Зошто девојките не ги сакат добрите момчиња?

Член од
28 август 2013
Мислења
4.269
Поени од реакции
12.961
Не знам зашто темава почна да се претвора во "дрва и камења" фрлање на жените кои не родиле, мислам реално не се криви жените, крива е државата, ако нема стимулација на наталитет, пензии и бодирање џабе е се, не ти раѓа никој, затоа што најлесно е да го родиш, после е "орото" има милиони трошоци и нервози и тоа е фул тајм работа мајчинството и најнезахвална работа. Кога некој ќе рече ех ти не работиш, чуваш деца, како да е тоа лесно нешто, појма немаат тие што не чувале деца.
Имаше стимулции за трето дете, друга за дом - купи куќа купи стан како ли и да беше, па се дупнаа од раѓање.
 
Ocajna

Domakjinka
Член од
29 јануари 2007
Мислења
1.585
Поени од реакции
2.588

Мислиш на оние 8000 денарчиња за трето дете не знам колку години се примаа, мој колега земаше за жената. Па тоа ли е стимулација, абе Србија фул пензија дава за 3 дете, и тоа средна пензија не најниска. Реално Македонија не превзема ништо по прашањето наталитет.
 
Едино решение им е да донесат од Пустец, ама пак нема да биде доволно.
 
Член од
3 јуни 2022
Мислења
1.303
Поени од реакции
3.237

Унгарија мислам околу 30.000 евра дава на брачни парови што ќе имаат 3+ деца, а имаат и субвенционирани кредити за купување на куќа/стан за домување и автомобил, ако жената пак има 4+ деца доживотно е ослободена од плаќање на данок.
 
YuZe

Sic Semper Tyrannis
Член од
22 септември 2005
Мислења
1.423
Поени од реакции
1.324
Нема од каде пензионерите да земаат пензија кога нема доволно деца да придонесуваат во фондот. Математиката не е хороскоп, а парите не се магија па ајде ќе испечатиме уште некоја иљадарка. Ако е правично само тие што имаат деца и тоа 2+ би требало да добијат пензија, али како што работи оваа "демократија" во следните 10-20 години, пензиските години ќе бидат покачени на 68, па 72 па 76 дури луѓето се живи ќе работат.

Јас уште од сега знам дека нема пензија да добијам, си ја направив математиката и се припремам сам да си го платам "пензионерскиот" живот.
 
Ocajna

Domakjinka
Член од
29 јануари 2007
Мислења
1.585
Поени од реакции
2.588
Едино решение им е да донесат од Пустец, ама пак нема да биде доволно.
Се потрошија и таму, нема жени за извоз веќе.
Автоматски споено мислење:

Нема од каде пензионерите да земаат пензија кога нема доволно деца да придонесуваат во фондот. Математиката не е хороскоп, а парите не се магија па ајде ќе испечатиме уште некоја иљадарка. Ако е правично само тие што имаат деца и тоа 2+ би требало да добијат пензија, али како што работи оваа "демократија" во следните 10-20 години, пензиските години ќе бидат покачени на 68, па 72 па 76 дури луѓето се живи ќе работат.

Јас уште од сега знам дека нема пензија да добијам, си ја направив математиката и се припремам сам да си го платам "пензионерскиот" живот.
Поентата ми беше, нема и јаре и паре. Детето е трошок и тоа голем.
 
YuZe

Sic Semper Tyrannis
Член од
22 септември 2005
Мислења
1.423
Поени од реакции
1.324
Поентата ми беше, нема и јаре и паре. Детето е трошок и тоа голем.
Децата се 18 годишна инвестиција што испаќа дивиденда за цело опшество. За жал не многу гледаат вака за децата, али кога ќе колабира пензискиот фонд, белки ќе им текне.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.293
Поени од реакции
8.408
Нема од каде пензионерите да земаат пензија кога нема доволно деца да придонесуваат во фондот. Математиката не е хороскоп, а парите не се магија па ајде ќе испечатиме уште некоја иљадарка. Ако е правично само тие што имаат деца и тоа 2+ би требало да добијат пензија, али како што работи оваа "демократија" во следните 10-20 години, пензиските години ќе бидат покачени на 68, па 72 па 76 дури луѓето се живи ќе работат.

Јас уште од сега знам дека нема пензија да добијам, си ја направив математиката и се припремам сам да си го платам "пензионерскиот" живот.
А јас мислев пензијата има врска со работен стаж.

Јас би вака: на секоја што ќе роди 3+ деца, да и' се дава просечна плата до пензија и да и' се рачуна работен стаж. Оти со 3+ деца, еве не знам што кариера, или не мора кариера, каква работа реално може да одржи и задржи и напредува.

Инаку, жално е да гледам на децата како идна работна снага - иако се тоа, секако - првенствено се човечки суштества на кои влијаат сите наши одлуки. И не е до 18, до 26 е инвестицијата, ако е редовен студент тоа.
 
Ocajna

Domakjinka
Член од
29 јануари 2007
Мислења
1.585
Поени од реакции
2.588
Децата се 18 годишна инвестиција што испаќа дивиденда за цело опшество. За жал не многу гледаат вака за децата, али кога ќе колабира пензискиот фонд, белки ќе им текне.
Државата треба да има совесни политичари кои ќе гледаат во иднината, а вака со себичност од денес за утре ништо.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.286
Поени од реакции
10.989
Напредната возраст и кај двата пола го зголемува ризикот од одредени медицински состојби кај зачнатото дете. Значи, студиите покажуваат дека возраста е важна и за мажите и за жените. Исто така, и во секоја бременост постои одреден ризик од раѓање на дете со наследни или ненаследни болести, повреди и слично, и тоа секогаш мора да се земе предвид. И on the other hand, има и жени со инвалидитет и хронични болести кои раѓаат здрави и нормални деца.

Мене од сегашна перспектива и од тоа што го гледам секојдневно, највеќе ме загрижува психолошката и секоја друга стабилност пред се на мајката, а потоа и на таткото во одгледувањето на нивното дете. И тоа мислам дека треба да биде еден од клучните критериуми за да парот одлучи да има дете.

И некое наравоучение: никогаш не е доцна да се оствариш како родител (нормално додека природата го дозволува тоа), но не доцни ако барем знаеш дека покрај тебе имаш добар партнер.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom