E
enzo8
Гостин
Не ми е битно дали е католик или православна, само христијанка да е. И атеист да е, не ми смета. Само муслиманка да не е.Важи ако е католик жената?
Јас па преферирам балканци, ама не преферирам верници. Било кои.
Јужно американки се доста слични на балкански жени ама не е тоа тоа ама сепак боље неголи американка што ќе се радува на црнечки колбас. Еве јас пример моментално се мотам со една италијанка ама не е тоа тоа, слични се доста на балканки ама превише се приврзани со фамилија, браќа, сестри и глупости и тоа ми иде на живци пошто треба да се има граница. Можда е и тоа така пошто сум ја осамостален одамна па ме нервира тоа 24/7 слушање, комуникација со нојни идење по гости и глупости. Ќе се селам пак секако не ми е ни битно, ќе иде у фолдер „још једна у низу“ свакакоВо слична ситуација, само што немав среќа со Балкан, мојата испадна Јужно Американка А за Христијанка, тоа ми беше едно од најбитните работи.
Сакам да ти кажам дека те читам убаво и од претходно и се сеќавам што имаш пишувано и знам кои постови ти беа искрени и од душа а кои постови ти се со блага девијација од вистината и повеќе субјеткивни заради две причини, прво сама со себе немаш решено некои работи, второ се тешиш со некои свои одлуки. Мене ми е тоа што во неколку теми вртиш на карта како ние македонците не сме ги ценеле нашите жени, што воопшто не е вистина ама затоа од другите краишта ве ценеле и тоа ме нервира зошто можам да ти набројувам до утре случаи и дешавки кај што твојата теза нема врска со националност. Баш напротив сметам дека традиционално, во врски со двајца возразни и нормални, оформени карактери, македонското семејството е богатство. Мене ме тоа нервира што не напаѓаш вез врска, фаќаш за примери овде од форум ликови што некои намерно ве провоцираат и скокате, друго што сите сме анонимни и без срам и перде си трескаме работи во лице и сега некогаш е проблем тоа да се прифати, ја све разбирам ама дека генерално гледано, ние не сме си ги сакале жените и не сме си ги ценеле, немој молим те.Искрено не го бирав по националност. Е, вера, тоа е други падеж за мене. А и нема благе везе со стереотипите за неговиот народ. На Балканец личи повеќе. Откако сме заедно па бетер.
И ти мене ме сфати погрешно. Баш напротив, највеќе би сакала да си се држиме и многу да не се мешаме ако морам да бидам искрена. Да не беше така уствари немаше да ми паѓаат тешко одредени коментари. Зошто толку ми е гајле, не знам ама ете. Тоа сум јас. Бидете добри сите. Разбирајте се едни со други, отворени бидете со наши или странци, небитно. Нашава ера сериозно губи осет за тоа што е сакање и разбирачка. Овие да ги вратиме, па дали сме Македонци или Марсовци мање више.
А на бившиот се вратив оти сфативме дека не врската, ами раскинувањето ни беше грешка.
Баш многу сакав да си имам убаво македонско семејство. Чувство на припадност е многу битно за мене како поблаго традиционална жена. Ама ете, плановите јас не ги кројам.