Мартинез требаше да помине низ неколку договори за да стигне до таму.
Секој играч што не е од светски ранг, а е во рани 20ти поминува низ неколку договори пред да добие договор што би го врзал до 30 година во тимот.
Секако дека е грешка, не мора да сум поврзан емотивно за одлуките за да видам дека е грешка
Еве, уште у старт се докажа со Мудрик дека е грешка, како најпрв пример. Тоа можам да го кажам како "добро, пробаа само они со нова тактика, а цел свет не го прави тоа, ама ајде, пробаа". Мене ми е глупо што го прават пак, со Феликс, човек што не спаѓа ни "млад талент, можеби е овој следниот Меси" како што можеше некој за Мудрик ова да го каже.
Се ставаат тренерите и играчите во незгодни ситуации, се бркаат луѓе за џабе, се фрлаат луѓе да тренираат со Б екипа, ако не се најде некој за трансфер/позајмица после тоа може да се заебат цели кариери на луѓе и слично.
И после во 2027, наместо Челзи да пробаат да купат квалитетен играч... тие тоа нема да може да го дозволат пошто уште ќе се плаќа Лукаку, уште ќе се плаќа Стерлинг, уште ќе се плаќа Мудрик, Феликс.. (карикирам со имињава, небитно)
Е сега ако на ова кажеш "Што сакаат нека прават не се мои пари, па макар и ако ваквото водење на екипата е причина зошто тимов е 6-7 место"... добро, фер, ни јас не го пишувам ова полн со нервоза, иако така ваљда делува, онака си пишувам и јас, ради реда, нека си прават што сакаат, ама не ми се свиѓа
Повеќе емоцијата што ми преовладува е возбуда да го видам Феликс назад и дали ќе успее да се избори за место во првиот тим.
И секако сакам да испадне договорот паметен и све тоа...ама стварно е нелогичен бе, не можам а да не искоментирам