Политички случувања во САД: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?


  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .
Под услов да се спроведуваат законите и да важат еднакво за сите.

А не да можеш да украдеш што ти душа сака среде Калифорнија во вредност под 950 (ДЕВЕТСТОТИНИ И ПЕДЕСЕТ) американски долари, и да си извадиш жива глава без полиција воопшто да те гони, и веќе утре слободно да се вратиш и повторно да украдеш од истото место и повторно да си извадиш жива глава.

Таргет пред казна за пријавување премногу кражби

Или јавни обвинители финансирани од невладини организации да одбиваат кривично да гонат нелегални имигранти и криминалци бидејќи едноставно така им текнало.

Богата или сиромашна, мала или голема, премногу населена или премалку населена, ниту една цивилизирана држава не може да опстои доколку законите не се почитуваат и спроведуваат подеднакво за сите, без исклучок.
Ne se sekiraj, nigde zakonite ne se pocituvaat podednkavo, pa ete, zivurkame nekako.
 
Ne se sekiraj, nigde zakonite ne se pocituvaat podednkavo, pa ete, zivurkame nekako.

Или со други зборови кажано: ќути и трпи ?

Ај ќе видиме колку ќе потрае тоа и до кога.

Не заборавај дека САД не се Македонија или некоја друга помала држава, сепак се светска економија број 1 (ЕДЕН), населена од над 330 (ТРИСТОТИНИ И ТРИЕСЕТ) милиони жители, од кои 10% живеат во Калифорнија.

Ќути и трпи некако не се совпаѓа со нормален живот во држава во која мораш да плаќаш даноци и да живееш во суров капитализам како што и ти самиот го нарече, бидејќи американците очекуваат парите од нивните даноци да вредат за нешто, како на пример за јавен ред и мир, а не за слобода на отворено и јавно ограбување.

До кога и колку ќе трае балканското ќути и трпи во држава од речиси 39 (ТРИЕСЕТ И ДЕВЕТ) милиони жители, времето ќе покаже.
 
САД можеби на хартија се економија број 1, но се презависни од Кина.
 
САД можеби на хартија се економија број 1, но се презависни од Кина.
and vice versa. Cel svet e zavisen eden od drug. Megjutoa dokolku ete dojde do totalen rascep i studena vojna, i dvete zemji se prilicno nezavisni. Glaven dvigatel im e vnatresniot pazar a ne nivnata megjusebna trgovija.
 

Како тргнале американосиве, за брзо ќе гледаме римејк на сликава во Вашингтон :ROFLMAO:
cd2990020ec5ce3e54cb1fb165e2bfbf.jpg
 
Шалата на страна пирамидите ТАТ, Браќа Карич имаат време на живот во зависност од динамиката на развој, брза експанзија или бавна.
Капитализмот е исто, кога ќе нема нови региони и стигне лимит има криза инфлација , војна или мењаш систем. Реално имаме три капитализма, прединдустриски, индустриски и постиндустриски финансиски капитализам. Реално може да се гледаат како три сосема различни општества, но луѓето се плашат од тие ствари името е едно-капитализам.
Претпоследниот систем е инклузивниот капитализам на Шваб, кое е доказ дека има центар што многу добро разбира и планира за во иднина накаде да оди светот. Да може Фукујама да незнаел дека либерализмот не е крајот на историјата, но тие сили што ја движат глобализацијата многу добро знаат и го буткаат светот во таа темна антиутопија, дури и што ќе после инклузивниот капитализам. Во крајна сметка предлагаат кастово општество, многу стрмно, никакви лифтови за нагоре, депопулација, евентуално генетски да се модифицират и ограничат долните касти.
Во таа група припаѓат демократите на Бајден и целиот ЕС, дури и таму малкумина се посветени што градат.
Трамп е исто утопист, но ако дојде на власт може и да успее да го разруши финансискит капитализам, МВФ, СБ, банкрот и голем ресет. Ќе има ресурси за нова индустриализација.
Како последица од Бредтон Вудскиот сиситем глобализмот имаше експанзија на исток, така и течеше деиндустрализација на САД и ЕС. Денес САД се деиндустриализирани има потенцијал да почнат циклус на нова индустриализација, така да имат четиресетина години да пумпат нов балон на капитализмот, после ќе му ја мислат.
 
Трамп е исто утопист, но ако дојде на власт може и да успее да го разруши финансискит капитализам, МВФ, СБ, банкрот и голем ресет. Ќе има ресурси за нова индустриализација.
Трамп не е утопист, тој е реалист.
 
Трамп не е утопист, тој е реалист.
Да тоа е реална опција, но целата таа група индустиски капитал- фабриканти колку се навнатре во самиот систем капитализам, незнам. Лимитот на капитализмот е објективност, после 30 - 50 години се ќе настапи и кај Трамп. Но од друга страна трансхуманизмот на Бајден е страшно темна антиутопија, после 40 години Трампистите се ќе измислат некое не толку лошо општество, башка има конкуренција , многуполарноста има неколку региони- цивилизации, ќе има конкуренција не може некој трансхуманист да направи Аушвиц, 90% депопулација на својот реон, народот ќе гледа кај комшиите, така да таа елита нема да може да прави што сака, може да има бунт револуција...
 
Интересно е да се гледа како републиканците се прпељкаат на земја и се усрани од една Камала, што можеби беше втор најлош можен кандидат на демократите после Бајден.
 
Инаку, на мое огромно изненадување, демократите го одбраа Тим Валц да биде на тикетот со Камала. Бев сигурен дека ќе биде Шапиро, зарадо важноста на Пенсилванија.
 
Последно уредено:
Инаку, на мое огромно изненадување, демократите го одбраа Тим Валц да биде на тикетот со Камала. Бев согурен дека ќе биде Шапиро, зарадо важноста на Пенсилванија.
Сами си се закопаа. Уште поубаво.
 
Сами си се закопаа. Уште поубаво.

И ти мислеше дека Шапиро ќе биде? Многу сум изненаден, Пенсилванија е буквално најважната држава во овие избори, Минесота секако демократите ќе ја земат.
 
И ти мислеше дека Шапиро ќе биде? Многу сум изненаден, Пенсилванија е буквално најважната држава во овие избори, Минесота секако демократите ќе ја земат.
И јас мислев Шапиро ќе биди, ама ја губат Мичиген (најголем дел од муслиманската популација во Америка) и прогресивциве ако изберат евреин како VP. Пак ќе им беше подобро со Шапиро, ама вака услуга им направија на Републиканците.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom