Па не слични како земји во однос на територија, географска положба, воена сила, број на жители, идеологија, блискот со Русија, итн ама слични во егзекуцијата на првичниот план каде Русите напаѓаат на повеќе правци и се паркираат пред главниот град да изнудат капитулација/примирје. Испаѓа дека Русија отиде со помисла "ваљда не се ретадирани да се тепаат со нас". Се изгореа малце и сега се посилни од што беа пред војната.
Украина е драстично послаба од пред 2 години и тешко дека ќе се опорави да биде закана за Русија како пред 2022.
Русите во 2022 беа многу добро спремни да се соочат со санкциите и имаа спремано терен уште од 2014 со креирањето на алтернативни платежни картички и банкарски/телекомуникациски системи, и имаа топ координација со Кина и Индија пред се.
Ама воено и недостигаа доста работи на армијата, многу од војниците на донации чекаа за дрон и подобра опрема да земат. Среќа артилерија и тенкови не им фалеа и од прв ден имаат супериорност во таа сфера ама во глобала не беа баш најспремни за модерна војна што мене ми укажува дека биле скоро и сигурни дека ќе ја повторат Грузија 2008, а потоа фокусот главно на економијата ќе им беше.
Иначе што ако 100-200к им бил максимумот на ударната сила тогаш? Тие 700-900 илјади што ги збориш не се шала.
Јасно ми е тоа и имам пишувано за каква сила беше Украина пред војната, ама не може да не биде кикс на разузнавањето ако влегле со помисла дека Зеленски не е камиказа и дека разумот ќе превладее кај Украинците иако претходно 8 години војуваат во Донбас и стотици илјади ако не и милиони млади се задоени со нео-нацистичка идеологија.
Нивна работа е да проценат колку војска треба да пратат за Украина да дигне раце како Грузија. Они не успеа да ги присилат Украинците да капитулираат, а изгореа илјадници животи и кузнај колку техника да ја присилат Украина на преговори кои паднаа во вода и потоа требаше Русија да се регрупира, да брани илјадници километри фронт со милиција шо би се рекло, да свика мобилизација и уште триста други глупости кои кулминираа со бунтот на Пригожин.
Русија беше во доста опасна ситуација во периодот август 2022 - јули 2023 поради првичниот кикс на разузнавањето бидејќи не успеа да избоксуваат краток конфликт.