Абе прво коло е аман, нема простор за паника, ама ме нервираат детските болести на тимот и пред се на Инзаги што упорно и упорно се повторуваат.
1. Два аматерски голови што ги примаме, првиот ноу комент, Зомер како првоодделенец ебате, не знам како може да си дозволи таква грешка. Вториот после бизарен и аматерски пенал од Бисек, како вчера да почнал да игра фудбал.
2. Измените на Инзаги. Да не навлегувам подлабоко ама некад стварно знае да се глупира со внесување и вадење на играчи
3. Поврзано и со второто, што е финтата со Михтаријан бе? Некоја послаба верзија на Зидан е па затоа не смее да не е во прва постава и да не биде заменет кога игра лошо? За кој кур бе ти Инзаги спичка 40м за Фратези лани, да ти игра Михтаријан прв тим до смрт? Па уште и жут имаше ликот и пак не го извади, а знаеме каков паничар е Инзаги кога некој ќе добие жолт, сместа пие измена на полувреме.
4. Бисек. Во ред е, дечкото се гледа дека е спремен и дека е подобар во однос на лани, ама друже на клупа ти седи Павар кој е светска класа играч и притоа е спремен и одморен, мислам дај преку кур најозбилно. Нека си тера Бисек од клупа, нека добива повремено шанса за прв тим, па здравје кога ќе дојде време ќе си биде цемент прва постава, ама за сега НЕ Е!
Многу ме нервираат вака изгубени бодови против умрени екипи, уште па оној Месиас нешто се стега и изведува бесни глисти, да му ебам тоа пица доставувачот. Земи следно коло тепај 14-0 и не замарај.