Напредната возраст и кај двата пола го зголемува ризикот од одредени медицински состојби кај зачнатото дете. Значи, студиите покажуваат дека возраста е важна и за мажите и за жените. Исто така, и во секоја бременост постои одреден ризик од раѓање на дете со наследни или ненаследни болести, повреди и слично, и тоа секогаш мора да се земе предвид. И on the other hand, има и жени со инвалидитет и хронични болести кои раѓаат здрави и нормални деца.
Мене од сегашна перспектива и од тоа што го гледам секојдневно, највеќе ме загрижува психолошката и секоја друга стабилност пред се на мајката, а потоа и на таткото во одгледувањето на нивното дете. И тоа мислам дека треба да биде еден од клучните критериуми за да парот одлучи да има дете.
И некое наравоучение: никогаш не е доцна да се оствариш како родител (нормално додека природата го дозволува тоа), но не доцни ако барем знаеш дека покрај тебе имаш добар партнер.