Ме интересира, како го замислуваш вечниот живот? Значи не сум циничен, не сум саркастичен, ме интересира како би изгледал вечниот живот и која би била причината вечно да се живее?
Во овој световниот живот, си поставуваме цели, ако ги оствариме следи краток период на среќа, па се насочуваме кон друга цел. Ако не ги оствариме следи фрустрација.
Што би правел во вечниот живот? Бог ти ги открил тајните на Униврзумот, стремежот кон осварување цели не постои повеќе, борбата е изоставена. Злото е победено, постои само вечна љубов. Која е причината да се разбудиш на сабајле? Под услов дека во рајот се спие воопшто.
Не, во Рајот односно во во Царството Небесно нема спиење, туку има само безвечерен ден, кој ќе трае, без промени како „ден и ноќ„, а Христос ќе биде Сонцето во тој бескраен неделен ден.
Не го замислувам вечниот живот, оти фантазирањето не е допуштено во Црквата и истото води кон искривување на учењето кое ни е дадеко „од озгора„.
Вечниот живот и начинот на кој ќе се живее „таму„, не ни е откритен во целина, туку само е навестен и делумно начнат.
Да се живее вечно значи:
- да се биде во близината Христова,
- да се битисува под благодатната енергија од Духот Свет,
- да се прима учењето кое Христос ќе го пренесува на достојните, оние кои ќе заработат свое место блиску до Христа,
- преку поуките Христови, достојните непрекинато ќе се осличнуваат со Христа Бога, ни никогаш нема да станат исти како Него,
- да се нема осет за минливоста од времето,
- да се нема осет и страв за/од смртта,
- да нема болести, повреди, страдања, стареење,
- да се нема потреба од храна и вода, од облека, од лекови,
- да се сретнеш со сите свои претци,
- ништо да не ти треба и да не ти недостасува, оти Христос Е се‘ што е потребно.