Ocajna
Domakjinka
- Член од
- 29 јануари 2007
- Мислења
- 1.794
- Поени од реакции
- 2.983
Добро разбирам јас дека најдобро намерен совет ми даде, но немам некоја голема желба ниту јас, тоа ми беше зборот, затоа сме горе доле ускладени по тоа прашање, а инаку јас не би му побарала, затоа што, мислам т.е не мислам, туку знам дека на тој начин ќе му го направам "ќефот", зашто знам дека ќе ме одбие ако "сакам", тој така на тој начин " ме казнува", едноставно човекот сака да ми пркоси, и да игра некоја "power game"и он сам себеси се смета за "награда", имам работа со "нарцис", а и мрзлив е, дома кога е сака да одмара да лежи, не е дебел, ама пополн е и башка пуши, 45 години има, можеби и тоа игра улога, зашто нема толку јако либидо.Ама не е проблемот тоа што он мастурбира, туку тоа што му е полесно да мастурбира отколку да се замара за тебе. Сфаќаш? Замисли да му беше полесно да се замара за тебе, не би се замарала сега ти со тоа дали ќе делуваш очајна за секс ако си побараш малку повеќе од тоа што веќе го имаш, и не би се замарала за тоа дали ќе му бидеш непривлечна ако случајно се спротиставиш на неговото мислење.
Јас сакав само да ти доловам што не е во ред со твоето размислување, а ти ако си зрела особа веројатно ќе го исфилрираш убаво тоа што ти го пишав и ќе сфатиш што сакав да кажам.
Се извинувам ако премногу навлегов во твојата интима, не ми беше тоа намерата. На крајот на краиштата секој си знае најдобро за себе. Поздрав и убав ден драга госпоѓо.
Автоматски споено мислење:
Е сега ми го зема зборот од уста, токму така, и јас акцент ставам на квалитетот повеќе од квантитетот, мада да имавме малку повеќе секс ќе бев позадоволна, ама сега што е тоа е, идеално нема.Се намалува либидо со тек на време, особено кај мажи откако стануваат татковци, тестостеронот значително опаѓа и за тоа постојат еволутивни причини. Не може некој да има исто либидо како на 17, невозможно е, тоа е природата, освен ако не се работи за некои психофизички нарушувања како Сатиријаза. На моја возраст сосема е доволно еднаш неделно, квалитет вс. квантитет. Поважни ни се некои други ситуации во меѓусебниот однос.