Хептаграм XI
Ἱερὸς Γάμος
- Член од
- 13 февруари 2010
- Мислења
- 12.136
- Поени од реакции
- 12.116
Од претходниот муабет, за помошта кај оној што пропаѓа по своја волја: ете ти едно четиво за Телема и Емпатија. Тука е премногу да го раскажам, можеби ќе ми го разбереш ставот кон твоите примери поврзани со наркомани, алкохоличари, мажи што тепаат жени и деца и си го уништуваат семејството.Hepta a zashto uopshte komentirash na temi za avramskite religii? Eve kje razberam da plasirash ovde tekstovi za telema i krouli ovo ono... pa ako nekoj go donese karmata do niv da si procita.... ali zashtose opravash so hristijanite sekoj den? Sho ne gi ostavish da si ja odrabotuvaat karmata?
Добри прашања ова последното, иако ќе се повторувам.
Јас си ја одработувам мојата карма по се изгледа...
Милион пати сум рекол: не се сложувам со нивниот начин на проповедање и догматско сатанизирање на туѓите учења.
Јас немам проблем многу со старо-еонските религии, тие се историски факт на философии и ритуали кои се менувале низ времињата и кои се некакво наследство. НЕ се измислени од ништо тие религии, туку така... си има зошто и како, но тоа тешко да се научи.
Има нешто и во старите религии, тие не доведоа до ова денес. Тие се мостот од претходните учења, па се до денешните...
Ним тоа им е вековно наследство по се изгледа... што и да се напише за другите учења тие имаат навика или во крвта им е да го посипаат со догма и да го сатанизираат, иако никој од нив не фатил да проба да прочита и разбере нечие туѓо учење. По дифолт сите сме зло бидејќи не сме од стариот еон или од старите религии!
Не треба така нели?
А Телема зборува друго. Дека нештата доаѓаат и си одат... немаме проблем со христијанството и исламот, тие се минато, се помалку луѓе се заморуваат со тие догми и се помалку има практична примена таквите учења, освен што водат кон уште поголема поделба, а тоа не е добро...
- Телема е првата философско-религиозна школа која вели дека ќе дојде крајот на Зборот и друг бог и друг свештеник и пророк ќе зборува за нештата... но споредено кај другите, овие „аврамските религии“ велат после нас - ништо!
Де бре... аман бре - Телема е прва што вели дека нема крај, дека човештвото пред се и за се, боговите се небитни ако нема човештво!
- Телема е прва што вели дека „секој маж и секоја жена е ѕвезда“ - рамноправни меѓу себе и во животот и во вечноста, свештеник и свештеничка, еднакви пред највисокото! И треба да се разбере дека секој има право да го живее животот до максимални граници внимавајќи на своите должности кон себе си и кон другите!
- Телема е прва која вели дека после овој закон за човештвото ќе дојде друг и тоа не значи крај, туку промена, ново надминување!
Нова иницијација!
Но не сте ја читале „Книгата на Законот“!
Не сте ги читале „Светите Книги на Телема“!
Не ги знаете хиероглифите на Мајсторите од минатото ниту пак од денешните, кои се сепак тајни бидејќи времето е такво...
И ти не си запознаен со „аврамските“ религии, ниту пак со Телема и тајните учења кои никогаш не престанаа да постојат, туку преминаа во „илегала“ кога токму христијанството зеде замав врзувајќи се со земските ствари, а зборуваш онака, колку да сме во муабет нешто...
За овие работи не се зборува површно... тоа не води кон ништо. А ништо е најлошото нешто!
Последно уредено: