Не зборува добро за руското разузнавање но размисли и од овој аспект: Нападот на Курск од тактички и операривен аспект е толку глуп, толку ништо не добиваат Украинците, што никој нормален не очекува да го направат.
Замисли да имаш куќа во која на приземје има соба која е празна и која има само надворешна врата, и од која не може да се влезе понатаму во куќата. Дали ти би потрошил големи средства да ја опремиш таа соба со блиндирана надворешна врата ?
Па не е дека не спремаа одбрана таму, баш напротив таа Суровикин линија со барикади прво ја правеа таму и кај Харков. Според мене Украина ја користи шансата да му нанесе штета на противникот каде што гледа простор. И ова е едно од тие места.
Тактички досега оваа операција е доста успешна. Уште првиот ден преку стотина заробеници, големи жртви кај русите и целосен хаос во целата Курск област. Ова влијае и на моралот на Русите и на Украинците и влијае на Путин.
Стратешката крајна цел не ја знам, зашто изгледа Украинците знаат нешто што ние не знаеме. Според мене имаат три опции сега:
- целосно повлекување со минимални жртви. Штетата е нанесена и кога пристигнува поголемо руско засилување, да се повлечат со минимални жртви.
- повлекување од некои делови но задржување на некои места кои се нај поволни да се бранат
- држење територијата и пружање отпор. Најмалку веројатно бидејќи бара многу ресурси, нешто што Украина го нема.
И во моментов да се повлечат целосно, оба ќе им биде успешна операција.