Краците се станати изгор, цело време слушам другари како се жалат. Цени плафон, а услуга или понуда мизерна. И не ги оправдувам, ама не им ни одам таму. Ама факт е, дека нудат повеќе од Охрид. Споредено со нивниот стандард, трошоци за набавка, плати, кирии и слично, цените им се такви какви што им се. Ама видоа дека на краците има наплив на Македонци и Срби кои сакаат да живеат како богови 5 дена, а после да се стискаат другите 360 дена, ќе им наплаќаат по 50 евра за лежалки, што е вон здрав разум.
Шпанија и со понуда, и со побарувачка го шие Охрид, па цените не се превисоки. И пак ќе речам, странците ги даваат тие пари, пошо на нив им се гледа евтино. Да знаат колку вреди истото нешто на некое друго место во МК, ќе си рече дека овие од Охрид се улави.
На Енглез да му речеш такси 15 евра за 3 километра, ќе ти рече океј, пошо е глуп, и мисли дека таксито е поевтино од Британија, а уствари треба да плати 5 евра да речеме.Ние како туристи сме многу свесни за цените, па затоа нас тешко може некој да не прелаже.
Во Камбоџа да отидеш на одмор, и ако пиво е 1 долар, а ти платиш 3, нема да се буниш, ќе си речеш големо такво. Ама вистината е дека те одрале за 200% повеќе од реалната цена. Нешто што го прават во Охрид, но со можеби 50-70% од реалната цена.
Сега некој ќе рече, реална цена не постои, секој плаќа колку мисли дека вреди нештото. Ама тогаш објаснете ми зошто во италија е 1.20 е еспресо речиси секаде освен на оние tourist traps околу дуомо, колосеум и слични, а кај нас е 90-100 денари? Демек италијаните немаат 1.60 евра да платат? Или пак туристите што доаѓаат од цел свет?