Темата е во принцип да си ги кажиме маките од „лошите газди“ т.е. од луѓето кои ни наштетиле. Така да,
@KaWa ја постави дилемата и ја кажа само едната страна од паричката, додека Лестер, Кано, СМихајло и Интериста ја прикажаа другата страна од паричката - и двете не се лесни и убави, значајно е да се знае како му е на другиот.
Така да, го повикувам Кава да го каже своето лошо искуство за да му олесни хахаха и потоа да има повеќе разбирање за луѓето од другата страна, а тие пак исто да имаат разбирање дека
не секој може да собери храброст и да се бори со ветерници - т.е. да води бизнис (макар и неуспешен).
Проблемот е стравот од неуспех, од психолошка гледна точка, а од практична стравот од нефункционална држава.
Лестер ви збора за првата страна, блокадата која ја имаме ради неуспех ама ако поедноставиме и гледаме на тоа како дете кое се учи да вози точак, ако цел живот го вози со помошни тоа никогаш нема да се осамостои - кога ќе се осамостои и вози без помошни едноставно тогаш чувствува слобода т.е. да карикираме, работи нешто што го сака, нешто за себе.
И нема правила колку пати треба да не успееш во една работа за да почне и „да ти тргне“, треба само да си упорен и по малку луд (секако и да имаш доволно предзнање пошто ако учиш „во од“ - одзема повеќе време).
Има дури и луѓе кои имаат неколку мали места за приходи кои на крај на месец им овозможуваат да се осеќаат лагодно - прашање е тоа како ќе го автомизираш и потоа хендлаш за да имаш повеќе слободно време.
За истото повеќе ќе се мачиш во вукојебина ко нашата, а помалку на страна каде имаш владеење на правото и горе долу регулирани професии (па ако си сериозен играч нема експериментирање со времето, парите и услугата на/кон другите пошто ќе го јадиш немиен) - па тука доаѓаме до поентата на СМихајло дека во МКД повеќе ти се исплати или да работиш на црно или пак имајќи фирма да го „искривуваш“ законот/правото т.е. да ги користиш првните и останати дупки за да останиш со главата над вода - не збораме да си криминалец, туку снаодлив.
И двете страни всушност се „ебаната страна“.
Како некој што бил на двете страни по сопствен избор - во МКД 20 години работев паралелно 2 работи (првата за плата и буџетарска, втората приватно и на црно - низ годините во 2 различни правци на црно, еднаш првенствено сам додека да создадам тим кој беше мал ама доволно добар да функционира така како што имам потреба - што ми даде финансиска и временска слобода, вториот правец повторно сам бидејќи немаше услови да создадам тим - несериозни потенцијални „колеги“), а во странство 3 години од позиција 0 на разни безвезни работни позиции до моментот кога останува да решам едно клучно прашање па на пат да отворам фирма.
Всушност, цело време, само едно како константа - постојаната потреба да се размислува во повеќе правци и делува барем во 2-3 паралелно бидејќи ваљда така ми било чкртнато на трите вечери.
Сите сме различни, некој од нас е лагоден во 4 ѕида, друг да комуницира со 40 лица истовремено, трет учи на свој грб и на свои грешки па превзема чекори за подобро утре, четврт отсекогаш чачкал самостајно и не размислувал „што ако не успеам“ и во принцип сите се во право,
но многу битно е што никој го нема правото да се жали.
Доколку шефот не е во ред - пријави или пожали се кај директорот.
Доколку фирмата и директорот не е во ред - разговарај или пријави до инспекции.
Ако не одговара едно место на работа - смени го.
Ако не одговара едно место на живеење - не си дрво, пресели се.
Глупав е изговорот ама не ми дадоа, не пријателе не си зел - дадено ти било само или не си препознал и си пропуштил момент или не си можел.
Секако, има и такви кои се сосема свесни која е цената на „успехот“ и свесно не сакаат да го платат цехот (а можат, само лагодноста им е пријател).
Така да, не би брзал да ги обвинувам „газдите“ пошто истите тие газди се можеби такви затоа што околностите ги тераат да се така поставени нештата. Имено, сметам дека во МКД многу повеќе вредеа парите кои се земаа пред вештачки да се пумпа „минималецот“ и имаше подобар распон на платени работници во рамките на една професија (поширок дијапазон на плати), додека пак со зголемувањето на минималната плата едноставно се отвори простор за изедначување на голем дел со тој минималец и не замарање за понатамошно развивање и растење на вработениот и на неговата плата.
Наместо државата да створи услови за бизнис и механизми на контрола и корекција таа створи хаос во кој не успеа да ја заузда инфлацијата и вештачки го пумпаше минималецот за да тој на крај резултира со една права линија.
Ова е тргнувајќи од најдолните слоеви на едно општество пошто фирмата/синџирот ти е силен колку што е силната најслабата алка (тој со основно на лента шо ти виси 8 саати) - тука сте во право, ниту државата ниту дел од работодавците оваа лекција не ја научија.
Toa, плус вештачки формираните кризи од Курона бизнисот и потоа од војната во Украина доведоа до ова што го гледаме денес ширум светот - бувкално замирање на средната класа. Доколку не сте приметиле, ја нема веќе, не постои скоро.
Останува или да работиме за плата и да „уживаме“ во лагодноста или да креираме плата и други да работата за нас (со што би живееле поквалитетно). Прашањето е која жртва сме спремни да ја платиме.
Во однос на газдите, секогаш трудете се да дадете топ производ или топ услуга по повисоки цени за да имате поголем профит со помала работа или барем ист профит но со намален обем на работа во однос на тоа колку би работеле кога би нуделе цена за услуга или производ која е иста како пазарната или недај Боже пониска.
Во секој случај, ни на едните ни на другите не им е лесно.
Секоја планина со својата тежина.
И шо има лошо во то?
Кое арно го гледаш од рандом шиптарана или некој од Непал дојден шо се котат ко зајци, кое арно го гледаш од разни Сиријци, Авганситанци, крај краева и на Балканот од разни муџи шо прат по 5 деца и Ромите со по 20?
Говор на омраза, нели?
Не, само прашање.
Ако целта е да се котиме ко глувци, ваљда глувци ќе сме биле. Сеа можда начинот и мерките нема да се добро одбрани па покрај сувото ќе гори и суровото ама и вака нема крај на тоа кој се може да се размножува.
Да не редам примери од форумот пошто одма ќе се најдат изненаѓени и увреѓени, а самите претходно пишале дека НЕ си ги сакаат своите сопствени деца или НЕ можат да ги трпат.
Така да, yeah.