Според мене војување и офанзиви во. Доњецк и Луганск се стратешки катастрофални одлуки. Крим, Доњецк и Луганск беа општо прифатени како отцепени, сите неуспешни преговори до сега ги карактеризираа како широко автономни. Иако Доњецк и Луганск не беа никогаш целосно под контрола на РФ територијално, се подразбира дека ќе потпаднат под РФ на некаков заебан дипломатски начин под нејасна дефиниција. Зошто тогаш илјадници војници гинат за апсолутно ист резултат? Која е поентата на територијално покривање кога административно иде во пакет? Која цел РФ ја постигнува?
Целта на војната, меѓу другото, е незавсиност од Украина (на тие региони).
Една од стремежите на Русија околу ова е противникот - Западот да ги прифати тие барања.
Сосема неточен е ставот дека тоа веќе е прифатено, во услови кога Украинците баш таму имаа(т) најголеми утврдувања (Авдиевка, Часов јар и сл.). А како ќе биде прифатено, на евентауална маса, ако Русија се концентрира на други региони, чие ослободување воопшто не е наведено во целите? Западот ќе има бланко карта да ја потврди својата наводна загриженост за тоа дека Русија лаже и сака всушност цела Украина да ја освои. Наивно е да се тврди дека тоа што не е освоено од Доњецк и Луганск и така ќе потпадне под Русија, на некаква евентуална преговарачака маса. Па целата досегашна војна на Украина се темели на лажњаци без стратешка иднина кои ќе овозможат ослабнување на притисокот во Донбас. Буквално целта досегашна војна како што беше водена од страна на Западот се темелеше на тоа. Да се задржат Русите во Донбас.
На евентуална преговарачка маса ќе има голема улога состојбата на теренот. Моменталната. Ослободување на Луганск и Доњецк е најбитно на свет да се деси пред повторно почнување на преговори.
Тука, невистината врз која градиш случај е дека Луганск и Доњецк сите ги рачунаат дека се под Русија и така и така. А случајот што го градиш е - Доњецк и Луганск се стратешки катастрофални одлуки.
На ова прашање минимум 10 души ќе скокнат да тврдат дека "се уништува укронаци армијата... Се дроби нато на парчиња... Се празни нафо арсеналот..." кога во реалност прв пат по 83 години некој прави ИНВАЗИЈА и со легитимна армија ја напаѓа Русија. Непокорната Русина што беше гроб на Ле Гфанд Армеј и гроб на 6тата армија на Паулус, и гроб на Армиските групи Север и Центар. Таа моќна нуклеарна велесила од кого Кисинџер полнеше гаќи, сега е нападната од "козачки одродени руси" и единствената реакција на Владимирович е барање за меѓународна осуда. ОСУДА, еј, дипломатска метода против воена инвазија!!!!!
Каде е ЦТО да декларира војна на Украина? Каде е Русија да декларира војна на агресорот? М? Има ли пилот во авионот?
- Русија требаше да декларира војна на Украина по ова.
Не знам од кај да почнам со ова. Толку многу работи има да се кажат.
Вака, ај види колку објави на војна се десија после Втора светска војна. Зашто ли е тоа така?
Види таму, што значи објава на војна и зашто земјите у задњи 70 години ретко или никад не објавуваат војна официјално.
Твојот пост, сумиран, беше - Русија згреши што потенцијалот го троши цело време на Донбас и требаше војна да и објави на Украина за упадот.
не