TotalTV Македониjа Сателитска DVB-S телевизија - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

Член од
12 август 2012
Мислења
353
Поени од реакции
128
ТОТАЛ ТВ во македонија има цена од 800 ДЕНАРИ за 0 канали пола македонски ги нема, пола се кодирани или црни ништо немаат затоа ќе пропаднат за една година и ќе се повлечат плус има низа скандали за перење пари во тотал тв македонија и крадења.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.065
Поени од реакции
12.611
МТЕЛ функционира во Македонија и Србија, каде што ги перат парите од Вучиќ. UM Функционира насекаде освен во Македонија, тоа е разликата. Настрана од тоа шо испокупија се можно во околинава, UM еве и на каков проект работи. Телеком Србија е играчка за мали деца во споредба со ова што го прави UM.

Со купување на постоечки локални и регионални кабелски телевизии, или на некој поголем телекомуникациски оператор, залудно ќе биде било какво очекување на промени во понудите на телекомуникацискиот пазар во Македонија.

Особено со оглед на фактот дека уште од 2020 година кружат муабети дека татарски Виваком сакал да го купува Македонски Телеком, а истата таа година Јунајтед Медиа го купи Виваком.

Ако идејата им е да се шират на македонскиот пазар со купување на Македонски Телеком или Телекабел, слободно прогласи го за умрено било какво очекување за промени во понудите на телекомуникацискиот пазар во Македонија.

Македонски Телеком е дувло на семејни вработувања каде што едвај 1 (ЕДЕН) од 10 (ДЕСЕТ) може да се нарече вистински работник во смисла на тоа дека навистина би направил комплетна монтажа кај краен корисник, додека останатите се најобични гребатори во највистинската смисла на зборот, одат само кај корисници кај кои има веќе постоечка инсталација од порано, што значи дека нема да се замараат со пуштање на кабли, туку само ќе местат опрема и готови се за 20 (ДВАЕСЕТ) минути, максимум за 30 (ТРИЕСЕТ) минути, а ако начекаат вистинска работа каде што треба да се прави цела монтажа од 0 (НУЛА) веднаш го префрлуваат налогот за монтажа кај приватен подизведувач без око да им трепне.

А тек па за паразитите кои работат продажба има материјал за цели книги. Еве ќе ја резимирам нивната корисност во едно прашање:

Имаш Шкода Фабија/Ситиго и имаш Пежо Партнер пикап. Кое возило ќе му го дадеш на теренскиот техничар, а кое ќе му го дадеш на теренскиот агент за продажба ?

Еве ти малку помош: во Македонски Телеком пикапот попрво ќе заврши на отпад отколку кај техничарот. Им даваат пикап на техничари единствено ако навистина немаат ниту едно останато патничко возило, и тоа им го даваат исклучиво привремено додека да им најдат некоја патничка канта во која ќе ги напикаат како сардини, а веднаш потоа пикапот се трга настрана, па ако треба и нека 'рѓосува на автоплац во возен парк додека не најдат некој канцелариски дремач кој веројатно никогаш нема ниту шајка заковано во животот, а не па да знае како се прави монтажа кај краен корисник на оптичка телекомуникациска мрежа, да се смести во пикапот.

На ова задолжително ќе мора да се додаде и да се земе во предвид реалната состојба на оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, која стандардно станува хаос после 2 (ДВЕ) години од нејзиното поставување - буквално каде и да ја прошириле денес, знај дека за 2 (ДВЕ) години од сега нема да ја препознаеш бидејќи не вршат никаква контрола на квалитет на терен после секоја монтажа кај краен корисник за да проверат како техничарите од Македонски Телеком или од приватниот подизведувач си ја завршиле својата работа и дали оставиле некоја глупост позади себеси, на пример истегнати или искинати оптички влакна во катно сандаче или во уличен ормар.

Со таква компанија која на толку фрлени пари на проширување на сопствената оптичка телекомуникациска мрежа не врши контрола на квалитет на терен, Јунајтед Медиа нема долго време да ја задржат доколку воопшто ја купат. Ќе им пукне филмот и ќе ја продадат компанијата како старо железо ако треба на најевтиниот купувач, само за да се ослободат што е можно поскоро од дувлото на семејни вработувања и бескорисни гребатори.

Телекабел се професионалци на фушерајот, ако го купат Телекабел единствено подземната оптичка телекомуникациска мрежа ќе им биде од корист на Јунајтед Медиа, додека секундарната оптичка телекомуникациска мрежа по станбените објекти слободно ќе можат да ја прогласат за умрено. Ќе мораат да ја преработат секундарната оптичка телекомуникациска мрежа на Телекабел во буквално секој станбен објект во кој е донесена.

Неотел е во застој, особено сега кога не се знае повеќе дали ќе оди на продажба, дали ќе го купува Телеком Србија или овие прилепчаниве од КДС Кабелнет, а во меѓувреме не делуваат како масовно да инвестираат во проширувањето на нивната оптичка телекомуникациска мрежа. Единствено се знае дека се шират во големите објекти, на пример во трговските центри Даемонд и Ист Гејт, и во станбените згради кои се градат позади тие трговски центри.

Единствени на кои јас би се обложувал од гледна точка на квалитет дефинитивно се А1, ја шират својата оптичка телекомуникациска мрежа каде и да стигнат, не жалат за дадените пари, инвестираат масовно и не оставаат глупости позади нив. Ама па тие со поткупување на државни и јавни функционери успеаа да издејствуваат нелегално спојување на Вип и Оне, па ако се подготвени за нешто такво да дадат пари, крајно незамисливо би било да прифатат да бидат купени од страна на Јунајтед Медиа.

Нема чист, фер и слободен пазар за Јунајтед Медиа во Македонија, ќе мораат да почнуваат буквално од чиста 0 (НУЛА) доколку сакаат да влезат на македонскиот телекомуникациски пазар и цело време да очекуваат сопки на сите страни ако не подмачкаат нечии лепливи прсти гладни и жедни за подмитување.

Додај го на ова фактот дека сме мал и претежно корумпиран пазар, и крајниот заклучок за било која компанија која не сака да ризикува многу на толку мал пазар би требал да гласи: не се исплати.
 
Последно уредено:
Член од
9 јануари 2021
Мислења
1.015
Поени од реакции
1.072
Со купување на постоечки локални и регионални кабелски телевизии, или на некој поголем телекомуникациски оператор, залудно ќе биде било какво очекување на промени во понудите на телекомуникацискиот пазар во Македонија.

Особено со оглед на фактот дека уште од 2020 година кружат муабети дека татарски Виваком сакал да го купува Македонски Телеком, а истата таа година Јунајтед Медиа го купи Виваком.

Ако идејата им е да се шират на македонскиот пазар со купување на Македонски Телеком или Телекабел, слободно прогласи го за умрено било какво очекување за промени во понудите на телекомуникацискиот пазар во Македонија.

Македонски Телеком е дувло на семејни вработувања каде што едвај 1 (ЕДЕН) од 10 (ДЕСЕТ) може да се нарече вистински работник во смисла на тоа дека навистина би направил комплетна монтажа кај краен корисник, додека останатите се најобични гребатори во највистинската смисла на зборот, одат само кај корисници кај кои има веќе постоечка инсталација од порано, што значи дека нема да се замараат со пуштање на кабли, туку само ќе местат опрема и готови се за 20 (ДВАЕСЕТ) минути, максимум за 30 (ТРИЕСЕТ) минути, а ако начекаат вистинска работа каде што треба да се прави цела монтажа од 0 (НУЛА) веднаш го префрлуваат налогот за монтажа кај приватен подизведувач без око да им трепне.

А тек па за паразитите кои работат продажба има материјал за цели книги. Еве ќе ја резимирам нивната корисност во едно прашање:

Имаш Шкода Фабија/Ситиго и имаш Пежо Партнер пикап. Кое возило ќе му го дадеш на теренскиот техничар, а кое ќе му го дадеш на теренскиот агент за продажба ?

Еве ти малку помош: во Македонски Телеком пикапот попрво ќе заврши на отпад отколку кај техничарот. Им даваат пикап на техничари единствено ако навистина немаат ниту едно останато патничко возило, и тоа им го даваат исклучиво привремено додека да им најдат некоја патничка канта во која ќе ги напикаат како сардини.

Кога на ова ќе ја додадеш реалната состојба на оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, која стандардно станува хаос после 2 (ДВЕ) години од нејзиното поставување - буквално каде и да ја прошириле денес, знај дека за 2 (ДВЕ) години од сега нема да ја препознаеш бидејќи не вршат никаква контрола на квалитет на терен после секоја монтажа кај краен корисник за да проверат како приватниот подизведувач си ја завршил својата работа и дали оставил некоја глупост позади себеси, на пример истегнати или искинати оптички влакна во катно сандаче или во уличен ормар.

Со таква компанија која на толку фрлени пари на проширување на сопствената оптичка телекомуникациска мрежа не врши контрола на квалитет на терен, Јунајтед Медиа нема долго време да ја задржат доколку воопшто ја купат. Ќе им пукне филмот и ќе ја продадат компанијата како старо железо ако треба на најевтиниот купувач.

Телекабел се професионалци на фушерајот, ако го купат Телекабел единствено подземната оптичка телекомуникациска мрежа ќе им биде од корист, додека секундарната оптичка телекомуникациска мрежа по станбените објекти слободно ќе можат да ја прогласат за умрено. Ќе мораат да ја преработат секундарната оптичка телекомуникациска мрежа на Телекабел во буквално секој станбен објект во кој е донесена.

Неотел е во застој, особено сега кога не се знае повеќе дали ќе оди на продажба, дали ќе го купува Телеком Србија или овие прилепчаниве од КДС Кабелнет, а во меѓувреме не делуваат како масовно да инвестираат во проширувањето на нивната оптичка телекомуникациска мрежа. Единствено се знае дека се шират во големите објекти, на пример во трговските центри Даемонд и Ист Гејт, и во станбените згради кои се градат позади тие трговски центри.

Единствени на кои јас би се обложувал од гледна точка на квалитет дефинитивно се А1, ја шират својата оптичка телекомуникациска мрежа каде и да стигнат, не жалат за дадените пари, инвестираат масовно и не оставаат глупости позади нив. Ама па тие со поткупување на државни и јавни функционери успеаа да издејствуваат нелегално спојување на Вип и Оне, па ако се подготвени за нешто такво да дадат пари, крајно незамисливо би било да прифатат да бидат купени од страна на Јунајтед Медиа.

Нема чист пазар за Јунајтед Медиа во Македонија, ќе мораат да почнуваат буквално од чиста 0 (НУЛА) доколку сакаат да влезат на македонскиот телекомуникациски пазар и цело време да очекуваат сопки на сите страни ако не подмачкаат нечии лепливи прсти гладни и жедни за подмитување.

Додај го на ова фактот дека сме мал и претежно корумпиран пазар, и крајниот заклучок за било која компанија која не сака да ризикува многу на толку мал пазар би требал да гласи: не се исплати.
За жал, можеше Оне да оди на продажба па да го купат од УМ па тие после да инвестираат во мобилната и оптичка инфраструктура, ама ко имаме Банана држава арно ни е и сега.
Македонски Телеком може да продаде дел од Акциите на некој надворешен оператор за да има удел, ама се знае се е тука политика.
 
Член од
12 август 2012
Мислења
353
Поени од реакции
128
Тотал Тв, во Македонија дали ќе држи уште година дена. Само високи цени ништо услуга. Само кај нас не е ребрендиран во ЕОН САТ.
 
Член од
12 јуни 2022
Мислења
1.193
Поени од реакции
553
Тотал Тв, во Македонија дали ќе држи уште година дена. Само високи цени ништо услуга. Само кај нас не е ребрендиран во ЕОН САТ.
Baraat agent za vo kontakt centar na vrabotuvanje com mk i pisuva radi prosiruvanje na kompanijata najverojatno planiraat nesto ili nekoj se izbrkale
 
Член од
12 август 2012
Мислења
353
Поени од реакции
128
Neotel go lansirase REPLAY TV so 190 tv kanali. Total TV zgasnuva poleka.....
Автоматски споено мислење:

Dali uste 1 godina Total ke drzi vo Makedonija.....
 
Член од
12 август 2012
Мислења
353
Поени од реакции
128
Total segde e eon sat kaj nas propagja.....
Автоматски споено мислење:

Total segde e eon sat kaj nas propagja.....
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.888
Поени од реакции
8.271
Кој рече дека ќе пропаделе во Македонија? Еве спремаат и нешто што ја вклучува и Македонија.

Eutelsat Grupa je izabrana kao jedini satelitski operator United Grupe u ovom procesu konsolidacije. Prelazak na DTH platformu nove generacije, sa jednim operatorom i njegova dva satelita na dve orbitalne pozicije, trebalo bi da bude završen do kraja 2025. godine, a konsolidacija će uključivati i jedinstveni STB uređaj i CAS sistem, univerzalnu TVRO prijemnu satelitsku antenu i Teleport za „uplink“ sadržaja, navodi se u saopštenju.

Ovom saradnjom United Grupa će proširiti DTH usluge nove generacije na publiku od 40 miliona ljudi preko operatora Telemach, NOVA, Bulsatcom, VIVACOM, SBB i Total TV u osam zemalja (Grčka, Bugarska, Bosna i Hercegovina, Hrvatska, Severna Makedonija, Crna Gora, Srbija, Slovenija). Konsolidacija i reorganizacija DTH usluga će omogućiti United Grupi da iskoristi nove standarde prenosa i tehnologije kompresije, proširi kapacitete prenosa, podrži više kanala, poveća kvalitet i omogući inovativne usluge za TV pretplatnike, dodaje se.
 
Последно уредено:
Член од
9 јануари 2021
Мислења
1.015
Поени од реакции
1.072
Кој рече дека ќе пропаделе во Македонија? Еве спремаат и нешто што ја вклучува и Македонија.


Па поквалитетна слика имаат Тотал од МСат дефинитивно, само што МСат ги има Арена Спорт и каналите од Телеком Србија, а Тотал Спорт Клуб. Далеку е подобра сликата и тајнирот дека е црн е подобар за прием на сигнал
 

y2k

Член од
4 октомври 2022
Мислења
1.126
Поени од реакции
1.656
Кој рече дека ќе пропаделе во Македонија? Еве спремаат и нешто што ја вклучува и Македонија.




Додека некој ги пери парите во Македонија, и изиграва оператор, овие фураат со 200 на час со инфраструктура и инвестирање
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.888
Поени од реакции
8.271
Па поквалитетна слика имаат Тотал од МСат дефинитивно, само што МСат ги има Арена Спорт и каналите од Телеком Србија, а Тотал Спорт Клуб. Далеку е подобра сликата и тајнирот дека е црн е подобар за прием на сигнал
Што има врска тањирот каква боја е? Ако сакаат и зелен ќе биде. Крај краева тањирот и толку не вреди што не ти го ни земаат ако раскинеш или не продолжиш договор. Мислам може и грешам дека битен е тој моторот или како и да се вика тоа делчето што е закачен на шипката покрај тањирот за да ги фаќа сателитите.

Тоа дека Total tv има подобра слика си во право повеќе имаат HD ама колку што имав прилика да корустам ги немаат сите Спорт клуб на сателит.

MTS Телеком Србија сака да ги уништи United Group, SBB, Тotal tv... МTS во Србија повеќе пуштаат канали во нивниoт Iris TV. Вртат пари во продукција серии, филмови и нивна сопственост тв канали.

Moментално колку што гледам неколку водители од Nova S се селат на Blic tv која е ексклузива на Телеком Србија а беа на Nova S поради слобода бидејќи не го сајаат многу Вучиќ особено Иван Ивановиќ е тој кој преку терање хумор е против Вучиќ на некој начин. Телеком Србија се спремаат да започнат со работа на новиот канал NewsMax Balkans за кој United Media први имаа лиценца но не ја продолжија и овие Tелеком Србија им го земаа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom