Björn
Does Your Mother Know?
- Член од
- 14 август 2006
- Мислења
- 44.989
- Поени од реакции
- 83.356
Јас воглавно, кога станува збор за Балкан, не правам разлика помеѓу политиката на САД и Западна Европа, или Израел, или штотијазнам Австралија. Сите тие у иста фрула дуваат, кога станува збор за Македонија. Сите тие при сите најбизарни барања на Албанците, Бугарите, Грците... на нивна страна се. Им ги оправдуваат барањата и нас не пристискаат да ги исполнуваме. Колку и да се бизарни и преседански. Дали да смениме име, дали да имаме уникатни пописни методи, поволни за Албанците да пишат што сакаат (кој никој у свет ги нема), дали да смениме историја, знаме....Не спорам дека биле неправедни и кон нас, и те како биле. Околу 2001ва, САД немаше да ги извлекува терористите (патем кој самата САД прво така ги нарече, преку ген секот на НАТО), доколку ние имавме по асални политичари, а не предавниците ЉуБчо, Бранко и Борис Трајковски (Бог да го прости). Зошто никогаш не зборите какви лицемери се другите западни држави? Секогаш ли САД се криви? Германија, Португалија, Шпанија, Франција никој од нив не не призна како Република Македонија. Кој не призна? Нормално САД. За договорите кој што се антимакедонски сме делумно сами криви. Сите сме поголеми Срби од Србите, поголеми Бугари од Бугарите, а никако да сме просто и едноставно само Македонци. И да не сме Илирида, заради таа ,,когнитивна дисонанца" кој што ја збориш, туку заради тоа пустото Македонче да биде потчинето и да биде некое југоносталчираче, просрбче или пробугарче сеедно. Битно Путин да е жив и здрав. Само западот е иднината сакале или не. Но, да не виткаме кичма, да се бориме сами и да си го чуваме достоинството, а не да се палиме на сосема трети и работи и да дозволуваме Албанците да си го застапат својот интерес пред нас во соработка со САД, за жал не претркаа ...
САД е секако главен, ама и претставниците на ЕУ и Британија исто така имаат збор кога треба да се одлучува за Македонија. 30-тина години тоа се оние кои ја водат земјава. Ниту една единствена работа поврзана со надворешна политика на Македонија, не доаѓа од земјава. За жал, дури и за внатрешна политика е така. Сите поважни закони, назначување на министри, територијална поделба... се тоа мора прво да се аминува од Западот, па после да оди во собрание.
И еве кај сме после 30 години слепо слушање западни совети. Во Илирида, во која немаме знаме, име, историја и сме албански слуги во овој апартхејд. Ние им плаќаме струја, даноци, за нас само важат закони, правила, мерки... за нив ништо.
Така да, да тврдиш дека Западот не е крив, или мора да не си прател тука ништо овие 2-30 години, или имаш личен ќар да ги тврдиш тие бесмилици.