Hearts of Iron 4

YuZe

Sic Semper Tyrannis
Член од
22 септември 2005
Мислења
1.923
Поени од реакции
2.161
Една од најдобрите гранд стратегии што постојат на денешницата. Hearts of Iron 4 играта започнува во 1936та и може да играте како било која нација што постоела пред 2рата светска војна. Оваа игра е различна од Total War франшизата, повеќе е фокусирана на логистика и производсво/економија него battlefield tactics.

Може да ја играте играта според историско, или да кроите своја иднина. Јас персонално имам потрошено 100тици саати на стратегија како Југославија да се одбрани од Наци Џерманците. Има многу стратегии онлајн како може да се направи тоа, ама сакав самиот да пробам да се одбранам од нацистите во 2ра светска. Играта ми помогна да увидам како изгледа светот од гранд стратегија увид, колку се битни ресурсите и логистиката во војните.

Има многу модови за играта, особено би ги препорачал Novum Vexillum и Modern Day, што се модови за денешницата, со политички избори и технологија. Со овие модови, започнуваш од 2000та година и имаш 30 години за напредок. Novum е повеќе воена, Modern Day е повеќе економска модификација на играта.

1723889429158.png
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.003
Поени од реакции
12.482
Изградена врз стар енџин кој не поддржува процесори со повеќе јадра.

Поради ова откако Втора Светска Војна ескалира во 1941 година, сите страни градат војски, морнарици, започнуваат повеќе битки на повеќе места, и брзината се сведува на буквално компјутер со Пентиум 2 процесор, колку сака нека биде нов компјутерот, бидејќи енџинот работи на само едно јадро брзината на играта станува катастрофа.

Инаку се` останато е одлично кај видео играта, одлично замислена и дизајнирана.
 
DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.636
Поени од реакции
17.510
Сите игри му се на парадокс одлични. Почнувајќи од комплексноста на економијата со Викториа 3 и 2, Династија и политика Crusader Kings, Europa Universalis па завршеток со HOI4. Интересно е како ги имаат проблемите политички на МК интегрирани во Modern Day пособено со Бугарија и Грција.

Mене искрено најкомплицирана, најтешка а во исто време најдобра ми е EU4. Сите парадокс игри се некако ''страшни'' на почеток кога ќе ги погледниш првпат. Тука во HOI водењето на војни и трупи бара мн менаџирање...бар моето искуство е вакво
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.453
Поени од реакции
3.557
Проблемот со овие игри е тоа што немаат добар начин да те воведат во истата. Учењето на играта претставува процес, за кои искрено требаат нерви. Некои гледаат туторијали, што според мене е срање, не сакам класично учење да поминувам за игра. Играта треба да се учи спонтано, низ играњето, пример полека да се отклучуваат ствари, итн... Ми изгледале примамливо сите вакви (EU4,HOI), ама поради оваа причина не сум ги зафатил. Може да бев тинејџер кога ги дознав, ќе сум ги играл.
 
Јас обожавам Total War игри, и затоа одбрав да ја играм. Представена е како гранд стратегија, и може да научиш многу од играта. Да, комплицирана е, треба многу време да се научи. Али е многу заразна и интересна.
Изградена врз стар енџин кој не поддржува процесори со повеќе јадра.

Поради ова откако Втора Светска Војна ескалира во 1941 година, сите страни градат војски, морнарици, започнуваат повеќе битки на повеќе места, и брзината се сведува на буквално компјутер со Пентиум 2 процесор, колку сака нека биде нов компјутерот, бидејќи енџинот работи на само едно јадро брзината на играта станува катастрофа.

Инаку се` останато е одлично кај видео играта, одлично замислена и дизајнирана.
На i9 не е лоша, али се согласувам дека не им е оптимизирана. Дури ја играв на стариот лаптоп (MSI GV62 со turbo опција на ладење), што не беше лоша конфигурација, збудалуваше со перките.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.282
Поени од реакции
5.541
Јас обожавам Total War игри, и затоа одбрав да ја играм. Представена е како гранд стратегија, и може да научиш многу од играта. Да, комплицирана е, треба многу време да се научи. Али е многу заразна и интересна.
На i9 не е лоша, али се согласувам дека не им е оптимизирана. Дури ја играв на стариот лаптоп (MSI GV62 со turbo опција на ладење), што не беше лоша конфигурација, збудалуваше со перките.
Што играш од Total War? Многу време барам некој од наши краишта. Сите историски ги имам играно, заглавив на Атила со МК1212 модот, и на Наполеон
 
YuZe

Sic Semper Tyrannis
Член од
22 септември 2005
Мислења
1.923
Поени од реакции
2.161
Што играш од Total War? Многу време барам некој од наши краишта. Сите историски ги имам играно, заглавив на Атила со МК1212 модот, и на Наполеон
дали има други игри со Македонија да може да се изигра?
Rome 2 обично ја играм. Ја имам и Атила, ама не ми се свиде така многу. Најдобрата Total War според мене е Shogun 2.

Во Rome 2 можеш да играш како Македонија исто.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.872
Поени од реакции
23.388
[/QUOTE]
Што играш од Total War? Многу време барам некој од наши краишта. Сите историски ги имам играно, заглавив на Атила со МК1212 модот, и на Наполеон
Почнав кампања со Остроготите, со Визготите, со Саксонците и со Византија, едино со остроготите успеав да напраам нешто. Претешка е Атила во споредба со другите Тотал Вор игри, иако има одличен battle gameplay.
После го симнав тој медиевал мод и со Kingdom of Castille, го формирав Кралството и стигнав се до Италија со пола Северна Африка под контрола ама ми здосади а и во меѓувреме ја купив Warhammer трилогијата па не планирам да играм ништо друго во наредниов период.
Да отварам една тема стриктно за Тотал Вор, да не спамаме тука ви одговара?
 
Давај давај, ќе се комбинираме за мултиплеер
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.872
Поени од реакции
23.388
Давај давај, ќе се комбинираме за мултиплеер
Еве отворив тема - Total War | Кајгана форум (kajgana.com)

Мултиплеер ќе мора да ме почекаш. Не сум многу редовен периодов, ама би требало од Ноември натаму да сум полабав. Да потпорасне малку бебево за да можам да гејмам на раат. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom