Нека ја победат де, нека го земат Харков ете што е на 20 километри од граница. Нека влезат во Киев и нека закачат знаме на Верховната Рада. Нели они се нуклеарна сила а овие што роварат во Курск се утепани.
Зарем?
Повторно од почеток одиме?
Војна и само војна во тоа болната глава ти е решение на проблемот.
Со доливање бензин на огнот нема да го изгасниш.
Лупетај ти навијачки колку сакаш по темава, директни последици има и не се решаваат истите со уште војна туку со престанување на истата.
Зошто би ескалирале до нуклеарно оружје во контролирана војна на истрошување, која ја планирале и ја добиваат?
Тие можеби планирале едно, но испаднало десетто. Факт е дека никому не носи добро ниту долга војна, остави плановите.
Дека беа во право зошто започнаа после прекршување на сите договори и здраворазумско однесување од нивна страна - беа, дека продолжувањето на нештово носи некаква корист, не носи никаква.
Така да, кај нив и во нивната замислена разврска на нештата дефинитивно има проблем, тој проблем според мене треба да си го решат побрзо можно, не во недоглед да се продлабочува.
Крај краева, сите тие такви и долги војни резултираа после со проблем на одржавање на тие територии. Ете на блискиот исток УСА има еден куп бази, дали тие бази се исти на број како порано или дали ќе останат исти? Сигурно не.
Остави ги лудациве тука што примаат и толкуваат вести зависно од пропаганда и како мали деца се палат дали некој собрал 3 села погоре или подолу на мапата, далекусежно гледано последиците се катастрофални и за Русија, да не збораме веќе колку за Украина ама и за ЕУ и вклучително тука со ескалација и за нас во МКД.
Никако не би се согласил со тоа дека ова треба да оди во недоглед, пошто не е решение некое.