Не мора ако си проамерички настроен, да си антимакедонски настроен. Човекот си е прорепубликански настроен и на вистинската страна против Демократите и сите неолиберални сили кои што го уништуваат светот. САД во минатото па и сега се докажала дека е пријател на Македонија. Од промовирање на Илинденското востание во минатото (им се допаѓала републиканската идеја) па се до признавањето на уставното име Република Македонија. Не ги правам светци, си имаат и тие и те како огромни грешки, ама сепак не е се толку црно.
САД сега докажала дека е пријател на Македонија?
Порано не ме занима.
Сега е прашањето.
Пријател е на Израел кого го помага во неговата борба. Пријател е на Албанците на кои им направи три и пол држави на Балканот.
Нас ни рече - Ако не ги тепате Албанците со истото оружје со кое они ве тепаат вас - ене го кај е Авиано. Преку ОБСЕ и УСАИД ги помагаше УЧК. Ги извлекуваше од Арачиново, а по војната не притискаше единствени во свет да помилуваме воени злосторства за кои се водел случај во Хаг.
Америка од тогаш, па до денес, ја води државава во која ние сме втора класа граѓани. За нас важат закони, давачи, даноци, ковид-мерки... за Албанците ништо од тоа.
Америка ко луда притискаше за новата фалично направена локална прераспределба на границите, според тертип кој денес го гледаш на избори. По кој, на пример, пратеник на ДУИ се станува со 5-6 илјади гласа, а на Левица со 11-12 илјади. Е, за тоа е крива територијалната поделба за која Америка притискаше 2008-ма или 2004-та беше чинам.
И да не набројувам, а можам до задутре да ти кажувам примери за тоа како Америка и Западот во Македонија се дволични гомна, со еден аршин за Македнците, а друг за Албанците, со еден за Грците друг за Македонците, со еден за Бугарите, а друг за Македонците.
Тоа важи за американските и европските претставници, кои и ја водат државава всушност. Кои му се јавуваат на нашиот министер по телефон да им купи цигари и сл.
Токму за таа когнитивна дисонаца ти зборам. И ти ја имаш очигледно како и овој. Затоа сме Илирида денес.