На кого му објаснуваш?
Ја знае секоја песна на Александра Пријовиќ ама за македонската историја го знае само името на наставникот по историја.
Овие врзаниве на колје се македонци, а тие под нив се српски војници.
За охридско дебарското востание важи истото, илјадници убиени македонци и албанци, кои што заеднички се подигнале против српската окупација.
Затоа велам ништо македонецот не видел што би видел со 400 илјади срби како сограѓани.
Јасно ни е нас за злосторствата на српските четници и во Охридско-Дебарското и Во Тиквешкото востание. Мислам дека и во Штип имаше некои злосторства од српските колонисти помеѓу двете светски војни.
Туку кога вака прецизно ги бележиш злочините на Србите врз македонскиот народ, посочи каде си ги навел злоделата од албанските учкари, албанските балисти, арнаутскиот башибозук и арнаутските друмски разбојници врз Македонците.
Нешто не се сеќавам дека некаде си напишал како твоите балисти им помогнаа при повлекувањето на германските фашисти по ВСВ, ниту дека си напишал за балистичките пресметки со партизаните од крајот на ВСВ до некаде 1950.
Не се сеќавам дека си пишувал дека твоите пречесни Албанци се бореле на турска страна во Кумановската Битка, а и во неколку востанија претходно. И како ги тероризирале македонските христијани, ги убивале, ги пљачкале и им ги палеле куќите и имотот, со преќутно одобрување од Портата.
Денес, на територијата на Македонија нема да видиш споменик на овие српски злосторници, ниту некоја институција или училиште именувани според нив, за разлика од албанските злосторници кои имаат и споменици и иинституции и училишта кои ним сте им ги посветиле.
Ред е да ги спомнеме и злосторствата на Бугарите во ПСВ и ВСВ, како и злочините на турскиот аскер и грчките андарти врз Македонците, како и на германските и италијанските фашисти врз недолжното македонско население.
Или ти само српските злочини ги гледаш, а за овие си слеп?