Законот на Телема

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.136
Поени од реакции
12.116
Hepta a zashto uopshte komentirash na temi za avramskite religii? Eve kje razberam da plasirash ovde tekstovi za telema i krouli ovo ono... pa ako nekoj go donese karmata do niv da si procita.... ali zashtose opravash so hristijanite sekoj den? Sho ne gi ostavish da si ja odrabotuvaat karmata?
Од претходниот муабет, за помошта кај оној што пропаѓа по своја волја: ете ти едно четиво за Телема и Емпатија. Тука е премногу да го раскажам, можеби ќе ми го разбереш ставот кон твоите примери поврзани со наркомани, алкохоличари, мажи што тепаат жени и деца и си го уништуваат семејството.

Добри прашања ова последното, иако ќе се повторувам.

Јас си ја одработувам мојата карма по се изгледа...
Милион пати сум рекол: не се сложувам со нивниот начин на проповедање и догматско сатанизирање на туѓите учења.

Јас немам проблем многу со старо-еонските религии, тие се историски факт на философии и ритуали кои се менувале низ времињата и кои се некакво наследство. НЕ се измислени од ништо тие религии, туку така... си има зошто и како, но тоа тешко да се научи.
Има нешто и во старите религии, тие не доведоа до ова денес. Тие се мостот од претходните учења, па се до денешните...

Ним тоа им е вековно наследство по се изгледа... што и да се напише за другите учења тие имаат навика или во крвта им е да го посипаат со догма и да го сатанизираат, иако никој од нив не фатил да проба да прочита и разбере нечие туѓо учење. По дифолт сите сме зло бидејќи не сме од стариот еон или од старите религии!
Не треба така нели?

А Телема зборува друго. Дека нештата доаѓаат и си одат... немаме проблем со христијанството и исламот, тие се минато, се помалку луѓе се заморуваат со тие догми и се помалку има практична примена таквите учења, освен што водат кон уште поголема поделба, а тоа не е добро...

  • Телема е првата философско-религиозна школа која вели дека ќе дојде крајот на Зборот и друг бог и друг свештеник и пророк ќе зборува за нештата... но споредено кај другите, овие „аврамските религии“ велат после нас - ништо!
    Де бре... аман бре :)
  • Телема е прва што вели дека нема крај, дека човештвото пред се и за се, боговите се небитни ако нема човештво!
  • Телема е прва што вели дека „секој маж и секоја жена е ѕвезда“ - рамноправни меѓу себе и во животот и во вечноста, свештеник и свештеничка, еднакви пред највисокото! И треба да се разбере дека секој има право да го живее животот до максимални граници внимавајќи на своите должности кон себе си и кон другите!
  • Телема е прва која вели дека после овој закон за човештвото ќе дојде друг и тоа не значи крај, туку промена, ново надминување!
    Нова иницијација!

Но не сте ја читале „Книгата на Законот“!
Не сте ги читале
„Светите Книги на Телема“!
Не ги знаете хиероглифите
на Мајсторите од минатото ниту пак од денешните, кои се сепак тајни бидејќи времето е такво...

И ти не си запознаен со „аврамските“ религии, ниту пак со Телема и тајните учења кои никогаш не престанаа да постојат, туку преминаа во „илегала“ кога токму христијанството зеде замав врзувајќи се со земските ствари, а зборуваш онака, колку да сме во муабет нешто...
За овие работи не се зборува површно... тоа не води кон ништо. А ништо е најлошото нешто! :coffee:
 
Последно уредено:
Член од
17 септември 2022
Мислења
1.038
Поени од реакции
2.471
Фино ми се обрати па еве ќе ти пишам на кирилица... ко ќе имам време ќе читнам ова.... а во меѓувреме тоа немешањето во нечија карма ми е троа плитко, еве пример ја забегувам офтопик јако и почнувам да те пцувам овде или шо год надвор од правилата на форумот - пошто нели кармата така ме тера... дали ти со казнените се мешаш у мојто одработување на кармата или мислиш дека си дел од мојта карма, помагаш да ја одработам ? Ми се чини дека кој како сака може да се постави, зависно шо му треба ко аргумент.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.975
Поени од реакции
6.459
Да немаше дроги телемата немаше да постои, овој сакал да ги лечи зависниците.

:pos:

Туку вчера барав дали постојат историски податоци околу тоа дали некогаш Кроули се сретнал со Евола но не можев да најдам. Го прашав и ботот и тој не можеше да најде ништо. Знам дека Кроули извесно време живееше во Италија.
Мусолини персонално заповедал да ги набркаат од Италија поради тоа што Кроули создал дувло на неморал и злоупотреба на дроги :D Покрај наркоманија Кроули бил и содомит.
 
Член од
9 јули 2024
Мислења
293
Поени од реакции
427
Мусолини персонално заповедал да ги набркаат од Италија поради тоа што Кроули создал дувло на неморал и злоупотреба на дроги
Не знаев за ова. Тогаш е невозможно да се сретнале со Евола. А и прилично се далечни во учењата.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.975
Поени од реакции
6.459
Не знаев за ова. Тогаш е невозможно да се сретнале со Евола. А и прилично се далечни во учењата.
Д`Анунцио, Џентиле, Евола не знам дали нивната проминентност се совпаѓа со времето кога Кроули бил во Италија, веројатно само Д`Анунцио. Во вилата во Сицилија се случува инцидентот со мачката која послужила за принесување жртва и чија крв наводно ја пиеле присутните на обредот.:icon_lol:
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.136
Поени од реакции
12.116
Ќе јадете казнени, не одете офтопик, control малку... инаку карма :coffee:

Темата е Телема. Кога ќе ве понесе муабет имате пп, таму продолжувате.

Кроули бил против фашизмот и нацизмот и идеите на Мусолини. Затоа е културно избркан.
Во Германија идниот надворешен водач на О.Т.О. или O.H.O. е затворен во концентрационен логор од нацистите... Но преживува.

Ние сме против узурпација на моќта, против тоталитаризам, против било која форма угнетување и негирање на човекот... слобода луѓе и љубов. Другото доаѓа само по себе.
 
Се извинувам за оф-топикот нема потреба од казни пошто немавме некоја лоша намера, се случува на некоја тема човек да забега надвор од темата која во случајов гласи Законот на Телма. Не сум знаел дека нацистите ги прогонувале телемитите, знаев за Слободните Ѕидари но не и за ова.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.136
Поени од реакции
12.116
Не знаев за ова. Тогаш е невозможно да се сретнале со Евола. А и прилично се далечни во учењата.
Многумина не се сретнале, но и те како се заинтересирале и за Телема и за Кроули.

Ете ти еден текст од твојот Евола, за Кроули и Телема. Прочитај го... ќе видиш што став имал за Кроули и Телема. Заради тоа дури весниците во Италија го сметале за иницијант, што нема доказ дека бил во О.Т.О., не постои запис за тоа никаде... дури и за сатанист, бидејќи во тоа време за нив Кроули бил сатанист, а штом пишуваш позитивно за него, мора да си и ти таков, нели :)

На крајот вели:

„If the Crowleyian view would seem troublesome and obscure to many, even objectively the “satanic” element, in spite of everything that the Great Beast 666 displayed almost theatrically, does not seem to us very relevant. The corresponding coloration does not have as much prominence as that which, fundamentally, possesses a magical, and in part initiatic, character.“

Исто така ликов Евола, има преведено делови од Liber Aleph, книга напишана од Кроули. Во една од неговите книги Introduction to magic, vol.III :)
Овие поглавја ги има онлајн и кај мене, на блог.

1723758009785.png

Но Евола започнува некаков посериозен интерес за Кроули дури после смртта на Кроули, во 50-те години на минатиот век...
 
Член од
9 јули 2024
Мислења
293
Поени од реакции
427
Многумина не се сретнале, но и те како се заинтересирале и за Телема и за Кроули.

Ете ти еден текст од твојот Евола, за Кроули и Телема. Прочитај го... ќе видиш што став имал за Кроули и Телема. Заради тоа дури весниците во Италија го сметале за иницијант, што нема доказ дека бил во О.Т.О., не постои запис за тоа никаде... дури и за сатанист, бидејќи во тоа време за нив Кроули бил сатанист, а штом пишуваш позитивно за него, мора да си и ти таков, нели :)
Врз основа на овој текст, дали ти сметаш дека Евола имал сериозно разбирање на учењата на Кроули?

Јас го прочитав текстот, повеќе не разбрав отколку што разбрав, бидејќи реално немам големи познавања на учењата на телемата. Ја разбрав интерпретацијата на Евола за “every man and every woman is a star”, бидејќи сум го читал неговиот текст за апсолутната или универзалната жена.

Ме интерсира дали се согласуваш со неговата интерпретација на “Love is the Law, Love under will” ?
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.136
Поени од реакции
12.116
Врз основа на овој текст, дали ти сметаш дека Евола имал сериозно разбирање на учењата на Кроули?

Јас го прочитав текстот, повеќе не разбрав отколку што разбрав, бидејќи реално немам големи познавања на учењата на телемата. Ја разбрав интерпретацијата на Евола за “every man and every woman is a star”, бидејќи сум го читал неговиот текст за апсолутната или универзалната жена.

Ме интерсира дали се согласуваш со неговата интерпретација на “Love is the Law, Love under will” ?
Евола се интересирал за езотерија и окултното... но немам податок дали бил некаде реално инициран или сето тоа инфо му е од читање книги.

Да беше толку едноставно „Љубовта е закон, љубов под волја“, и да беше само секс во прашање... а и муабетот дека во центарот на учењето на Кроули (дури не ни вели Телема) било сексот и дрогата... површно и некако насила така напишано, за да не испадне ептен дека го поддржува Кроули и неговата идеја за сексот и љубовта... и после дојдоа хипиците :)
Но неможам да му земам за зло на Евола за тоа што напишал, сепак пишува според она што прочитал и што го интересирало во тие времиња, што е нормално... според идеите што ги има, ова му е + доказ дека не бил иницијант во мистериите, туку егзотерија - пристап до информации кои биле дозволени да бидат издадени во форма на книга. Не сакал да излезе од балонот на традиционалното... штета. Барем јас така мислам...

А и во перидот кога се пишува ова, сеуште Кроули е оцрнет од жолтиот печат, сеуште нема издавање негови книги како денес, сеуште никој не се заморувал со Кроули во однос на тоа што направил за езотеријата и магиката во однос на човештвото .... повеќе имало лажни вести за да има читаност некој весник, отколку автентични записи од самиот автор каде што секој би можел да се запознае со самото дело и самото улчење... сето тоа се менува после хипиците и 60-те :)
 
Член од
9 јули 2024
Мислења
293
Поени од реакции
427
Евола се интересирал за езотерија и окултното... но немам податок дали бил некаде реално инициран или сето тоа инфо му е од читање книги.
Колку што јас знам, а не знам многу бидејќи интересот за Евола ми е релативно нов, бил практикант на некоја врста на магиски ритуали. Сепак, од она малку што го знам, Евола е многу повеќе свртен кон надворешното, кон политиката. Кроули е свртен кон внатрешното, индивидуалното. Многу малку има преклопувања во интересите.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.136
Поени од реакции
12.116
Колку што јас знам, а не знам многу бидејќи интересот за Евола ми е релативно нов, бил практикант на некоја врста на магиски ритуали. Сепак, од она малку што го знам, Евола е многу повеќе свртен кон надворешното, кон политиката. Кроули е свртен кон внатрешното, индивидуалното. Многу малку има преклопувања во интересите.
Сите имаат врска со магиски ритуали. Туку така не стануваат тоа што се во светот... :)

Кроули и политиката... прочитај и за Кроули нешто... Има една книга „Aleister Crowley and the Temptation of Politics".

Исто, според Кроули должноста на секој човек е двонасочна: должност кон себе си и должност кон другите. Така да, Телема учи за индивидуалното и секој да си го најде патот, разни методи и пракси, но исто така вели и дека секој е ѕвезда, со своја орбита и секоја ѕвезда е врзана со друга. Затоа ритуали и заеднички празнувања... За здраво општество ти требаат здрави индивидуи, кои знаат до каде можат сега и тука.
Ако секој знае каде оди и зошто, нема да има судири.

Така да, Телема опфаќа се од човековиот живот. Религија, философија, наука, пракса, политика, иницијација, внатрешен пат.... не оди ништо едно од друго одвоено.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom