sopstveni plemensko, rodbinski prijatelski zaednici
Овоа е точно.Луѓето овде кога се надвор од сопствената заедница автоматски ја губат самодовербата пред туѓинци и не можеш да ги препознаеш.Сосема различни ликови стануваат од оноа што си ги знаел претходно.

оф топик е ова, ама веќе кога се почна...
Па искрено и не гледам ова до толку да е толкав проблем како што се прави дека е. Се е до балансот, сепак.
Овде пак секој викенд има некои собиранки, слави, родендени, прославувања, societal pressure за ждерење и пиење од сите страни. А не можеш да не отидеш.
Ако откажеш на некој тоа е како да си му забил нож во грб, се навредуваат луѓево, па правдај се, па вака па онака. А обврски си полн, мало дете, сакаш да одвоиш 1 саат за физичка активност, да зачистиш дома и тн и тн, или пак ако ништо друго, сакам да искулирам бе дома со филмче/книга и да се наспијам како човек.
Интроверт во мкд = чудак по автоматизам. Односно не е прашање на тоа, туку на свесност за обврски и за приоритети на другиот човек.
Во Македонија тоа е и еден од проблемите според мене, претерана екстровертност и социјализирање, ама ептен претеризам, до даска. На гости идење ко од шала, без осет за обврски/планови и тн и тн. Секој викенд нешто се слави, телефонот ѕвони нон стоп, де овде, де онде.
Особено потоплите месеци да речеме од март до ноември. Аман веќе, искрено.
Дури и до тој степен што овде многу луѓе/парови/фамилии ако не искачаат и не се дружат, мислам дека дома очи ќе си исповадат.
Преку глава ми е. Не дека ја сум до толку асоцијален, воопшто, ама секој ебан викенд и ден-два преку недела, едноставно премногу е. Особено со мало дете.
Ваквата екстровертност и неодговорност кај луѓево сериозно почна да ми пречи последниве години.
Разбирам да сме 18-20 години па да се дружиме со денови, ама на 35-40 години не знам од каде им доаѓа таа енергија да се дружат и денгубат по цели денови.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom