Гледам тагуван сум иако не знам точно за што се работи бидејќи некои налози ги имам блокирано па нивните постови не ми излегуваат. И немам намера да ги одблокирам вака поубаво спијам.
Гледам се работи за Кина. Тоа што имаат негативен прираст не е никакво изненадување, тоа одамна се предвидува, некои извори кои не им веруваат на кинеските власти тврдат дека тој процес е почнат уште пред една деценија.
Има согласност дека се работи за неповратен тренд. Но тоа не го знаеме, како позитивен пример се зема Казахстан кој успеа да го сврти негатнивниот тренд во позитивен. Да ли и Кина ќе го стори тоа, и дали нивното раководството воопшто има намера да го прави тоа, да повторам, во овој момент не се знае.
Прашањето е што намалувањето на налселеното во Кина значи. Моето скромно мислење е дека не значи многу. Јапонија има негативен прираст десетина години и повеќе, Јужна КОреја исто така, Сингапур, Тајван, повеќето европски држави. Соседна Србија има уште од времето на Слободан МИлошевиќ повеќе умрени од родени, населениоето се намалува за околу пола процент годишно. Бугарија исто така. Дали има некаква страшна последица, некоја катастрофа, и пропаст, итн. Нема!
Така и Кина, она си е на својот пат полека да стане број 1 во светот. Дали светот тогаш ќе стане подобро место за живот? Можеби, можеби и не.
Падот на наталиетот и намалувањето на бројот на население е светски процес, деновиве излегоја податоци за бразил каде ТФР е 1,6, И уште е добар ако се спореди со Аргентина, Мексико, Колумбија. Латинска Америка! КОј го очеквуаше тоа пред десетици години? На ред ќе дојде и Индија, на крај и Африка. И не треба премногу да се плаче.
НО за мали држави како што е Македонија, тоа е проблем, затоа што ние не смееме да си доволиме и најмал губиток. Но тоа е друга тема.
И на крај
мала напомена за добронамерните членови кои ги интересира оваа тема. Спрема веќе легендарниот прирачник на Стив Бенон, под пропаганда, освен пласирање на неточни, полуточни па дури и точни информации, се повеќе се подразбира и нафрлување на огромен број небитни информации, навреди, whatabout-изми, па и пцости кои прават шум и ја спречуваат и кочат дискусијата. Тоа обилно се користи и овде од страна на некои налози (ние знаеме дека еден човек може да има повеќе налози). На пример, ти велиш политиките во Унгарија не ги носат посакуваните резултати и добиваш одговор дека сакаш Арапи, Црнци и педери. И сега треба да се браниш од такви глупости. Не можеш, подобро блокирај! Што е и нивната цел, да се згасне дискусијата, тоа е нивна победа.
Моежби е наивно да ги замолам таквите да не се мешаат во оваа тема, која е много важна, стручна и на крај интерена. Јас не им се мешам во темите кои се под контрола на Кремљ, Мар-а-Лаго,Техеран, Катар и другарите, каде можат слободно да си ги кажат своите уверувања и „уверувања„.