Слободната воља и религиите!

Член од
23 септември 2015
Мислења
876
Поени од реакции
440
Што се случува со душите знае само Бог, ние можеме да шпекулираме но одговорот не го знаеме а можеби и никогаш нема да го дознаеме.
Значи ти си културен Христијанин како Докинс што е сосема коректна позиција.
Јас на времето бев агностик но животот знае да подели сериозни лекции.
Логиката може но и немора да биде компатибилна со Верата. Примерот со слободната воља е тој, навистина логиката укажува дека не може да постои сезнаен Бог и слободна воља истовремено. Но тука има простор за она што се нарекува leap of faith.
И ако не е тајна сега од која вероисповед си?
 
Член од
9 јули 2024
Мислења
293
Поени од реакции
427
Логиката може но и немора да биде компатибилна со Верата. Примерот со слободната воља е тој, навистина логиката укажува дека не може да постои сезнаен Бог и слободна воља истовремено. Но тука има простор за она што се нарекува leap of faith.
Целата вера се сведува на Тертулијановото верувам, затоа што е апсурдно. И јас немам никаков проблем со тоа. Мојот проблем со религиозните луѓе настанува кога се обидуваат да ти објаснат дека верата е совршено логичка и разумна. И се разбира, на првите два аргументи целата разумност на верата оди по вода. Верата не е разумна, напротив, е врста на благо лудило. На начинот на кој Аљоша од Браќа Карамазови паѓаше во религиозен транс.

Постоеше еден сега подзаборавен руско еврејски филозоф, по име и презиме Лав Шестов. Тој има напишано еден преубав текст кој се вика Атина и Ерусалим. Во него ги нагласува спротивностите помеѓу разумот и верата, помеѓу грчката филозофија и еврејската вера. И објаснува дека верата настанува кога разумот се судира со зидот на невозможното, и кога нема повеќе каде, како кај повторувањето на Кјеркегор.

 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.293
Поени од реакции
7.650
Што се случува со душите знае само Бог, ние можеме да шпекулираме но одговорот не го знаеме а можеби и никогаш нема да го дознаеме.
Значи ти си културен Христијанин како Докинс што е сосема коректна позиција.
Јас на времето бев агностик но животот знае да подели сериозни лекции.
Логиката може но и немора да биде компатибилна со Верата. Примерот со слободната воља е тој, навистина логиката укажува дека не може да постои сезнаен Бог и слободна воља истовремено. Но тука има простор за она што се нарекува leap of faith.
Епа ако не се знае што се случува со душите, што правиме со :
Грешниците и непокајаните ќе бидат казнети, тоа го има во Јовановото Откровение, праведните и покајниците ќе имаат 1000 години земски рај а потоа и небесен рај.
Душите на грешниците и непокајаните кога ќе бидат казнети? Што е со душите на оние што умреле на пример 1 век после првото доаѓање?

Во која смисла е ова, 1000 години земски рај, кога човек живее макс 120г....

Ако е точно како горе така доле, акција и реакција, ден и ноќ, зашто тогаш не би било возможно, колку душата е на планетава во физичко тело, после напуштање, умирање, исто толку време да е надвор од физичко тело, па пак назад, односно циклус.

Логиката може но и немора да биде компатибилна со Верата. Примерот со слободната воља е тој, навистина логиката укажува дека не може да постои сезнаен Бог и слободна воља истовремено.
А зашто бог мора да биде сезнаен врска каков избор ќе направи човекот, кога какви ќе се последиците целосно зависи од бог. Што и да направиме, на бог ништо не му менува, бидејќи балансот пак ќе го воспостави, а ние ќе си добиеме тоа што ни следува.
По мене баш затоа е семоќен, прајте што сакате, ама јас сум тој што суди.
Зашто во потсвеста кај животните има една програма и целосно се однесуваат според таа програма, додека па ние луѓето не сме така креирани?
 
Член од
23 септември 2015
Мислења
876
Поени од реакции
440
@Bafra физичко тело, после напуштање, умирање, исто толку време да е надвор од физичко тело, па пак назад, односно циклус

Near death experiences се ова што го опиша со напуштање на телото....нема нишо друго научно објаснување за таква активност прави мозокот.
Тоа се случува само при смрт најверојатно за олеснување ...гледа ангели тунели итд....

Во здрава состојба и здрава мозочна активност ова е невозможно.
Јас повеќе би му верувал на здрав и функционален мозок него на мозок пред умирање.
 
Последно уредено:
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.293
Поени од реакции
7.650
@Bafra физичко тело, после напуштање, умирање, исто толку време да е надвор од физичко тело, па пак назад, односно циклус

Near death experiences се ова....нема нишо научно таква активност прави мозокот при смрт најверојатно за олеснување ...гледа ангели тунели итд....

Во здрава состојба и здрава мозочна активност ова е невозможно.
Јас повеќе би му верувал на здрав и функционален мозок него на мозок пред умирање.
Која цена е гравот на Филипини?
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.925
Поени од реакции
5.064
А ха, значи сакаш да ми кажеш дека ако ти беше роден во Саудиска Арабија, и ако дојдеше некако во контакт со христијанството, и то оваа твојата православна варијанта, со помош на својата слободна волја и разум ќе одлучеше дека ова е вистинската вера, и ќе се конвертираше?

Мене ова ми изгледа како многу веројатно сценарио, не знам тебе.
А-ха!

А баба ми да имаше „топки„, ќе беше дедо ми...

Што велиш за таа веројатност?...:icon_lol:
Автоматски споено мислење:

Целата вера се сведува на Тертулијановото верувам, затоа што е апсурдно. И јас немам никаков проблем со тоа. Мојот проблем со религиозните луѓе настанува кога се обидуваат да ти објаснат дека верата е совршено логичка и разумна. И се разбира, на првите два аргументи целата разумност на верата оди по вода. Верата не е разумна, напротив, е врста на благо лудило. На начинот на кој Аљоша од Браќа Карамазови паѓаше во религиозен транс.

Постоеше еден сега подзаборавен руско еврејски филозоф, по име и презиме Лав Шестов. Тој има напишано еден преубав текст кој се вика Атина и Ерусалим. Во него ги нагласува спротивностите помеѓу разумот и верата, помеѓу грчката филозофија и еврејската вера. И објаснува дека верата настанува кога разумот се судира со зидот на невозможното, и кога нема повеќе каде, како кај повторувањето на Кјеркегор.

Ај да ти помогнам....гледам дека не можеш самиот па се прпелаш меѓу верата и меѓу философијата.


Философијата е човечко мудрување, кое не може да ги надмине ограничувањата од створениот Свет па затоа философите не наоѓаат „нешто повеќе„ од она кое материјалниов Свет го има. Исклучот прават елинските философи од т.н. систематски период, кои го насетуваат Божјото постоење, но не можат да мудруваат за живиот Бог, затоа што Бог ним не им се објави.

Верата не е логична, гледано философски, туку е надлогична и надминува се‘ што е створено и ограничено и се занимава со вечните, неменливите, неминливите и трајно битните нешта.

Дел од Светите Оци од првите векови од нашава ера беа образувани и по вокација беа философи, но ним не им пречеше ништо за да прејдат од филозофија во религија, затоа што во религиозноста (во од Бога откриената вистина) ги најдоа одговорите кои самите Оци не можеа да си ги одговорат.

А ти продолжи да философираш и последично, да не можеш да мрднеш од својата заглавеност во овој Свет.
 
Последно уредено:
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.155
Поени од реакции
10.154
А-ха!

А баба ми да имаше „топки„, ќе беше дедо ми...

Што велиш за таа веројатност?...:icon_lol:
Одговараш на прашање со прашање....а ваму мене ми викаш:)
Кога немаш одговор или не знаеш, вака правиш.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.992
Поени од реакции
6.477
Епа ако не се знае што се случува со душите, што правиме со :


Душите на грешниците и непокајаните кога ќе бидат казнети? Што е со душите на оние што умреле на пример 1 век после првото доаѓање?

Во која смисла е ова, 1000 години земски рај, кога човек живее макс 120г....

Ако е точно како горе така доле, акција и реакција, ден и ноќ, зашто тогаш не би било возможно, колку душата е на планетава во физичко тело, после напуштање, умирање, исто толку време да е надвор од физичко тело, па пак назад, односно циклус.



А зашто бог мора да биде сезнаен врска каков избор ќе направи човекот, кога какви ќе се последиците целосно зависи од бог. Што и да направиме, на бог ништо не му менува, бидејќи балансот пак ќе го воспостави, а ние ќе си добиеме тоа што ни следува.
По мене баш затоа е семоќен, прајте што сакате, ама јас сум тој што суди.
Зашто во потсвеста кај животните има една програма и целосно се однесуваат според таа програма, додека па ние луѓето не сме така креирани?
Затоа што сезнајноста е резултат на семоќноста, ако Бог се ограничи самиот тогаш нема да биде семоќен а према тоа ниту Бог. Логички нема како да се врти, како верници мора да го прифатиме тој факт, нема напред нема назад. Не постои слободна воља, но постои верување/вера/верба дека постои слободна воља, тоа е единствен одговор :toe:
 
Член од
23 септември 2015
Мислења
876
Поени од реакции
440
Па затоа имаш слободна воља тука е и пеколот и рајот на земјава...
Пример ако крадиш ке одиш во затвор....
Казна е тоа ...Господ додатно нема да те казни ....за тебе ако вреди ваква постапка тоа е ок за Господ...тоа е слободна воља.
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.925
Поени од реакции
5.064
Одговараш на прашање со прашање....а ваму мене ми викаш:)
Кога немаш одговор или не знаеш, вака правиш.
Се‘ уште го очекувам твојот одговор на моето прашање..
 

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.403
Поени од реакции
4.775
Се‘ уште го очекувам твојот одговор на моето прашање..
...и така настанале религиите
...во очекување на одговори што не ги знаеме
...во стравот од ништавилото
...во наоѓање на смисол и правец во нашите животи
...ете едно хипотетичко прашање, што му останува на еден верник ако му ја одземеш религијата?Што би правел со себе и со својот живот?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom