Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    697

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
24.043
Поени од реакции
32.072
10 пати да ти реплицирам, 10 пати ќе игнорираш дека дел од планот очигледно бил притисок за брз мировен договор. Второ и влечење војска/техника накај Киев. На крај сеедно е што ти мислиш дека е добро или лошо војување (па и јас или било кој). Ќе видиме кој ќе победи а скроз го игнорираш и тоа кој засега очигледно победува.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.898
Поени од реакции
26.526
Јамајка, ајде биди реален, од сите овде навистина нема смисла.
Навивањето е една работа, ама реалноста е друга.
Имам пишано којзнае колку пати наназад, победа на Русија е посакувано нешто, барем за нас тука и општо за светот. Ама не можеме да измислуваме работи комплетно игнорирајќи ја реалноста.

Нема страна што би сакала да води долга и бавна војна, особено рововска.
Тука ангажираш огромни ресурси, се префрлаш бавно на воена економија, страда се останато. И победата е знак прашалник. Нема некој во историјата на кого му одговара таква војна.

Русите од денешна гледна точка, се би дале да водат герила војна.
Тогаш се справуваш со непријател што има само лесни оружја. Ангажираш луѓе од освоените територии да се борат за тебе. Непријателот нема никаква логистика. Не може да биде снабден со оружје од надвор. Имаш целосна контрола над територијата.

Од другата страна, како што е сега, имаш непријател чија логистика е непрекината, константно поддржан и вооружуван од трети страни, со секаков тип на тешки оружја кој го има целиот човечки потенцијал на своја страна.
Те молам кажи ми, како е полоша герила отколку моменталнава рововска војна?

За нападот на Киев, (заедно со @Vanlok ) пак прашањето е, зошто правеа воздушен десант и брз продор, ако само еден месец подоцна заглавија во рововска војна и 2 успешни офанзиви на Украинците?
Каков лажњак е тоа?
Нема врска со навивање, туку со здрав разум.

За да твојата теорија има смисла, тоа значи дека Руската армија ја водат идиоти, а знаеме од Сирија и Грузија, дека не е така.

Неможеш на твојата теорија да врзеш било какво мислење за продорот на север, ако во него не стои дека човечкиот фактор затаил, како на пример разознавачките служби или воените планери, или пак дека се надевале дека со 9К ќе им извршат на Киев притисок. Колку е банален Киев за воено освојување, говори и фактот дека Русите без никаков проблем речиси го заобиколија за еден ден. Град со стратешка важност не се остава така со гол газ. Па уште ако е на 50 километри од Руска граница. Значи апсолутно да се освои Киев во таа фаза од војната ќе беше непотребна компликација за Русија, која би можела на крајот да ја чини пораз. 3 милионски град, со развиена криминална инфраструктура, која, нели кога е западот во прашање, ќе се претвори во мошне успешна герила (ко на балканот УЧК). И што ако го завземеја Киев? Што кој кур ќе постигнеа? Ќе капитулираше Украина ?

Уствари ајде вака да упростам, за што и да им беше продорот на север, откако ја заврши својата улога, едноставно Русите се повлекоа. Според тоа колку војска учествуваше, колку се повлекоа без никаков притисок, мене ми останува да заклучам дека е маскировка. Не е ни прв ни последен пат Русите да прават маскировка. Едноставно што кур ќе праат на север со 9К војска?

Истото се случува што се случуваше и во Сирија, само на бајаги помасивно ниво, пошто Сирија е пустина, тука е густо и има гратчиња на помалку од километар. Секое градче и селце, па и со ограничена муниција, со 100-200 души може да држи позиција со денови. Дури и да се опколени, можат сериозна штета да нанесат на напаѓачите. За да речеш дека Русите биле избркани со борба од веќе освоените градови (кои најверојатно немаат никаква стратешка улога, пошто се освоени за еден ден), без тоа претходно да го планирале, треба буквално сите до еден да се малоумни. Не ни покушале да ги бранат повеќето, се повлекле пред воопшто Украинците нападнале. Значи пошто знам дека во Руската армија не управуваат малоумни и поглупи од нас тука багра собрана на форумов, знам и дека таа акција на север е маскировка. Напаѓаат на север, со фанфари најавуваат глупости попут воздушни мостови и десанти, па огромна колона со логистика, па држ недај. А на југ све си тече глатко, нит колони логистика, нит ништо, трет ден ми се чини го поминаа Дњепар и го заобиколија Мариопол. Во моментот кога го завземаа Мариопол, магично логистичката колона ја снема, и почнаа да се повлекуваат од градовите на север. На Украинците неколку дена им требаше да укопчаат дека Русите стварно се повлекле за да влезат во местата. Па потрчаа да го фатат повлекувањето од Керсон, ама во Керсон им држеа отстапница, па го јадеа стапот дебело. Па после почнаа да ги напаѓаат кај Купијанск, И таму не успеаја ништо, Русите успешно си се повлекоа, а Украина доби ПР победа :)

После тоа, откако целосно го евакуираа Руското население од Керсон, мирно се повлекоа и од таму. И таму на Украинците им требаше неколку денови,пред да сватат дека Русите се повлекле.

Единствена воена стратешка офанзива во вистинска смисла на зборот на Украинците, беше Роботине. Тоа во Керсон и Купијанск, беше hit & run, повеќе партизанска тактика, на трупи кои веќе се повлекуваат. Може си мислеле дека и од Роботине ќе избегаат кога ќе ги видат бредлињата.

Што се однесува дека „Русија денеска би сакала да се соочи со герила“. Да ја следиш оваа војна, и да го кажеш тоа е смешно. Па војната и се води со оружја кои мошне лесно се користат од герила. Како на пример, дрончиња, DIY ракети и разно разни гаџети, кои нанесуваат огромни штати. Замисли све тоа да го има, не на линија на фронтот, туку насекаде кај што се движи Руска војска. Мислам дека сте заслепени од тоа како западните извори ја претставуваат војната. Западниот наратив сигурно дека ќе ја тера приказната на своја воденица. Нема да каже дека Русија ги насамарила со маскировката на север. Полесно им е да каже дека Русите се малоумни и корумпирани, ако треба и дека Путин ги лаже дека го освоиле сонцето, отколку да кажат дека се насамарени.

Воопшто да кажеш дека е ова рововска војна и притоа да мислиш на првата светска војна и да ја споредиш со оваа војна, е смешно. Русија ја води војната на свој терен. После првичниот продор, нема потреба да напредува, за да ја слабее Украина, а богами и НАТО. Еве на пример ние останавме и без тенкови и без авиони и без хеликоптери. Цело источно крило на НАТО е без оружје. Што им треба на Русите да маневрираат и навлегуваат длабоко во територија? За дополнителни загуби? Нема потреба, си го владеат теренот, полека ги делкаат тврдините во Донбас со Тосови, фаб500, фаб3000 и со разни други помагала. Зошто да ризикуваат да одат внатре длабоко во украинска териуторија, да не можат да бомбардираат пошто некој стингер заостанал. Не, вака тие сами си доаѓаат, пошто Русите се глупи, не ги бива, гинат на ангро. Немаат потреба да мрднат посериозно, а мелат. Имаш ваљда идеја што е фаб500? На неколку (2) километри ја осеќаш со внатрешните органи. фаб3000 кога ќе падне, све на радиус од 500-1000 метри, не е способно за војување одредено време.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.262
Поени од реакции
4.866
10 пати да ти реплицирам, 10 пати ќе игнорираш дека дел од планот очигледно бил притисок за брз мировен договор. Второ и влечење војска/техника накај Киев. На крај сеедно е што ти мислиш дека е добро или лошо војување (па и јас или било кој). Ќе видиме кој ќе победи а скроз го игнорираш и тоа кој засега очигледно победува.
Ако не направиш ништо, или ако те фатат дека блефираш, каков е тоа притисок за брз мировен договор?

За брз мировен договор, треба да направиш нешто (освојување и сл) или да си убедлив и да го прифатат твојот блеф.
Блеф очигледно не беше.
Што значи останува првото, дека Русија се обиде да направи нешто таму горе.

И на крајот, колку војска повлече Украина од југот за да се справи со наводно тие 9 илјади војници или колку и да биле?
Бидејќи, очигледно не повлекоа доволно за да можат Русите на југ да ги исполнат целите.

Колку е банален Киев за воено освојување, говори и фактот дека Русите без никаков проблем речиси го заобиколија за еден ден
Ок, да речиме дека е така. Дека Русија навистина кај Киев само сакаше да врзе војска.
Тогаш зошто не успеаја на југ? (не успеаја бидејќи продорот им беше запрен после кратко време и Украина направи 2 успешни офанзиви во кои врати голем дел од изгубената територија)

Од Керсон Русија се повлечи бидејќи ако се бореа ќе завршеа поразени (логистиката им беше пресечена) со загуби и гратис опрема за Украинците. Како што се случи само некој месец претходно кај Харкив (или како и да се викаше).

И да, војната наликува и е споредлива на Прва светска војна. Утврдени позиии, ровови, кратери од артилерија, фронт што е статичен веќе 2 годиини.
Не можат да напредуваат бидејќи секој напредок ги чини скапо. Има секојдневно видеа каде пробуваат да направат пробив и постојано губат оклопни возила. Тоа не наликува на делкање.
Не е само Русија што ги бомбардира првите линии, тоа го прават и Украинците постојано.

И на крајот, не се Украинците тие што постојано бараат мировен договор.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.898
Поени од реакции
26.526
Тогаш зошто не успеаја на југ? (не успеаја бидејќи продорот им беше запрен после кратко време и Украина направи 2 успешни офанзиви во кои врати голем дел од изгубената територија)
Како мислиш не успеаја? Не го поврзаа крим до копното? Не ги евакуираа Русите од Керсон? Не го опколија Мариопол?

Операцијата на југ беше хируршки успешна.

ова ти е жив пример на потценување на Русите и како луѓе и како војска… ајде да видиме од другата страна, Украина колку време го држеше Кринки, преку истата таа река, од кај што како што тврдиш Русите неможеа да направат логистика.

И да, војната наликува и е споредлива на Прва светска војна. Утврдени позиии, ровови, кратери од артилерија, фронт што е статичен веќе 2 годиини.
Не можат да напредуваат бидејќи секој напредок ги чини скапо. Има секојдневно видеа каде пробуваат да направат пробив и постојано губат оклопни возила. Тоа не наликува на делкање.
Не е само Русија што ги бомбардира првите линии, тоа го прават и Украинците постојано.
Тврдењето дека војнавз наликува на 1ва светска војна, само кажува дека не многу си прател воена историја. Бомбардирањето на Русите е 1/10 кога збориме за артилерија, а кога збориме фаб, тоа се оние бомби од 500+ кила, или вакум бомби, тогаш Украинците не користат вакви бомби, а тоа се бомби од кои неможе да те спаси ров. Затоа тврдам дека е мелење. Како возвраќаат Украинците на фабовите или на тосовите? Кој е нивниот еквивалент на овие деструктивни бомби?

И на крајот, не се Украинците тие што постојано бараат мировен договор.
Па јас не видов иницијатива некаква да се започне реално преговори. Црвените линии на Украина се толку нереални, што мало дете ќе ти каже дека моментално со ставот на Украина, не е можен мир. А ставот на Русија, како поминува времето иде во се поголема штета на Украина. Тоа е политика.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
24.043
Поени од реакции
32.072
Ако не направиш ништо, или ако те фатат дека блефираш, каков е тоа притисок за брз мировен договор?

За брз мировен договор, треба да направиш нешто (освојување и сл) или да си убедлив и да го прифатат твојот блеф.
Блеф очигледно не беше.
Што значи останува првото, дека Русија се обиде да направи нешто таму горе.

И на крајот, колку војска повлече Украина од југот за да се справи со наводно тие 9 илјади војници или колку и да биле?
Бидејќи, очигледно не повлекоа доволно за да можат Русите на југ да ги исполнат целите.

Ок, да речиме дека е така. Дека Русија навистина кај Киев само сакаше да врзе војска.
Тогаш зошто не успеаја на југ? (не успеаја бидејќи продорот им беше запрен после кратко време и Украина направи 2 успешни офанзиви во кои врати голем дел од изгубената територија)

Од Керсон Русија се повлечи бидејќи ако се бореа ќе завршеа поразени (логистиката им беше пресечена) со загуби и гратис опрема за Украинците. Како што се случи само некој месец претходно кај Харкив (или како и да се викаше).

И да, војната наликува и е споредлива на Прва светска војна. Утврдени позиии, ровови, кратери од артилерија, фронт што е статичен веќе 2 годиини.
Не можат да напредуваат бидејќи секој напредок ги чини скапо. Има секојдневно видеа каде пробуваат да направат пробив и постојано губат оклопни возила. Тоа не наликува на делкање.
Не е само Русија што ги бомбардира првите линии, тоа го прават и Украинците постојано.

И на крајот, не се Украинците тие што постојано бараат мировен договор.
Пак ќе се вртиме во круг?

- блефирале секако, со 9К луѓе не може да се освои Киев (рековме, освен со армија на клонови на Чак Норис)
- fog of war, сега знаеме дека блефирале и дека биле 9К војници, тогаш ни ние, ни Украинците, ни нивните западни хендлери, не знаеле дека продорот е само со 9К луѓе
- од украинска страна беше довлечен солиден број војска и техника да го брани Киев
- последователно следните денови Русите го освоија цело украинско крајбрежје до Одеса во линија грубо од ДНР до Дњепар
- Русите имаат растегливи дефанзивни линии, секако дека Керсон на долг план им е неисплатливо да го бранат... и не дека не можат туку не им е исплатливо
- Украинците имаат западни хендлери кои кон живата сила имаат други приоритети од руските, па следствено дупка како Кринки ја држеа со месеци (и којзнае колку Украинци бескорисно загинаа таму)
- итн
- итн

Ај сега пак кажи дека Русите губат и дека се глупи/неспособни, ништо друго не ни очекувам. :)
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.262
Поени од реакции
4.866
Како мислиш не успеаја? Не го поврзаа крим до копното? Не ги евакуираа Русите од Керсон? Не го опколија Мариопол?

Операцијата на југ беше хируршки успешна.
Прашањето е дали имаше потреба да се симулира (според тебе) напад на Киев за ова да успее?

ова ти е жив пример на потценување на Русите и како луѓе и како војска… ајде да видиме од другата страна
Ама не е така, бидејќи имаме два примери, еден каде што Русите се повлекоа (паметен потег) и еден каде што беа поразени и оставени со еден куп заробени и техника позади.

Тврдењето дека војнавз наликува на 1ва светска војна, само кажува дека не многу си прател воена историја. Бомбардирањето на Русите е 1/10 кога збориме за артилерија, а кога збориме фаб, тоа се оние бомби од 500+ кила, или вакум бомби, тогаш Украинците не користат вакви бомби, а тоа се бомби од кои неможе да те спаси ров. Затоа тврдам дека е мелење. Како возвраќаат Украинците на фабовите или на тосовите? Кој е нивниот еквивалент на овие деструктивни бомби?
И во прва светска војна користеле авијација за бомбардирање.
Украинците користат Химарс и француски Hammer (авионски) наведувани ракети за бомбардирање на првите позиции, меѓу другото.
Артилериски напади се постојани од 2те страни.
Мелењето е на 2те страни.

Па јас не видов иницијатива некаква да се започне реално преговори. Црвените линии на Украина се толку нереални, што мало дете ќе ти каже дека моментално со ставот на Украина, не е можен мир. А ставот на Русија, како поминува времето иде во се поголема штета на Украина. Тоа е политика.
Се согласувам, меѓутоа од сегашна гледна точка и Руските барање се комплетно нереални. Можеби полека војната се движи кон остварување на тие барања, но засега тоа е далечна иднина.

Пак ќе се вртиме во круг?

- блефирале секако, со 9К луѓе не може да се освои Киев (рековме, освен со армија на клонови на Чак Норис)
- fog of war, сега знаеме дека блефирале и дека биле 9К војници, тогаш ни ние, ни Украинците, ни нивните западни хендлери, не знаеле дека продорот е само со 9К луѓе
- од украинска страна беше довлечен солиден број војска и техника да го брани Киев
- последователно следните денови Русите го освоија цело украинско крајбрежје до Одеса во линија грубо од ДНР до Дњепар
- Русите имаат растегливи дефанзивни линии, секако дека Керсон на долг план им е неисплатливо да го бранат... и не дека не можат туку не им е исплатливо
- Украинците имаат западни хендлери кои кон живата сила имаат други приоритети од руските, па следствено дупка како Кринки ја држеа со месеци (и којзнае колку Украинци бескорисно загинаа таму)
- итн
- итн

Ај сега пак кажи дека Русите губат и дека се глупи/неспособни, ништо друго не ни очекувам. :)
Ако целта им беше да ги држат еден месец, тогаш да.
Ама добро знаеш дека не е така. Затоа и прашањето, од што корист им беше тоа кога напредокот им беше запрен, Украинците имаа 2 успешни контра-офанзиви и линијата на фронтот не е поместена 2 години?

Тоа беше планот со нападот на Киев?
 
The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.552
Поени од реакции
12.454
4000 дронови дневно произведуваат Русите. Ова најново според Белоусов.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.898
Поени од реакции
26.526
Прашањето е дали имаше потреба да се симулира (според тебе) напад на Киев за ова да успее?
Најголемата победа Советите во втора светска војна ја имаат постигнато во Белоруската офанзива, а била успешна ради маскировката. Сега ако Киев ја кажува иницијалната офанзива на Русите како сопствена победа, тогаш сигурно ти нема да ја видиш победата на Русите или улогата и потребата да се изведе овој залажувачки маневар на Север (од Киев до Каркив). Но очигледно е дека Укранците овие места воопшто не ги бранеле, пошто паднаа сите за еден ден. За да Украинците спремаат некаква си контра-офанзива (нели според тебе имало контраофанзива, според мене hit & run), требало да влечат војска од други места, пошто очигледно на северот немале доволно војска. Тоа значи дека било потребно. Во времето кога почна војната, „наподот“ на Киев беше во фокусот и сите збореа за тоа. Киев имаше редици луѓе кои го напуштаа, Зеленски подели во Киев 18К пушки. Сите очи беа свртени на север, додека на југ се си течеше тивко и без никакви потешкотии.

Ама не е така, бидејќи имаме два примери, еден каде што Русите се повлекоа (паметен потег) и еден каде што беа поразени и оставени со еден куп заробени и техника позади.
Имаме повеќе примери, не само 2. Буча се повлекоа без никаков контакт, Суми, Керсон. Кажав и во постот. Русите почнаа да се повлекуваат прво од северот и се повлекоа. Кога почна евакуацијата на населението во Керсон, Украинците сватија дека ќе се повлекуваат и од Керсон, па почна да напаѓаат. Одкако Русите покажаа спремност да се бранат, нападите на Керсон престанаа и во моментот кога осетија дека Русите го евакуираат населението во областа што ја држеа околу Харков и Купијанск, Украина почна да напаѓа. Русија не ја бранеше територијата, туку ја бранеше отстапницата. Значи им било во план да се повлечат. Не биле Украинците тие што ги избркале. Во моментот кога заврши евакуацијата и повлекувањето на главницата, се повлекоа и тие што ја бранеа отстапницата. Истото се случи и во Изјум и во Красни Лиман. Тоа што напаѓаа Украинците не беше офанзива, туку беше опортунистички непланирана тактичка импровизација. Со тоа добија ПР победа, која со помош на Осинт и западната пропаганда стана легендарна, но дефакто немаше никаков воен успех.

И во прва светска војна користеле авијација за бомбардирање.
Украинците користат Химарс и француски Hammer (авионски) наведувани ракети за бомбардирање на првите позиции, меѓу другото.
Артилериски напади се постојани од 2те страни.
Мелењето е на 2те страни.
Ти реков, ако артилерија е 1:10, а авионски напади (еве нека има), ама се 1:1000, а Тос нема никаква контра од Украинска страна. Одприлика нешто измеѓу ти е и соодонсот на мелењето. Да не збориме за соодност на химарсот и нивните пандани на Руска страна кои ги имаат во речиси неограничен број (Ураган, Смреч, Торнадо). Значи мелењето што го доживуваат Украинците на фронтот, не може ни приближно да се спореди со Руското. Украинците се соочуваат со масовна катастрофа.

од што корист им беше тоа кога напредокот им беше запрен
Каде им беше запрен нападот на Русите на север. Можеш ли да кажеш пример на север каде што Русите наишле на отпор, кој може да се спореди со отпорот во Бахмут, Авдиевка, Маринка или Мариопол?

Не постои таков место, пошто не се запрени Русите на север. Сами запреа и после некое време сами се повлекоа.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.243
Поени од реакции
5.484
На место ми е прашањето. На олимпијадава учествуваат 204 држави од светот, признаени, непризнаени - небитно. Не учествува најголемата држава во светот (и нејзиниот привезок). Т.е., Русија е целосно изолирана од остатокот од светот. Придобивки од војнава во Украина....
Не е присутна бидејќи е прекршено правилото на немешање политика и спорт. Го казнуваат Путин преку спортистите, многу од нив може не се ни про-Путин.

Без врска е муабетов, како и да е за друго е темата.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
24.043
Поени од реакции
32.072
Ако целта им беше да ги држат еден месец, тогаш да.
Ама добро знаеш дека не е така. Затоа и прашањето, од што корист им беше тоа кога напредокот им беше запрен, Украинците имаа 2 успешни контра-офанзиви и линијата на фронтот не е поместена 2 години?

Тоа беше планот со нападот на Киев?
Целта им била да направат успешен продор на југ... До Одеса стигнале.
Ако можело успат да ги испаничат другиве за брз крај на војната, уште подобро. Не успеало, ама успехот на југ е добар успех сам по себе.

Тоа е мое мислење, и тие се аргументите зошто така мислам. А линијата на фронтот не е дека не е поместена но тоа и не е толку важно во војна на истрошување. Тактички се важни одредени локации, но клучниот момент е трошењето. И тука ти си имаш проблем со поимањето на реалноста ако мислиш дека еднакво се трошат и едните и другите.
 
Член од
9 декември 2012
Мислења
936
Поени од реакции
995
Бидејќи е актуална Олимпијадата (претходно и еден куп разно други натпреварувања), а таму ги нема Русија и Белорусија, а ги има на пример Северна Кореја, Еритреја и еден куп држави за кои што никој не слушнал.... Што мислат поддржувачиве на Русија на форумов, какво е чувството толку голема и "моќна" држава да е целосно исклучена од светот?
Слабо следиш олимписки игри...
 
old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.151
Поени од реакции
5.915
Член од
9 декември 2012
Мислења
936
Поени од реакции
995
Токио 2021ва :lolzz:

Хахахахахахахахахахаах :pos::pos::pos::pos:

Ти изгледа не знаеш која година сме, но јас слабо сум следел олимписки игри...
Освен Токио,2021 друго нешто прочита ли?
Russia will be called ROC during the 2021 Tokyo Olympics and won't be able to use its flag, nor its anthem.
 
old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.151
Поени од реакции
5.915
Освен Токио,2021 друго нешто прочита ли?
Russia will be called ROC during the 2021 Tokyo Olympics and won't be able to use its flag, nor its anthem.
Оф леле... :facepalm:

За твоја несреќа бидејќи стварно следам олимписки игри и многу повеќе сум запознаен со случајот со Русија, ќе ти објаснам:

Во 2021ва на Русија ѝ беше забрането да настапува под свое знаме заради допинг скандалот, но пак им се дозволи на олимпијците да настапуваат под ROC (Russian Olympic Committee) со боите на Русија и наместо руската химна, се изведува композиција од Чајковски. (веќе наведено во статијата)

НО, оваа година Русија има целосна забрана за настап на олимписките игри заради војната во Украина! Како и пред игрите, избркани беа од сите екипни спортови, а смеат да настапуваат само како индивидуалци во одредени спортови како "Индивидуални неутрални атлети" без никакви бои на Русија и без интонирање на никаква музика во случај да победат. Ги немаше ни на отворањето. Многу Руси решија да не се натпреваруваат заради ова, па затоа од 300+ атлети што имаа во Рио и Токио спаднаа на само 15 оваа олимпијада. Тажно и бедно.

Русија од спортска велесила ја направија бедотија, никој и ништо. Исклучена од сите можни екипни спортови, а индивидуалците на некој начин се приморани да се откажат од Русија за да можат да настапуваат.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
24.874
Поени од реакции
41.081

и што ако не може да се натпреваруваат на олимписки игри? Русија ја губи војната поради тој факт?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom