Зошто да ми изиграва мајка? Неспособен сум да си ги исперам чорапите или да одам до маркет да пазарам, машина да уклучам дома или усисам?
Не, грешка си, о
дбивајќи да сте „нечија мајка“ и не превземајќи одговорност кон домот (ретко која знае да готви денешно време, пример само)
НЕ сте мајки утре на идните ќерки или синови - тоа под услов да сакате да ги родите, а не да имате куче/маче и да го викате „мамичка“.
Лично мене тоа од кожа ме вади кај релативно млада женска особа оти ако јас на тебе ако гледам како на посериозен партнер и особено животен партнер, гледам утре во иднина каков родител ќе си на моите деца - и без разлика колку се филмате како жени и без разлика на имотната и социјалната позиција во општеството, сепак, на крај на ден,
жената е столбот на еден дом и од неа зависи дали семејството ќе е вистинско семејство или нешто налик на заедница.
Таа е таа голема разлика која не ја сфаќате со изразите од типот „абе шо јас ќе го перам“.
Недај Боже утре син ми или ќерка ми да си зема пример од некоја таква со такви изјави - ќе се обесам на тераса јас лично, неа ќе ја оставам не ми е крива што сум бил муле и не сум ја проценил доволно.
Поента втора, тоа што си учела и си се дообразувала ти и твоите другарки - тука нема ништо лошо, да се разбериме ама треба да сфатите дека нема јаре и паре. Не може две лубеници под една рака.
Од една страна најпродуктивните и најзрели години една жена да роди здраво дете се од 25 до 30, вие за тоа време не сте се пронашле со образование и финансии, камо пак деца да раѓате - не ви паѓа на памет.
Со медицината денес тој период секако е поместен до некои 35, за натаму тешко на жената и на тоа дете (иако има примери и на 60 кај шо ги раѓаат ама шо ќе му биди таа утре, баба?), така да супер образовајте се дополнително, кој не би сакал тоа - само кога ќе почи да чука биолошкиот часовник ко луд после немој да плачите дека нема мажи или дека сите се исти.
Да, сите исти гомна сме и мажите и жените, само овај со дуплиот јузер ите како е во право коа ви вика дека сме подиректни и поискрени од вас за тоа што очекуваме и сакаме од една врска / брак / жена воопшто.
Роди деца, па дообразувај се после и бркај кариери, ем ќе ги одрасниш до твои 50 и ќе бидат самостални луѓе, ем после 50 ќе си со средена кариера, обезбедена старост и раат ќе си од мозокот.
Мажите обратно, треба од петни жили до тие 50 да створи нешто од имот и пари за да утре тоа семејство има додека жената е дома и се грижи истото тоа семејство да опстани, додека раѓа деца, додека зема да ги воспита и изгради во правични и самостални личности - улогата на таткото во тоа време е да спечали, да им овозможи пристоен живот, навремени одмори, навремено школување на децата, добра здравствена заштита и да биди пример како ќе се однесува кон својата жена за да знаат утре тие ќерки и синови што е почит кон една жена па истите тоа да го даваат и очекуваат од идните партнери.
Од жени со деди ишјус и машки кои се инцели овој свет е на пат на самоуништување, не од нешто друго, а основата за истото е во брачните партнери и нивното гледање на животот.
И да, пред да ми спомниш рамноправност на половите, нешто од типот феминистички ставови и слично, оди прави пари заедно со мажите на некои ископини во Алјаска па вадите нафта или пак на истото место ловите риба на тоа бродовите. Може да одите истовремено и во некој рудник, пошто и таму има добра пара или пак да одите да сте професионални војници, исто добра пара даваат. За на скеле работење или како електричар, водоводџија, некој со градежна фирма и слично да не ни спомнувам...
Не можи да сме рамноправни во седење на газот во убава фотеља, сите да сме менаџери, проектанти, со стилото во рака, програмери и инженери - додека некој се убива од работа за на крај да биде тегнат за уши од истите тие од погоре и да биди нарекуван шовинист.
Тоа што си трпела и издигнувала некој т.е. помагала да стани подобар човек во секој поглед *(иако поприлично го изнафали претходно, значи некаде каска приказната и не е баш така нешто) не значи ништо друго туку дека си дала шанса и си била возрасен човек кога за тоа имало потреба. Ако не ајде да не трпиме никого и да станиме сите асоцијални суштества.
Тоа се врските, давање шанса на некој да си ги покаже роговите и откако ќе си ги покаже да пресечиме вака или така.
Ама претпоставувам зошто си останала толку многу години покрај него, едно неискуство и ти си собирала сопствено искуство како треба во една врска низ годините, второ она проклетото женско мислење „ќе се смени ради мене“, а уствари грото од нас (и мажи и жени) сме такви какви што сме од роџења т.е. откако сме се оформиле како личности преку домашното воспитување (затоа и толку го потенцирам) па кога ќе одиме надвор во светот проектираме од тоа што сме стекнале дома - и не, во принцип, не се менуваме. Можеби некои финеси, но не во целост. Матрицата е поставена дома, за среќа или за жал.
Тоа што си пресекла кога некој решил да станува криминалец ти е правилна одлука, што би барал таков човек утре со тебе и потенцијално со твои деца.
НИШТО од ова не беше битно на лична основа, само ти викам Очајна си го пика носот кај не му е работа па те распраша на темава како класична тетка 300 работи од лична природа претходно и сама започна да си кажуваш па од општа дискусија во насока на генерална слика ние ја градиме таа генерална слика врз личен пример (во случајот твојот), што не значи дека сега те оправаме или напаѓаме туку правиме муабет во насока на дискусијата која ја поставивте.
За во иднина, не одбивај мажи воопшто - само така после X обиди и грешки ќе налеташ „на правиот“. Инаку не би знаела ништо од тоа што има таму и дали таму има само расипани створења или по некое со пар добро поставени штици во главата.
Проблемот кој го гледам е што, сепак, не ја имаш надминато претходната врска и не ја имаш оставено зад себе - живееш практично во минатото, што е и општ проблем кај врски кои траеле толку долго и се инвестирало временски и емоционално во нив. Дури дел од партнерите по некое време ја прават грешката да се вратат назад во врска со истиот партнер, некогаш и тоа успева - но кај ретко кој и ретко кога, сепак има исклучоци.
Продолжи да живееш без да му се пикаш на машките клизачи и да очекуваш во старт да ти се правдаат за нешто - никој никому ништо не должи. Спушти го гардот.
Тоа лично пренамагање, изигравање жртва (не ти, некои девојки и момци) или пак играње на карта сожалување е за деца до кај 15 години, после тоа викаме ... - живот.
На никој не ни е погодено, шо приватно шо професионално, на некој ни двете, а на некој и двете да.
Ти можи за 5 години ќе си ливадарка или пак со 3 деца дома (ти го посакувам второто), јас можи за 5 месеци ќе сум 3 метра под земја па ќе ми јадите пченица (ко шо тргнало), други има тука со исто големи здравствени проблеми ама никој не го потенцира тоа, ниту пак бара сожалување за состојбата, најмалку е помирен со истото и не се бори да го подобри.
Така да, пневномијата се лечи, тешко ако е повторена на стари години, а си имала проблеми во младоста од истото ама како и да е (НЕ сум Очајна и НЕ е тема на разговор), сепак ти посакувам подобро здравје.
Гледај реши ја менталната состојба, тоа ти е најбитно, не си чукната туку едноставно труеш сè околу себе со ставовите кон машкиот свет и сигурен сум дека сите тие „млади“ и „успешни“ другарки придонесуваат околу истотот, оди утре запознај некое салам дете ќе ти речат абе кај најде овај парталот или 300 маани ќе најдат пошто и сами длабоко во себе се несреќни, без разлика што надвор проектираат и колку добро прават лице.
Маските кои ги носиме на форум, во јавност, насекаде не ни помагаат вечер кога ќе легниме сами во кревет или утре од сабајле кога ќе треба да се видиме во огледало.
Мирот кој велиш дека го имаш живеејќи сама, знам дека го имаш (не ме прашувај како), ама исто знам дека не е мир.
Мир е само кога ќе има со кој да си легниш во креветот и тогаш се осеќаш како едно цело, но за да стигниш дотаму треба прво да расчистиш со себе и точно да знаеш што сакаш прво од себе, потоа од другите.
Во овој момент, извини, мислам дека не знаеш и живееш во минатото споредувајќи со нешто што е минато свршено време.
Не го делам времето од типот еј маче зафатен сум, камиони, авиони, шлепери на царина дрн дрн, но од типот за жал или за среќа толку имам да одвојам за форумот, така да отприлика толку можам да одвојам за натамошни „препукавања“, односно дискусија на темава.
Ти посакувам среќа и со ум!
Многу работи сами си ги правиме во животот додека во меѓувреме бараме некој друг да обвиниме за своите неуспеси или да му сме благодарни за своите достигнувања. Смени го наративот, ќе се смени и приказната.
Дај бе кажи шо пари борџиш кај чоекот, ќе присобериме да се расчистиш.
Не е хумано ова поќе да го нудиш вака кај ќе стигниш.
Биди другар, штити си ги пријателите од психичко злоставување - за физичко голем е, сам ќе се брани.
Да не е тажно ќе биди смешно колку тоа годиш некои поенти НЕнамерно и НЕсакајќи, во обид да бидиш паметна - а испаѓаш очајна. Нејсе тоа, туку:
1. Шо има маж да се кара со тебе/вас кога секогаш ти/вие си/сте најпаметни, нели? Секогаш во право за сè.
Не постои кај жена, извини грешка сум, него извини дечко грешка си.
2. Тие што ги „знаеш“ и се „90 проценти“ изгледа на сон само ти иделе, пошто и јас како Берик не познавам некој шо радо ќе седи дома да му држи некоја продики на секое или да се натегаат зошто капакот од шољата кренат го остава - туку радо ќе му ја дувни од врата надвор или ќе оди во другата соба во најмал случај.
Така да, во право си (за жал или за среќа) дека маж кој се докажува ко некоја тетка не е маж. Доколку има интегритет и карактер ќе ти укажи еднаш-два пати макс, ако повторно тераш со глата впесок (шо ви е навика) ќе те остави еден ден да ја искришиш ко ќе ја извадиш надвор не за да ти речи: “Еј ти реков“ и да отвори дополнителна дискусија туку за да си го зачува мирот попатно од точка А до точка Б - пошто и онака нема шанси да го послушаш и ќе направиш по свое што на крај пак ќе резултира да искршиш глава али и нервите ќе му ги истанчиш попатно.
Ете ја пак класичната женска болест, НЕКОЈ да се промени за НЕКОГО.
Дај бе пораснете еднаш.