Слободната воља и религиите!

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.925
Поени од реакции
5.064
...и така настанале религиите
...во очекување на одговори што не ги знаеме
...во стравот од ништавилото
...во наоѓање на смисол и правец во нашите животи
...ете едно хипотетичко прашање, што му останува на еден верник ако му ја одземеш религијата?Што би правел со себе и со својот живот?
Да...:kafence:
 
Член од
23 септември 2015
Мислења
876
Поени од реакции
440
Правилна религија е само таа на православната Црквата две друго е глупости и промашај....тоа го кажуваат дури и поповите и свештениците.
Така да сигурно она е универзална вистина.
 
- Највероватно...онака, сами од себе се напишале, за да има кој да ги чита.
- Одговорите се веќе познати, ама кој да чита...
- Да, ѓаволот го нуди ништавилото...Бог го нуди вечниот живот...
- Смислата и правецот се насочени кон враќање во заедница со Бога Творецот...
- Ако на верникот му ја одземеш религијата, ќе стане атеист и животот ќе си го помине во прелеста дека ете, саде еднаш се живее, шо сакам то ќе прам, оти на крајо од живото ионака ме чека смртта, после која нема ништо...само црвите ќе ме изеат....:icon_lol:
 
Член од
9 јули 2024
Мислења
293
Поени од реакции
427
- Да, ѓаволот го нуди ништавилото...Бог го нуди вечниот живот...
Ме интересира, како го замислуваш вечниот живот? Значи не сум циничен, не сум саркастичен, ме интересира како би изгледал вечниот живот и која би била причината вечно да се живее?

Во овој световниот живот, си поставуваме цели, ако ги оствариме следи краток период на среќа, па се насочуваме кон друга цел. Ако не ги оствариме следи фрустрација.

Што би правел во вечниот живот? Бог ти ги открил тајните на Униврзумот, стремежот кон осварување цели не постои повеќе, борбата е изоставена. Злото е победено, постои само вечна љубов. Која е причината да се разбудиш на сабајле? Под услов дека во рајот се спие воопшто.
 
Не, во Рајот односно во во Царството Небесно нема спиење, туку има само безвечерен ден, кој ќе трае, без промени како „ден и ноќ„, а Христос ќе биде Сонцето во тој бескраен неделен ден.

Не го замислувам вечниот живот, оти фантазирањето не е допуштено во Црквата и истото води кон искривување на учењето кое ни е дадеко „од озгора„.

Вечниот живот и начинот на кој ќе се живее „таму„, не ни е откритен во целина, туку само е навестен и делумно начнат.

Да се живее вечно значи:
- да се биде во близината Христова,
- да се битисува под благодатната енергија од Духот Свет,
- да се прима учењето кое Христос ќе го пренесува на достојните, оние кои ќе заработат свое место блиску до Христа,
- преку поуките Христови, достојните непрекинато ќе се осличнуваат со Христа Бога, ни никогаш нема да станат исти како Него,
- да се нема осет за минливоста од времето,
- да се нема осет и страв за/од смртта,
- да нема болести, повреди, страдања, стареење,
- да се нема потреба од храна и вода, од облека, од лекови,
- да се сретнеш со сите свои претци,
- ништо да не ти треба и да не ти недостасува, оти Христос Е се‘ што е потребно.
 
Последно уредено:

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
4.053
Поени од реакции
9.431
Пред да се размислува на тема да се има вечен живот, цел во животот, квалитетен живот, и сите работи поврзани со животот.....треба да се разбере што значи тоа живот......како тоа од ништо нешто настанало живо. Може да се размислува на тема вечен живот само ако некој го одгатнал проблемот на тоа како нешто настанало живо од ништо. Што е тоа што го прави жив еден организам и т.н.
Автоматски споено мислење:

Во овој световниот живот, си поставуваме цели, ако ги оствариме следи краток период на среќа, па се насочуваме кон друга цел. Ако не ги оствариме следи фрустрација.
Зависи у која фаза си у животот, ако си дете ова е уствари точно....ако пораснеш тогаш нема некоја значајна улога.
 
Член од
9 јули 2024
Мислења
293
Поени од реакции
427
Зависи у која фаза си у животот, ако си дете ова е уствари точно....ако пораснеш тогаш нема некоја значајна улога.
Можеш да појасниш зошто ова не вреди кога си возрасен?
 
Член од
23 септември 2015
Мислења
876
Поени од реакции
440
Правилна религија е само таа на православната Црквата две друго е глупости и промашај....тоа го кажуваат дури и поповите и свештениците.
Така да сигурно она е универзална вистина.
Не знам што не е јасно....
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.992
Поени од реакции
6.477
...и така настанале религиите
...во очекување на одговори што не ги знаеме
...во стравот од ништавилото
...во наоѓање на смисол и правец во нашите животи
...ете едно хипотетичко прашање, што му останува на еден верник ако му ја одземеш религијата?Што би правел со себе и со својот живот?
Како тоа да ја одземеш религијата? Како Сталин нешто?
Не е нужно да постои организирана религија, но Верата мора да постои, таа си постои отакако е свет и век а ќе постои до Судниот ден па и потоа.
 
Член од
2 октомври 2012
Мислења
274
Поени од реакции
213
Како тоа да ја одземеш религијата? Како Сталин нешто?
Не е нужно да постои организирана религија, но Верата мора да постои,
Како тоа мора? Зошто мора?
таа си постои отакако е свет и век а ќе постои до Судниот ден па и потоа.
Ќе? Од каде тоа го знаеш? Си некој нов пророк? После Џозеф Смит треба уште еден?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.167
Поени од реакции
12.150
Темата е слободна волја и религиите, заминувате полека од темата... :)
Поточно ова преминува во слободна волја и христијанството, бидејќи таа религија е најпозната за сите тука во Македонија...

Христијаните успеаа со нивното повторување да ве застранат од идејата дека сезнајно божество кое знае се и сешто и по кое се раководи иднината (и кога ќе биде суден ден, и крај на светот и кога ќе воскреснуваат мртовци и кога ќе доаѓа месија (односно знае се за иднината и сегашноста) не може да дозволи слободна волја бидејќи тоа божество знае секој човек во секој даден момент на што би се сопнал од искушенијата, што ќе направи во сегашноста и како тоа ќе биде во иднината!
Изборот дека имаш слободна волја да бидеш христијанин или не - во најмала рака е лага, односно манипулација на црквата и свештенството да собира арач и да брои „глави“.

Бидејќи ако постои христијанскиот концепт на божество (украден од евреите, но нив не ги разгледуваме бидејќи христијаните се прменогу гласни и ја присвојуваат светата книга на евреите како да е нивна, христијанска - а не е) тоа знае дека Петре од Вевчани нема да биде христијанин во неговиот живот и дека ќе биде осуден во тој интересен суден ден кога се ќе исчезне и нема да имаме форуми и човештво!

Такво божество не дава слобода...
или пак светите отци, дедовци, свештеници само не знаат да ги објаснат сите тие нешта бидејќи одат во философија која им ја руши проповедта дека само треба човек да верува дека е грешен, но има слобода да избере христијанство или вечно страдање... но забораваат да додадат дека сезнајниот бог, ниту создаден ниту материјален знае кој каде и кога ќе се роди!

П.С. Колку што знаеме од новите проповедања, Исус постои од самото создавање кое го има кај евреите и нивната света книга! Богот знаел кога ќе се инкарнира во човек наречен Исус и ќе исполнува еврејски пророкувања, го спремил светот за тоа? Рим и Јудеа? Апостолите плански се родени да бидат и да изберат да го следат Исус или не?
Господинот Јуда сам избира да биде предавник или богот му предодредува да биде предавник за да се исполни детерминистичкиот пат на богот инкарниран на Земјата кој што мора да биде распнат?

Христијаните ќе скокнат и ќе кажат не, тоа сами тие одлучиле! Лажете и не ви е срам да лажете!
Ако сами одлучиле да следат, богот не е сезнаен и планот со распнување и исполнување на негова волја ќе е залудност! Лажен бог...
Така да слободна волја, христијански бог кој што казнува и чека да дојде времето кога ќе страда мноштвото - не оди заедно...

Продолжете со муабетите, ја само вака - ноќно раздрмување на темава, да се случува нешто :)
 
Последно уредено:
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.992
Поени од реакции
6.477
Како тоа мора? Зошто мора?

Ќе? Од каде тоа го знаеш? Си некој нов пророк? После Џозеф Смит треба уште еден?
Не сум пророк ами обичен беден грешник.
Затоа што верата е неизоставен дел од човечкото битисување. До денес освен неколку експерименти кои завршија со помор, ниту едно општество постои без верниците.
Имаше интересно мислење на Јулиус Евола на претходни страници околу тоа зошто верата е сеуште потребна на човештвото, а најверојатно ќе биде потребна до крајот на светот.
 
Член од
9 јули 2024
Мислења
293
Поени од реакции
427
Јас сум за тоа да се воведе една религија за сите. Религија која би била многи поедноставна од постоечките и која би се базирала на манихејските учења. Во таа религија, светот наместо механистички би бил објаснуван етички, односно би постоеле две сили, една добра и една зла, и секој човек би бил повикан да одбери страна.

Тие две сили би биле подеднакви, ниту една од нив не би била семоќна, и човекот би имал слободна волја да одбери да чини добро или зло. Така светот би добил смисла за луѓето, а би биле поштедени од купиштата глупости кои ги сервираат организираните религии.
 
Не сум сигурен дека би било можна само една единствена религија на планетава, но и покрај тоа луѓето треба да ги надминат идиотските меѓусебни поделби кои не донесоа ништо добро.
Нејасно е како после толкаво искуство во меѓусебни конфликти барем Христијаните не прават напор за обединување. Во прашање е скоро милениум од големата Шизма 1054 и околу 500 години од реформацијата. Крајно време е за обединување на сите Христијани.
 
Член од
2 октомври 2012
Мислења
274
Поени од реакции
213
Не сум пророк ами обичен беден грешник.
Затоа што верата е неизоставен дел од човечкото битисување. До денес освен неколку експерименти кои завршија со помор, ниту едно општество постои без верниците.
Имаше интересно мислење на Јулиус Евола на претходни страници околу тоа зошто верата е сеуште потребна на човештвото, а најверојатно ќе биде потребна до крајот на светот.
Значи тврдиш нешто без основа. Била неизоставен дел ама дали ќе.... тоа не го знаеш освен ако не си некој пророк, како што напоменав. Не си пророк (според сопствено признание) а тврдиш што ЌЕ..... Тоа што @Julius Evola го рече е дека сега во моментов, можеби на некои луѓе им е потребна вера, не значи дека утре ќе биде потребна. Те прашав од каде тоа ТИ го знаеш како “обичен беден грешник “ (твои зборови).
 
Kajgana Shop

На врв Bottom