За да не ги најдат русите, незнам како не разбираш дека штом едната страна пука било каква артилерија, одма другата оди да бара да го уништи изворот, ХИМАРСите се топ приоритет и ако ги остават на отворено русите одма ќе ги најдат, вака ги кријат по грмушките и чекаат да замине извидницата.
Разликата со фронтот во Донбас е што ваму се премногу блиску до руските позиции, некој 20 километри од границата каде има руси беа преебани системиве, во сред ден со око ќе видат од каде се пука, а не па дронови, сега и русите се напиздени и ќе трошат и повеќе ресурси за пократко време од што и било планирано за да ги преебат украинците.
Позициите на украинците се катастрофа во Курск, од било која страна можат да ги пукаат со артилерија, дронови и уште што не.
Не ти е ова класична артилерија, се работи за наведувани ракети со долг дострел.
Украина има муниција со дострел од 75 до 150 км, што значи не ни мораат да ги држат никаде блиску до фронтот. Што го прават последните 2 години.
За контра-артилериски оган имаат еден куп други оружја.
Можат да ги ротираат, да ги носат од десетици па и стотици километри, стрелаат и повторно се враќаат назад.
Оттука прашањето, зошто да ги чуваат во близина на фронтот, кога може да пукаат и да бегаат до десетици километри назад?
Да се разбереме, не велам дека немаат уништени, но веројатноста дека ќе ги чуваат во близина на дострел на разузнавачките дронови, тоа тешко.
Логично е да донесат повеќе вакви системи поблиску до Курск, но заедно со нив, по правило си одат и decoys.
На крајот, нема ниту едно (или има само едно) видео каде има уништено ваков систем.
Гледаме само различни кадри каде го следат, за потоа да ја нападнат таа позиција но не се гледаат никакви последователни експлозии, изгорена опрема итн.
А дека им се топ приоритет, да, се согласувам.
Единствено оружје во војнава што може да се нарече gamechanger.
Штета што Русите немаат повеќе наведувани ракети од овој тип.