Немој после да викаш дека ние тука сме правеле кланови и драми, сега ти драмиш.
Се знае зошто се продаваат Хал, Матсен и слични, само ради тоа ПСР правило со кое му овозможува да троши дупло од таа вредност по која продал. Проста математика е и пари, се коцкаат на повеќе и тоа е тоа, никој не вика дека е исправно или правилно, ги користат правилата од ПСР. Да ги нема тие правила, верувам дека голем дел ќе добијат шанса да се покажат.
Не знам што ви е искрено со ова што секој играч од академија мора по секоја цена да е добар, ајде да видиме што кариери ќе изградат сите овие што си заминаа од кај нас млади, сега е рано да коментираме ама мое мислење е дека сите тие играчи се ист просек играчи како и што купивме. Еве го јакиот Гилмор по кој солзи се ронеа потона како брод, у Наполи ќе идел. Да не почнам да набројувам еден куп други просеци исто, освен Мусиала сите скршија кур.
Така да, ајде малце да намалиме со драми.
Идиоти се американциве и ја ги нејќам ама ни под Роман не сме користеле многу млади играчи од академија и освен Тери што остана легенда, друго е се од други клубови. Пак ќе кажам, премногу се драми.
Мадуеке бил јако крило, абе Иване, Иване.
Не е драма него е чиста реалност другар.
Ти не читаш целосно и не ме разбираш што пишувам. Јас истото го кажав дека е јасно зошто се продаваат само на друг начин напишано. Но криво ми е затоа што ние потрошивме еден куп пари на никакви играчи во наводници таленти и сега продаваме наши играчи за да ги покриеме тие пари, а да не збориме дека сите тие играчи имаат по 7 години договор и ако не биде ништо ќе ги шетаме по позајмици.
Мач со две оштрици е таа дупка што ја најдоа американците.
Галагер лани ни беше најдобар играч, што гинеше на теренот. Не само јас читај што пишува фан база на социјалните мрежи.
И океј ајде да се купеше некој светска класа играч ние тие пари ги дадовме повторно на голман и напаѓач што севкупно немаат изиграни 5 натпревари за прв тим.
Абрамович се стремеше кон академија и инвестираше во неа за тоа ти зборат финалињата во лш за млади и фа купот. Значи по број и квалитет на талент од цела англија ние бевме на прво место.
Кај Абрамович се носеа и класа играчи не само талент како сега.
Развивање на млад играч пошто го спомна Гилмур ете земи го Реал за пример и Винициус. Еве погледни го како он играше кога прв пат стапна во Реал и кажи ми дали е нешто подобар од Мадуеке на пример.
Но правилно менаџирање го направи тоа што е сега.
За Мадуеке јас не напишав дека е он добро крило од светска класа. Како што е Енцо, Каиседо, Џексон играч што има талент и потенцијал но треба уште многу работа за да биде на ниво за добар светска класа играч.
Кај Мадуеке ми се свиѓа што сака да напаѓа човек со топка и игра како право крило но му фали она фудбалското.
Разлика помеѓу Чалоба и останатите штопери е што он не е платен со пари останатите се. По квалитет се исти сите исти и ако бирам играч што ќе биде замена ќе земам некој од школа а не да го платам 100 мил. Ете немора да биде Чалоба промер еве го Гилмур и Сантос.
Што ако се дадоа пари за Санрос освен што е помлад ништо друго.
И сега на 50 такви еден ќе се погодел голема работа.
На Челзи му треба квалитет друже му требаат трансфери како оние на Мурињо, Коста и Фабрегас а не Еставио и омарусон
Sent from my M2007J20CG using Tapatalk