Канада и САД почнале да се рчкаат со Индија гледам. Неочекувано.
Не е неочекувано, втората најнаселена држава во светот во февруари 2022 кога започна војната со санкции и ембарга против Русија, односно сега и официјално најнаселената држава во светот, никогаш не воведе санкции против Русија и до денешен ден одбива да воведува било какви санкции против Русија.
Наместо воведување на санкции против Русија, Индија масовно увезува и тргува со руска нафта и руски гас, а истовремено заедно со Русија, Кина и останатите држави од БРИКС се подготвуваат за меѓусебна трговија со заедничка валута.
Нова заедничка валута нема да ги ослаби американците и нивните европски марионетки, но сериозно ќе им ги намали опциите за водење на економска војна против државите од БРИКС.
Можат да истераат неколку години трговска војна против Кина, ограничена војна против Русија во Украина и на некои други места, но на сето ова да ја имаат Индија во неутрална позиција или на страната на Русија и Кина, ќе им биде малку потешко економски да ги поднесат последиците од таквата економска и трговска соработка.
А тука не се земаат во предвид и државите од блискиот исток и од Африка од кои некои се отворени за нови трговски и економски партнерства со истокот, ако е вистина тоа што некои афрички новинари го изјавија за Русија: дека ги снабдува афричките држави со оружје и воена обука - кои вообичаено се од корист за одбрана на државата и на народот, а не со пари - кои вообичаено се од корист за купување на политичари и корумпирање на една држава, тогаш ќе постои оправдана загриженост од развивање на национална свест за економска и монетарна самостојност и сувереност, а не само државна самостојност и сувереност кај афричките народи.