Законот на Телема

Мацо_Д()

Бизнисмен
Член од
23 ноември 2015
Мислења
373
Поени од реакции
158
Сликата не преставува ништо друго, туку човек во негово целокупно постоење.
А тоа значи од негово раѓање до неговата старост и смртта.
Тоа што на неколку места го повторувам.

Нема нло, само човек и големата смрт.
Бре бре. Како не се сетив на тоа, а толку е очигледно.
Автоматски споено мислење:

За секој добронамерен аџија:
За да се разбере Телема и симболите на иницијација, мора да се проучуваат системите и да се научат хиероглифите на Мајсторот - инаку секој ќе глуми просветлен, мудрец, познавач на нештата, ќе шири догма со раскажување сказни и што како означува, во Телема (без да се има запознаено со Телема како човек) :coffee:
Мене ме интересира вистината. Значи не Телемата ниту историјата, ниту било која друга религија („Нема поголема религија од Вистината“).
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.136
Поени од реакции
12.116
Мене ме интересира вистината. Значи не Телемата ниту историјата, ниту било која друга религија („Нема поголема религија од Вистината“).
Само така!

„Таа иста Вистина, која е Светлина, која се подразбира во секоја искра на Разбирливото,
што е таа ако не Себството на Секој Човек?
Таа е она кое го одредува секоe негово движење,
она кое лежи најблиску до неговото срце и душа,
и навистина претставува нивна главна пружина и бројчаник,
принцип на одделување и на мерење.“
За Вистината, Внатре или Надвор
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.136
Поени од реакции
12.116
1717346985922.png


:coffee:
„На светот му треба религија. Религијата мора да ја претставува Вистината и да ја прославува. Оваа вистина е двојна: прва, во врска со Природата надвор од човекот; втора, во врска со Природата внатре во човекот. Постоечките религии, особено христијанството, се базираат на примитивно непознавање на фактите, особено за надворешната Природа.

Прославите мора да одговараат на обичаите и природата на луѓето. Христијанството ги уништи радосните свечености, карактеризирани со музика, танцување, гозби и водење љубов, задржувајќи ја само меланхолијата.“
- Ordo Templi Orientis – Нов еон, Нов иницијаторски систем
 
Член од
16 јуни 2024
Мислења
1
Поени од реакции
0
Више Здраво и Добар ден на мене НЕ™!!!
(ниту "eye contact")
Тоа конфирмирачко клатење со глава ми е само некој тик на нервна база(цело време го правам) затоа што некои говнари и авторитети ме избркаа од Домот,оти не сум го зачистил.Па после пљукав крв за "Фениксова Миса"(Вие сте кремци,жилетче користите,"Духовна Аристократија"нели...)
Јас направив многу добри работи за вашиот говнарски ред Ото-Мото.
Сѐ уште си ги чатам „Светите Книшки"(Ако ве интересира,а "не",сигурно,пошто вие бркате финансии ,само за да си го напудрите носот.
Поздрав до сите точки на триаголникот.Мир,Толеранција и више добар ден да не ми викате
93 93/93
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.136
Поени од реакции
12.116
1720803529908.png
A.'.A.'. Издание во класа А
„Ако го прочитате мојот текст кој што го разработува Големото дело и неиницираните, ќе сфатите дека реално – секој чекор навнатре е просветлување! Секој човек стои сам, а под него и над него е бесконечната Бездна за Надминување!
Ако ја гледаш таблата на животот, на системите, на философиите одозгора – реално и нема што да се игра или бира во однос на Земјата.

Мноштвото постојано се менува.

Религиите доаѓаат и одат, учењата доаѓаат и одат, системите на уредување на човештвото доаѓаат и си одат (преку војни и крв), иницијациите и искушенијата што е најбитно – се менуваат како што се менува и човештвото! Постојано во позадина едно та исто нешто се предава со еони, постојано исти учења за напредување – само симболите се менуваат во однос на она што го велат адептите: Неизговорливото!

Телема е првата философско-религиозна матрица која вели дека после Телема ќе дојде друг Закон, друг Бог ќе седи на Тронот на Истокот, друг Пророк ќе донесе нова искра и нова Иницијација! Нема крај на светот, нема крај на животот, нема вечен оган ако не си Телемит – само искуство и надминување!“

- Liber Porta Lucis (една од Светите книги на Телема, книга во Класа А), мој коментар на одредени стихови

Не постои прекин, затоа и се нарекува Вечност! :love:
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.136
Поени од реакции
12.116
Денес, ќе празнуваме!!!

:love:

„Ритуалите нека бидат изведувани правилно со радост и убавина!
Постојат ритуали на елементите и прослави на времињата.

Прослава за првата ноќ на Пророкот и неговата Невеста.

Прослава за трите дена на пишувањето на Книгата на Законот.
Прослава за Тахути и детето на Пророкот – тајна, О Пророку!
Прослава за Врвниот Ритуал, и прослава за Рамноденицата на Боговите.
Прослава за оган и прослава за вода; прослава за живот и уште поголема прослава за смрт!
Прослава секој ден во вашите срца во радоста на мојот восхит!
Прослава секоја ноќ за Ну, и задоволство на крајниот занес!
Навистина! празнувајте! радувајте се! нема страв од сега натаму. Разложувањето, и вечната екстаза се во бакнежите на Ну.
Смртта е за пците.“
- Книга на Законот, II:35-45

Happy feast for the first night of the Prophet and his Bride!

„... и благослов и обожување на пророкот на красната ѕвезда!“
- Liber AL, II:79

1723487326733.png
Кралот Лам во Телепил алијас Чефалу​

Во 1903 се ожени со сестрата од Gerald Kelly, Rose Edith Kelly. Во текот на нивниот меден месец во Кина виа Египет, таа откри дека е бремена и тие се враќаа преку Каиро на почетокот од пролетта во 1904.
Доста е пишувано за овие авантури во Каиро кои доведоа до тоа Кроули да стане Пророк на новиот Еон со примањето на Книгата на Законот.
Законот е формула која ќе го подигне Човештвото еден чекор напред во светската еволуција и во однос на личноста на Кроули, доволно е да се каже дека иако уживал во ролјата на контроверзен човек во младоста, сепак овој закон понатаму ќе стане товар за него во наредните четири декади.

Како контроверзен човек тој открива дека луѓето ја гледаат и слушаат “легендата Алистер Кроули “, а не пораката која сакал да им ја пренесе на сите Нив. Кроули во свое време започнува да говори за правата на жените и сексуалната слобода, притоа открива дека сето тоа е протолкувано како нешто срамно.“
- Алистер Кроули, О.Т.О. Македонија


P.s „Дневникот на уживателот на дрога“ е преведен на македонски (информација од О.Т.О. Трину Оаза)
 
Член од
9 јули 2024
Мислења
293
Поени од реакции
427
Не се заебавај, ќе те здоболи заебанцијата и после Хепта виновен :)

Да си запознаен со Телема, нема да ме прашуваш христијански прашања... лечење од дроги и супстанции во Бигорски. Кој има маки, натаму му е мајката...
Од христијани ова сум слушнал... најдобро таму лечеле и таму наоѓале богови и спасување.
Да немаше дроги телемата немаше да постои, овој сакал да ги лечи зависниците.

:pos:

Туку вчера барав дали постојат историски податоци околу тоа дали некогаш Кроули се сретнал со Евола но не можев да најдам. Го прашав и ботот и тој не можеше да најде ништо. Знам дека Кроули извесно време живееше во Италија.
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.136
Поени од реакции
12.116
Да немаше дроги телемата немаше да постои, овој сакал да ги лечи зависниците.

:pos:
Хаха :)

Дрогите се калауз. Насилно отварање на врати за кои има клуч, само насилникот користи калауз.
Готов е преводот на македонски јазик на „Дневникот на уживателот на дрога" Oд Кроули. Ќе имате можност да прочитате тро појче за нештата во тие времиња... :)

Од друга страна:
„Ние Телемитите сметаме дека е апсолутно правилно ако му дозволиме на човек да земе опиум. Така тој може да го уништи своето физичко возило, но тој може да создаде нов Кублај Кан. Тоа е негова сопствена одговорност.
На оној кој не е способен да преживее треба да му биде допуштено да умре. Ние ги сакаме само оние кои можат да загосподарат со себе и со своето опкружување.“
- Стреми се секогаш кон повеќе

Ако имате храброст да се дрогирате и да фантазирате, треба да имате храброст да се соочите и со соптсвените фантоми но и со реалноста која ве опкружува, бидејќи дрогите не прават ништо повеќе, само го засилуваат она што е во вас...
Не знам зошто сакате да се заморувате со дроги :)

Секое спасување на неспособни е на штета на оние кои можат и сакаат да го менуваат светот. Но, што е тука е... „тие станале одговорни членови на оштеството и имаат семејство“. Лаги со опашки, тие станале само кукавици, должници и на овој и на другиот свет, ако го има...
 
Член од
17 септември 2022
Мислења
1.038
Поени од реакции
2.471
Секое спасување на неспособни е на штета на оние кои можат и сакаат да го менуваат светот. Но, што е тука е... „тие станале одговорни членови на оштеството и имаат семејство“. Лаги со опашки, тие станале само кукавици, должници и на овој и на другиот свет, ако го има...
Znaci po tebe ako nekoj zabegal jako vo zavisnost ne treba nikoj nishto da prezeme vo negovoto opkruzuvanje, pogreshno e da se odnese vo bilo kakva institucija ili manastir da se izleci... treba taa individua sama da si gi snosi posledicite koga vekje go fatila toj pat pa ako treba i neka se predozira? Toa kje znaci deka e nesposobna licnost i e na shteta na onie koi mozat i sakaat da go menuvaat svetot?
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.136
Поени од реакции
12.116
Znaci po tebe ako nekoj zabegal jako vo zavisnost ne treba nikoj nishto da prezeme vo negovoto opkruzuvanje, pogreshno e da se odnese vo bilo kakva institucija ili manastir da se izleci... treba taa individua sama da si gi snosi posledicite koga vekje go fatila toj pat pa ako treba i neka se predozira? Toa kje znaci deka e nesposobna licnost i e na shteta na onie koi mozat i sakaat da go menuvaat svetot?
Треба да побара помош... треба да се разговара и да се најде нзс. Ако нема нзс има институции, бидејќи силувањето со било што води кон лудило, а за тоа си имаме државни институции и ќе го решат...

Нека се предозира... што да направиме со човек кој што не знае да не се предозира и кој што како што велиш стапнал на тој пат и не може да се откаче?
Кај му ја знам јас неговата карма? Кај му го знам патот и зошто тој пат? што сум јас?

Насилно може да се завлечка по манастири и болници, но тоа нема да го реши проблемот... нема да ја сопре кармата бидејќи она што е направено претходно, не постои сила која ќе сопре минатото дејствување да не даде плод, дали лош или добар, мора да роди со плод!
Ме разбираш?
Ме разбираш но ти ќе заморуваш сега, денот ти е таков, те мачат светците и Телема ти е издувен вентил...

Манастири и лечење - тоа ти е муабети за дечиња...
А и ако е до манастири и лечење што не отидеш да видеш како се лечи и да бидеш ок потоа во општеството? :)
Хм?
 
Член од
17 септември 2022
Мислења
1.038
Поени од реакции
2.471
Кај му ја знам јас неговата карма? Кај му го знам патот и зошто тој пат?
Interesno.... togash sho im se petljash na vernicite, sho se trudish da gi razubeduvash... sho im prezentirash telemi ovo ono... neka site si odrabotuvaat karmata a ti samo stoj na strana i mudro molci i posmatraj hepta :)

Buuul shit :)

Bez gajle, nema da te zamaram.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.136
Поени од реакции
12.116
Interesno.... togash sho im se petljash na vernicite, sho se trudish da gi razubeduvash... sho im prezentirash telemi ovo ono... neka site si odrabotuvaat karmata a ti samo stoj na strana i mudro molci i posmatraj hepta :)

Buuul shit :)

Bez gajle, nema da te zamaram.
Само зборувам за Телема. Не може никој да разубедиш. Тој што треба да биде Телемит, ќе си најде патеката... Ќе ги најде знаците и патоказите... Ќе разбере колку што е доволно за него.

Од секогаш зборувам дека тоа е внатрешен повик, не е надворешен за да треба било кој да те убедува, заплашува и слично.
Тогаш ќе нема слобода.

А Слободата е првиот од четирите зраци кои доаѓаат од Законот на Телема.
 
Член од
17 септември 2022
Мислења
1.038
Поени од реакции
2.471
Само зборувам за Телема. Не може никој да разубедиш. Тој што треба да биде Телемит, ќе си најде патеката... Ќе ги најде знаците и патоказите... Ќе разбере колку што е доволно за него.

Од секогаш зборувам дека тоа е внатрешен повик, не е надворешен за да треба било кој да те убедува, заплашува и слично.
Тогаш ќе нема слобода.

А Слободата е првиот од четирите зраци кои доаѓаат од Законот на Телема.
Hepta a zashto uopshte komentirash na temi za avramskite religii? Eve kje razberam da plasirash ovde tekstovi za telema i krouli ovo ono... pa ako nekoj go donese karmata do niv da si procita.... ali zashtose opravash so hristijanite sekoj den? Sho ne gi ostavish da si ja odrabotuvaat karmata?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom