Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.829
Поени од реакции
7.200
Отвориме одлично со предност од 3-0, за брзо се вратија Французите и цело прво полувреме имаа водство од неколку гола, на полувреме заминавме со нерешено, постигнавме гол во последна секунда за 14-14, второто полувреме цело време бевме во негатива од 1-2 гола и се играше гол за гол, на минута пред крај израмнивме и во последниот напад примивме гол, баш штета, мислам дека со малку среќа можеше да се радуваме на крај.

Има многу простор за пофалба, прво голманчето Николовски, за мене најдобар наш играч денеска, фантастично второ полувреме, многу одбранети зицери, тој не одржуваше во живот.
После него би го спомнал десното крило Петрески, искрено ме изненади колку смирено реализираше во некои клучни ситуации и тоа од доста тешки позиции, само едно промашување имаше и 5-6 реализации, направи и една глупост на десетина минути пред крај кога без потреба го фаулираше нивното лево крило кое имаше чист агол за влез, заработи исклучување и седмерец за Франција, сепак треба да се земе во предвид дека се работи за дете кое нема некое искуство и ова му е прво сериозно натпреварување, генерално имаше добар настап.
Дамјан Митев делува како прав лидер во овој состав, изведува седмерци, шутира под пасивен. кога е на терен делува дека сите од него очекуваат нешто, прво полувреме како сам да играше, останатите бекови беа некако грч, во второ полувреме веќе се ослободија и покажаа дека има ракомет во нив, Матески беше солиден, има добро движење, игра еден на еден, знае да изнуди седмерец, исклучување, има потенцијал во него.
Како разочарување би го спомнал само капитенот Самоил Ристевски, ништо од него денеска, мислам дека немаше гол постигнато, два пати фаул во блок прави, еднаш престап, заработи и црвен картон, може и јас имам преголеми очекувања од него поради тоа што повеќе време е во сениорски ракомет и добиваше повици и за претходните генерации, веројатно и повредата што ја имаше си зема данок, се надевам на подобри негови настапи на наредните натпревари.

Генерално позитивен прв впечаток, покажаа децата борба 60 минути, карактер, желба за победа, без предавање во ни еден момент, позитивно сум изненаден.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.704
Поени од реакции
5.937
После него би го спомнал десното крило Петрески, искрено ме изненади колку смирено реализираше во некои клучни ситуации и тоа од доста тешки позиции, само едно промашување имаше и 5-6 реализации, направи и една глупост на десетина минути пред крај кога без потреба го фаулираше нивното лево крило кое имаше чист агол за влез
Не беше тој туку другото десно крило во игра за тој фаул
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.704
Поени од реакции
5.937
Митев изгледа повреден, вчера имаше лош пад на зглобот
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.276
Поени од реакции
5.529
Стандард криминални одлуки од судии на вакви првенства
Автоматски споено мислење:

Самоил со Столе рецептура на крај, браво многу мудро им ја шибна на искуство. Печени се германциве да ги тепаме, штета и вчера со Франција 1 гол.

Не изгледаме лошо вака
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.704
Поени од реакции
5.937
Штета штета без Митев а се носиме со Германија, репрезентација која ги наполни Полјаците вчера со 20 разлика..
Автоматски споено мислење:

Матески после Митев најдобар играч на клупа закован од 10мин......
 
Последно уредено:
Член од
25 декември 2019
Мислења
1.863
Поени од реакции
2.844
Многу лошо одиграно, тешка катастрофа.
Самоил Ристески и бекот Крстевски, кој колку толку пробиваше, беа единствените кои одиграа нешто.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.704
Поени од реакции
5.937
Гранитна одбрана на Германија, изгледаа како да имаа играчи со физичка конституција на возраст од 23 години, а не 18.
Ме потсети ја на Египет 2019та во Скопје кога се играше светското.
Тој левиот бек прав бик, пробиваше како сакаше и кога сакаше.
За разлика од нив, имаме играчи кај нас кој изгледаат како дома да не добиваат доволно храна.
Зарем не рековме дека ќе се работи професионално со играчите со нутриционисти и тренери за теретана?
Говориме за истите работи веќе 5 години и никако да научиме.
Се сметаме за ракометна нација а не функционираме како такви, реалнсота е дека сме сепак многу далеку од репрезентации како Германија во случајот.
Или веќе извадивме играчи од 2002/2004 за во сениоири па ајде батали следните генерации не се битни?
 
Член од
21 февруари 2007
Мислења
1.143
Поени од реакции
1.892
За разлика од нив, имаме играчи кај нас кој изгледаат како дома да не добиваат доволно храна.
Зарем не рековме дека ќе се работи професионално со играчите со нутриционисти и тренери за теретана?
Говориме за истите работи веќе 5 години и никако да научиме.
Многу убо го кажа ова но ајде кажи ми кој во македонско семејство би приуштил на дете таква храна каде во неделата на маса ќе има 3 пати богата порција од црвено месо како протеин, риба 2 пати, пилешко 2 пати, за дорчек да има богат со витамини, минерали, магнезиум, железо а да не зборам дека и кај нив вечерата е главно јадење а кај нас дај шо даш.

Па кај нас пука играта со паштета со јогурт (ако се има), со маргарин со сирење, еден тон мајонез намачкан со некоја шунка од мелени уши, ајвар ако има некоја тегла, домат, пиперка итоа пази испод пола сомун не се рачуна, а за ручек пука играта оризот, грав, грашак, боранија не дека нема месо но сите тие работи кај нас шо ги јадиме се преварени или пржени или препечени и губат секаков нутриционистичка корист за телото да се издигне, за вечера да не спомнувам кифли или сендвичи некаде ако се излезени или грицки да се сузбие глад.
Ние таква свест имаме после 25-26 години дека тоа носи бенефит. а тоа кај нив е начин на живот.
Затоа нема потреба ова да се спомнува
 
Член од
4 ноември 2016
Мислења
2.358
Поени од реакции
1.896
Многу убо го кажа ова но ајде кажи ми кој во македонско семејство би приуштил на дете таква храна каде во неделата на маса ќе има 3 пати богата порција од црвено месо како протеин, риба 2 пати, пилешко 2 пати, за дорчек да има богат со витамини, минерали, магнезиум, железо а да не зборам дека и кај нив вечерата е главно јадење а кај нас дај шо даш
Здравата храна и не е баш така скапа, немора да јади пилешко од 600д/кг. Еден протеин туба месецот е 3500 отприлика. Овес, зеленчук, овошје не е скапо. Едно излегвање за викенд сите трошат по 3000 минимум. Плус сега платите во мнозинството не се како порано на преживување. Само кај нас неќат да работат, да не збораме дека спортист нема потреба да конзумира толку јака храна и обемна како еден бодибилдер пример.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.704
Поени од реакции
5.937
Многу убо го кажа ова но ајде кажи ми кој во македонско семејство би приуштил на дете таква храна каде во неделата на маса ќе има 3 пати богата порција од црвено месо како протеин, риба 2 пати, пилешко 2 пати, за дорчек да има богат со витамини, минерали, магнезиум, железо а да не зборам дека и кај нив вечерата е главно јадење а кај нас дај шо даш.

Па кај нас пука играта со паштета со јогурт (ако се има), со маргарин со сирење, еден тон мајонез намачкан со некоја шунка од мелени уши, ајвар ако има некоја тегла, домат, пиперка итоа пази испод пола сомун не се рачуна, а за ручек пука играта оризот, грав, грашак, боранија не дека нема месо но сите тие работи кај нас шо ги јадиме се преварени или пржени или препечени и губат секаков нутриционистичка корист за телото да се издигне, за вечера да не спомнувам кифли или сендвичи некаде ако се излезени или грицки да се сузбие глад.
Ние таква свест имаме после 25-26 години дека тоа носи бенефит. а тоа кај нив е начин на живот.
Затоа нема потреба ова да се спомнува
Ако играш за репрезентација, веројатно ракометната федерација треба да има поддршка за репрезентативците во вид на стипендија, обезбедување на протеини, витамини итн.
Тоа беа нивни ветувања дека ќе почнат сериозно да работат со младите генерации.
Ракометна нација мај ес, па зборуваме за основни работи од 2019та навака.
 
Член од
21 февруари 2007
Мислења
1.143
Поени од реакции
1.892
Здравата храна и не е баш така скапа, немора да јади пилешко од 600д/кг. Еден протеин туба месецот е 3500 отприлика. Овес, зеленчук, овошје не е скапо. Едно излегвање за викенд сите трошат по 3000 минимум.
Зборуваме за деца кои се пред завршување на средно или веќе завршиле. Тие деца стипендиски добиваат до 500€ од клубовите (ако се потенцијал).
Дома мн ретко кој ги има условите за таква храна иако како шо велиш недека платите и не се така лоши ко порано.
Не ги спомнувам тие како главен фактор туку начинот на живот на балканот не ни нуди да одиме по друг принцип на живот.


Ако играш за репрезентација, веројатно ракометната федерација треба да има поддршка за репрезентативците во вид на стипендија, обезбедување на протеини, витамини итн.
Ништо посебно не даваат освен како мала финансиска амортизација (скоро никаква) за тоа шо ја претставуваш државата.

Недај боже да имаш сериозна повреда и да си вон терени подолг период гајле им е.
Се е шминка.
 
Член од
18 октомври 2023
Мислења
7
Поени од реакции
19
Значи висина не се добива за регулирана исхрана,нас цела игра ние конципирана на средни бекови поради тоа што најверојатно во оваа генерација нема класични бекови над 195 цм
Се работи за слична генерација како претходната,која што освен пикерите нема други физички доминантни играчи
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
2.091
Поени од реакции
3.835
Резултатот е океј. Немав никакви очекувања по оние во квалификациите, а бевме конкурентни и на Франција и на Германија. Добро е да се победи Полска со некои барем 3-4 гола разлика, за да бидеме пред Чешка, која верувам ќе ја добијат Украина со некои 8-10 разлика. Тоа би значело и пласман на СП, каде форматот ќе биде поинаков и може и некако да се протнеме до втор шешир.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom