...постои закон за Донација и спонзорирање, не може било кој како ќе му текне да донира за јавни институции, ако не се образложи целта на донацијата и некои други податоци, а со тоа да се добие дозвола од Министерство за правда за оправданоста на донацијата, па барањето да биде одобрено, па после може да се донира.
...никој не донира за лепе очи затоа и јавно се истакнува што донирал, затоа што сите донатори ГО ПОВЛЕКУВААТ ИЗНОСОТ НА ДДВ ОД ДРЖАВАТА од вкупниот износ на донираното, а државата автоматски според дадениот износ на ДДВ на донираното би требала да го скрати буџетот на дотичниот примач на донација т.е. јавната институцијата.
...на пример, за реновирање на училиште како јавна институција со отварање на тендер да би повлекло пари од вкупниот нивни буџет добиен од државата на пример за целиот проект 55 000Е,
....но 55 илјади евра, од кои 22 илјади донација и 33 илјади самите селани испаѓа дека училиштето заштедува од својот буџет да плати 55 000 Е, но донаторот со Договор за донација потоа си го бара ддв во паричен износ од државата, би дошло 18% околу 8500 E, со што државата ќе му ги исплати на донаторот, а од вкупниот буџет на училиштето наместо со тендер да се потрошат 55000Е ќе се потроши само тие дадени за ддв 8500Е кои ќе им се одбие на училиштето.
...така се донира, без никаква злоупотреба или личен интерес на примачот или давателот на донацијата, си има закон, не кој сака и како сака, а тоа никој не го кажува, злоупотреба на донација од двете страни и на донаторот и на примачот на донацијата кривично се одговара, а најчесто таква злоупотреба на донација има низ болниците со што се офајдуваат двата потписувачи на донацијата (давател и примач), а пред народ воодушевување за сторено ,,добро дело,, а тие бизнис тераат!