Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    688
Член од
9 декември 2012
Мислења
904
Поени од реакции
967
Прашањето е Русија до кога ќе се бори, а не Украина. За Украинците е јасно.
Незнам која логика ја извлече, Прашањето е Русија до кога ќе се бори? Ќе војуваат цел живот, мислиш дека НАТО или Русија се грижат за човекови животи..баш им е гајле...
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.251
Поени од реакции
21.996
Многу тешки пари, 60 милијарди за неколку години.
Тешко им паѓа на Американскиот воен буџет од 800+ милијарди годишно.
Ne znam kade zivees i koj ti gi plakja smetkite, no cenite za ovie tri godini se krenati za tro duplo i povekje, za razlika od platite. Malce glupicko e da mislime deka cela evropska ekonomija zavisese od Ukraina, edna od najgolemite ekonomski dupki vo evropa. Site gi plakjame smetkite, ne se sekiraj. Da bea samo tie pislivi 60 milijardi nemase ni na nekoj petparacki web portal da se zboruva za Ukraina.
P.s odam nekni na zabar. Nov cenovnik. Od 600 denari plomba na 1200 preku nokj. Sto tolku vlijae vojnata vo Ukraina na cenite na plombite samo eden gospod znae, ali ete se e zaminato na gore. Mozi vo Ukraina gi praeja, ete ne znam.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.484
Поени од реакции
36.446
Не зборува добро за руското разузнавање но размисли и од овој аспект: Нападот на Курск од тактички и операривен аспект е толку глуп, толку ништо не добиваат Украинците, што никој нормален не очекува да го направат.

Замисли да имаш куќа во која на приземје има соба која е празна и која има само надворешна врата, и од која не може да се влезе понатаму во куќата. Дали ти би потрошил големи средства да ја опремиш таа соба со блиндирана надворешна врата ?
Па не е дека не спремаа одбрана таму, баш напротив таа Суровикин линија со барикади прво ја правеа таму и кај Харков. Според мене Украина ја користи шансата да му нанесе штета на противникот каде што гледа простор. И ова е едно од тие места.

Тактички досега оваа операција е доста успешна. Уште првиот ден преку стотина заробеници, големи жртви кај русите и целосен хаос во целата Курск област. Ова влијае и на моралот на Русите и на Украинците и влијае на Путин.

Стратешката крајна цел не ја знам, зашто изгледа Украинците знаат нешто што ние не знаеме. Според мене имаат три опции сега:

- целосно повлекување со минимални жртви. Штетата е нанесена и кога пристигнува поголемо руско засилување, да се повлечат со минимални жртви.

- повлекување од некои делови но задржување на некои места кои се нај поволни да се бранат

- држење територијата и пружање отпор. Најмалку веројатно бидејќи бара многу ресурси, нешто што Украина го нема.

И во моментов да се повлечат целосно, оба ќе им биде успешна операција.
 
Член од
22 декември 2018
Мислења
441
Поени од реакции
635
Многу тешки пари, 60 милијарди за неколку години.
Тешко им паѓа на Американскиот воен буџет од 800+ милијарди годишно.

Ах, добро.
Украинците викаат дека ќе се борат додека не ги избркаат Русите од своја територија.
Не се пари во прашање, ресурси и производство е работава. Пари принтаат САД.. Европа се смена на заштеди и обновливи извори на енергија како и селекција и преработка за повторна употреба. Можда ќе успеаат кој знае.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.484
Поени од реакции
36.446
НАТО ли ги уништува?
не заебавај
ја цело време мислев Украина
Шизофрени ви се муабетиве, ама тоа е веќе е одамна на темава. Украина ги уништува со подршка од натовско разузнавање и насоки.

Уште е поголема срамота работава ако Нато ги уништува како што самите велите. Што прави Русија во врска со тоа освен што седи мирна и го прима?
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.458
Поени од реакции
81.900

Вистината е дека НАТО и Украина се борат против Русија, не само Украина.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.484
Поени од реакции
36.446
Зарем?
Повторно од почеток одиме?
Војна и само војна во тоа болната глава ти е решение на проблемот.

Со доливање бензин на огнот нема да го изгасниш.
Лупетај ти навијачки колку сакаш по темава, директни последици има и не се решаваат истите со уште војна туку со престанување на истата.
А што е решението во твојата здрава глава? Украина на клекне на колена и да прифати Руски диктат?
 
Член од
9 јули 2024
Мислења
253
Поени од реакции
366
Па не е дека не спремаа одбрана таму, баш напротив таа Суровикин линија со барикади прво ја правеа таму и кај Харков. Според мене Украина ја користи шансата да му нанесе штета на противникот каде што гледа простор. И ова е едно од тие места.

Тактички досега оваа операција е доста успешна. Уште првиот ден преку стотина заробеници, големи жртви кај русите и целосен хаос во целата Курск област. Ова влијае и на моралот на Русите и на Украинците и влијае на Путин.

Стратешката крајна цел не ја знам, зашто изгледа Украинците знаат нешто што ние не знаеме. Според мене имаат три опции сега:

- целосно повлекување со минимални жртви. Штетата е нанесена и кога пристигнува поголемо руско засилување, да се повлечат со минимални жртви.

- повлекување од некои делови но задржување на некои места кои се нај поволни да се бранат

- држење територијата и пружање отпор. Најмалку веројатно бидејќи бара многу ресурси, нешто што Украина го нема.

И во моментов да се повлечат целосно, оба ќе им биде успешна операција.
Суровикин линијата нема никаква врска со Курск, се правеше долу на југ каде што се очекуваше офанзивата, и каде што на крајот се случи.

Стотина заробеници кои ќе ги разменат за украински заробеници, големи жртви кај Русите нема, а хаос во Курск апсолутно ништо не значи за исходот на оваа војна. Тие неколку квадратни километри што ги завзедоа ќе ги вратат многу брзо, јасно ти е тоа и тебе. Тоа со моралот е гола вода, безвезен муабет како тој со посрамувањето. Стратешка цел на оваа операција не постои, секому е тоа јасно. Русите не повлекоа ниту еден војник од Донбас. Вистинската војна се води во Донбас, и Украина вака или онака ќе го изгуби цел Донбас, што е неминовно.
Автоматски споено мислење:

А што е решението во твојата здрава глава? Украина на клекне на колена и да прифати Руски диктат?
Решение сега не постои освен капитулација. Украинците имаа добитна комбинација пред војната, и три месеци во војната. Одбраа да бидат слуги на западот, сега ја плаќаат цената. Толку е просто.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.458
Поени од реакции
81.900
А што е решението во твојата здрава глава? Украина на клекне на колена и да прифати Руски диктат?
Да. Тоа е решението.

Западот ни вика вие морате да сте на евроатлански пат, у ствари, сега се виде дека они не спремаа за у Голема Албанија. Зарем да се тепаме со Западот? Не. Си прифативме ко попчиња.

Исто и Украина. Русија и вика да биде неутрална и демилитаризирана. У ствари, у пракса, тоа ќе значи - под руско влијание и без западно влијание. Украина требаше да прифати, но за разлика од нас, тие имаа грб и не прифатија. Затоа ќе страдат и они, а и светот.
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
825
Поени од реакции
839
Не се пари во прашање, ресурси и производство е работава. Пари принтаат САД.. Европа се смена на заштеди и обновливи извори на енергија како и селекција и преработка за повторна употреба. Можда ќе успеаат кој знае.
Точно, оваа војна ја добива оној што поефикасно става продукција на оружје кое е практично на самиот фронт.
Џабе силна економија и пари ако за да произведеш една артилериска единица на хардвер ти требаат 20 пати повеќе време и средства од противникот како и амин и бирократија за да се испрати истото кон Сојузникот, и таа бирократија за да подлежи на амин имаш триста коруптивни договори и зделки измеѓу за да пројде како што треба.
Америка има концептуален проблем на долг рок во војната кој не е одржлив, зошто? Затоа што мотивацијата на еден русин да произведе артилерија за 5 евра на саат е поголема од еден амер да работи на погонот за 150 евра на саат. Ако испринташ милијарди долари, тие 150 евра на саат стануваат 200. И пак истото.

Не е проблем да испринташ пари, со секое принтање пари, само го убрзуваат колапсот на капитализмот, затоа што се нема контрола каде тие пари ќе завршат, и само се убрзува тркалото на кое глувците (читај обичните луѓе) трчаат за да обезбедат за обичен живот.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
23.795
Поени од реакции
31.739
Стратешката крајна цел не ја знам, зашто изгледа Украинците знаат нешто што ние не знаеме. Според мене имаат три опции сега:

- целосно повлекување со минимални жртви. Штетата е нанесена и кога пристигнува поголемо руско засилување, да се повлечат со минимални жртви.

- повлекување од некои делови но задржување на некои места кои се нај поволни да се бранат

- држење територијата и пружање отпор. Најмалку веројатно бидејќи бара многу ресурси, нешто што Украина го нема.

И во моментов да се повлечат целосно, оба ќе им биде успешна операција.
И да се повлечеле, ова ќе им била „успешна операција“... Каков тежок копиум. :LOL:

Украинците не знаат ништо, прашај ги Америте. Стратешка цел може да биде само држење нешто (Курск во највлажните сонови), во евентуални скорешни преговори. Само тука проблемот е прво тоа што од Курск нема ни К да видат и за релативно кратко време нема ништо да држат. Второ, преговори со ценкање нема ни да има пошто РФ сега нема да прифати ништо освен целосна капитулација на првичните барања (и уште понешто).
 
Член од
22 декември 2018
Мислења
441
Поени од реакции
635
Точно, оваа војна ја добива оној што поефикасно става продукција на оружје кое е практично на самиот фронт.
Џабе силна економија и пари ако за да произведеш една артилериска единица на хардвер ти требаат 20 пати повеќе време и средства од противникот како и амин и бирократија за да се испрати истото кон Сојузникот, и таа бирократија за да подлежи на амин имаш триста коруптивни договори и зделки измеѓу за да пројде како што треба.
Америка има концептуален проблем на долг рок во војната кој не е одржлив, зошто? Затоа што мотивацијата на еден русин да произведе артилерија за 5 евра на саат е поголема од еден амер да работи на погонот за 150 евра на саат. Ако испринташ милијарди долари, тие 150 евра на саат стануваат 200. И пак истото.

Не е проблем да испринташ пари, со секое принтање пари, само го убрзуваат колапсот на капитализмот, затоа што се нема контрола каде тие пари ќе завршат, и само се убрзува тркалото на кое глувците (читај обичните луѓе) трчаат за да обезбедат за обичен живот.
Никој не гледа колку извезува Америка, а колку Увезува (Троши дупло повеќе од што извезува, а економијата расте се повеќе и повеќе), по оваа статистика може да се погледне дека е вештачки капитализмот веќе 30 години и дека се принтаат пари, а државите си ги распродаваат ресурсите за кеш што е штампан. Колку добро осмислен систем за искористување на државите што даваат ресурси, а добиваат штампани пари. И цел свет зависи од САД, да падне берзата и системот Европа + Г7, како и државите партнери ќе изгорат.. Доколку има човек што го осмислил овај систем, му честитам секоја му чест за ова нешто..
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.484
Поени од реакции
36.446
И да се повлечеле, ова ќе им била „успешна операција“... Каков тежок копиум. :LOL:

Украинците не знаат ништо, прашај ги Америте. Стратешка цел може да биде само држење нешто (Курск во највлажните сонови), во евентуални скорешни преговори. Само тука проблемот е прво тоа што од Курск нема ни К да видат и за релативно кратко време нема ништо да држат. Второ, преговори со ценкање нема ни да има пошто РФ сега нема да прифати ништо освен целосна капитулација на првичните барања (и уште понешто).
Абе капитулација важи еве одма. Три села пет месеци ги освојуваат со еден тон руски загуби, овој ми вика ќе капитулирала Украина :LOL:

Ама секоја чест за непоколебливиот оптимизам што владее на темава. Ни Курск ни мурск, авио бази, бродови, командни центри, радари, ништо не ве разубедува ни сантим од тоа дека Украина ќе капитулирала. Браво, јак ентузијазам и верба во мајка Русија.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
23.795
Поени од реакции
31.739
^^ САД ќе капитулираат, а лажицата не постои... Пардон, Украина не постои (како фактор што одлучува нешто).
 
Kajgana Shop

На врв Bottom