Слободната воља и религиите!

Член од
23 септември 2015
Мислења
852
Поени од реакции
432
Кога Исус ги испратил Свите Апостоли да го шират учењето во целиот свет, тој цел свет во тоа време бил воглавно средоземјето. Првиот контакт кој Јапонците го имале со христијанството бил во 1549 година, 16 векови после смртта на Исус. Тоа значи дека сите Јапонци кои жовееле во тое 16 века, не по нивна кривица ќе завршат во пеколот, затоа што почитувале други Богови.

Каде е правдата во тоа, а???? Брука ем срамота.
Јапонците се назадни ти тука во Македонија си имаш и црква и си веруваш во Исус што се замараш???
А ако не веруваш во Исус и во црквата е тогаш сигурно тоа те мачи...
 
Член од
9 јули 2024
Мислења
293
Поени од реакции
427
Ај закочи малце, не е така како што велиш...

Кај народите кај кои евангелието Христово нема да стигне, тие народи ќе се спасуват на друг „начин„ не преку Црквата, оти ја немаат.

Тешко на народите кои слушнале за Новиот Завет, дознале за него, ама не го прифатиле...
Како ќе се спасуваат кутрите тие, кога ја кршат клучната заповед, да немаат други Богови освен тој од Библијата? Ќе им се прогледа низ прсти? И како е можно еден семоќен Бог да не се помачил малку па да им се објави на сите, туку одбрал некоја пустелија во Израел за толку важни вести?

Мене нешто ми е сомнително во приказната, не знам за вас другите.

Плус, уште една работа отсекогаш ми била чудна кај религиите. Религиите се идеално распоредени, слично на муабетот на Иво Андрич за интелигенцијата. Тој рекол дека интелигенцијата е идеално распределена, секој смета дека ја има доволно. Исто и религиите, во зависно од местото кај што си роден, секогаш си роден во единствената вистинска религија.

Вистинска магија, морам да признам.
 
Член од
23 септември 2015
Мислења
852
Поени од реакции
432
Како ќе се спасуваат кутрите тие, кога ја кршат клучната заповед, да немаат други Богови освен тој од Библијата? Ќе им се прогледа низ прсти? И како е можно еден семоќен Бог да не се помачил малку па да им се објави на сите, туку одбрал некоја пустелија во Израел за толку важни вести?

Мене нешто ми е сомнително во приказната, не знам за вас другите.
Па не дошол но во Македонија но ти све си знаеш.... Јапонцине се тотално не информирани и големи не верници и затоа ке сносат некои последици.
Дека не веруваат во Црквата и Исус.
Исто важи и за Израел како се Евреи кога Исус бил православен???
Само ние од Македонија сме перфектно информирани и знаеме што е точно и исправно затоа вака добар живот живееме.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.509
Поени од реакции
4.630
Како ќе се спасуваат кутрите тие, кога ја кршат клучната заповед, да немаат други Богови освен тој од Библијата? Ќе им се прогледа низ прсти? И како е можно еден семоќен Бог да не се помачил малку па да им се објави на сите, туку одбрал некоја пустелија во Израел за толку важни вести?

Мене нешто ми е сомнително во приказната, не знам за вас другите.

Плус, уште една работа отсекогаш ми била чудна кај религиите. Религиите се идеално распоредени, слично на муабетот на Иво Андрич за интелигенцијата. Тој рекол дека интелигенцијата е идеално распределена, секој смета дека ја има доволно. Исто и религиите, во зависно од местото кај што си роден, секогаш си роден во единствената вистинска религија.

Вистинска магија, морам да признам.
Не.

Народите до кои нема да стигне евангелието Христово, ќе се спасуваат по 2 основи: според својата совест и според својот разум.

Религиите не се идеално распоредени, затоа што нивното влијание врз народите е променливо, а во последниве 150г. религозноста е во постојан пад.

Секако дека секоја религија себе се гледа за „онаа вистинската„ иако меѓу нив постојат битни разлики, од кои произлегува заклучокот дека не сите религии водат кон Бог, не сите религии проповедаат ист Бог, не сите религии имаат вистинити учења.
 
А не било полесно за семоќен Бог да ги изедначи правилата за сите? Наместо да има различни криериуми за Јапонците до 15 век и народите околу Средоземно Море? Не знам, јас сум естетска природа, па ова моето ми изгледа како поелегантно решение.

Инаку, знам дека сите религии немаат вистински учења, единствено вистински се твоите, кои истовремно се ОБЈЕКТИВЕН критериум за сите други. А на огромно чудо, и сите други верници од сите други религии го мислат токму истото. Но нашите се во право, нивните не се, очигледно.
 
Последно уредено:
Член од
23 септември 2015
Мислења
852
Поени од реакции
432
Јапонцине биле измамени од старт и сега не прифаќаат...тоа е проблем со самите нив...
 
Ретко се гледа ум како твојот. Да си го пазиш многу, вистинско е национално богатство.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.100
Поени од реакции
7.465
Овозамниот живот може да го карактеризираме како рај/пекол не знаејќи го значењето на тие поими, луѓето ги употребуваат лаконски во секојдневие.
Грешниците и непокајаните ќе бидат казнети, тоа го има во Јовановото Откровение, праведните и покајниците ќе имаат 1000 години земски рај а потоа и небесен рај. Тоа е од Христијанска перспектива, не знам дали ти си Христијанин или не?
Крстен сум, ама не се сметам класичен христијанин, а и деца кога ќе дојдат, нема да ги крстам, туку ќе ги терам да читаат, па самите да одлучат. Ако во иднина биде воопшто дозволено да се чита нешто различно од системот.

За работите што ги пишува во писанијата што ги спомнуваш, има други објаснувања кои ми се пологични, посфатливи, пореални, а и од луѓе кои успеале да го спојат духовниот со научниот свет, притоа практично да докажат дека тоа што го зборат е така, а не само празни реченици.

Ако не знаеме што е рај или пекол, тогаш поприфатливо ми е дека тука е рајот и пеколот, бидејќи никој не се вратил да ни каже каков би бил пеколот и рајот откако душата ќе го напушти физичкиот сад.

Во меѓувреме што се случува со душите измеѓу првото и второто доаѓање?
 
Член од
23 септември 2015
Мислења
852
Поени од реакции
432
Ретко се гледа ум како твојот. Да си го пазиш многу, вистинско е национално богатство.
Крстен сум, ама не се сметам класичен христијанин, а и деца кога ќе дојдат, нема да ги крстам, туку ќе ги терам да читаат, па самите да одлучат. Ако во иднина биде воопшто дозволено да се чита нешто различно од системот.

За работите што ги пишува во писанијата што ги спомнуваш, има други објаснувања кои ми се пологични, посфатливи, пореални, а и од луѓе кои успеале да го спојат духовниот со научниот свет, притоа практично да докажат дека тоа што го зборат е така, а не само празни реченици.

Ако не знаеме што е рај или пекол, тогаш поприфатливо ми е дека тука е рајот и пеколот, бидејќи никој не се вратил да ни каже каков би бил пеколот и рајот откако душата ќе го напушти физичкиот сад.

Во меѓувреме што се случува со душите измеѓу првото и второто доаѓање?
Треба децата да учат од старите како по искусни и ти да им го покажеш патот до правата вера и вистина т.е Црквата и Исус а не да ги оставиш на погрешен пат....
И после да прашуваат дали ке одат во пеколот дека не знаеле за Исус и црквата...
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.100
Поени од реакции
7.465
Треба децата да учат од старите како по искусни и ти да им го покажеш патот до правата вера и вистина т.е Црквата и Исус а не да ги оставиш на погрешен пат....
И после да прашуваат дали ке одат во пеколот дека не знаеле за Исус и црквата...
Среќа наша постои слободна волја, па затоа повеќе не живееш во пештера.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.509
Поени од реакции
4.630
А не било полесно за семоќен Бог да ги изедначи правилата за сите? Наместо да има различни криериуми за Јапонците до 15 век и народите околу Средоземно Море? Не знам, јас сум естетска природа, па ова моето ми изгледа како поелегантно решение.

Инаку, знам дека сите религии немаат вистински учења, единствено вистински се твоите, кои истовремно се ОБЈЕКТИВЕН критериум за сите други. А на огромно чудо, и сите други верници од сите други религии го мислат токму истото. Но нашите се во право, нивните не се, очигледно.
Во Стариот Завет, само Евреите беа „почестени„ со епитетот „избран народ„.

Со завршетокот од Стариот Завет и стапувањето „на сила„ на Новиот, сите народи се повикани на спасение, преку Спасителот Христос и преку Неговата Црква.

Така, ич не секирај за тоа дали Бог постапил „вака„ или „така„, оти Он најдобро знаше што е потребно за сечие спасение. Бог сака сите да се спасат, а дали тие „сите„ сакаат спасение, тоиа зависни од нивиот верски избор.

Дали некоја вера е „онаа вистинската„ одреди сам, не очекувај дека „некој друг„ треба да одлучува за тебе.

Затоа Бог ни дал разум и слободна волја, за да ги користиме, за своја корист и за свое спасение.
 
Член од
23 септември 2015
Мислења
852
Поени од реакции
432
@Julius Evola ето гледаш...јапонцине се глупави не знаат да користат ум и разум за да се спасение...тоа е нивни проблем...а имаат секакви услови но не веруваат во Бога и Црквата која е едини спас за човештвото....
 
Член од
9 јули 2024
Мислења
293
Поени од реакции
427
Дали некоја вера е „онаа вистинската„ одреди сам, не очекувај дека „некој друг„ треба да одлучува за тебе.

Затоа Бог ни дал разум и слободна волја, за да ги користиме, за своја корист и за свое спасение.
А ха, значи сакаш да ми кажеш дека ако ти беше роден во Саудиска Арабија, и ако дојдеше некако во контакт со христијанството, и то оваа твојата православна варијанта, со помош на својата слободна волја и разум ќе одлучеше дека ова е вистинската вера, и ќе се конвертираше?

Мене ова ми изгледа како многу веројатно сценарио, не знам тебе.
 
Последно уредено:
Член од
23 септември 2015
Мислења
852
Поени од реакции
432
А ха, значи сакаш да ми кажеш дека ако ти беше роден во Саудиска Арабија, и ако дојдеше некако во контакт со христојанството, и то оваа твојата православна варијанта, со помош на својата слободна волја и разум ќе одлучеше дека ова е вистинската вера, и ќе се конвертираше?

Мене ова ми изгледа како многу веројатно сценарио, не знам тебе.
100% особено од арапските земји.
Инаку Господ ги сака само израелските и православните народи....и само за нив се бори !
Дека само тие веруваат во него
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.840
Поени од реакции
6.332
Крстен сум, ама не се сметам класичен христијанин, а и деца кога ќе дојдат, нема да ги крстам, туку ќе ги терам да читаат, па самите да одлучат. Ако во иднина биде воопшто дозволено да се чита нешто различно од системот.

За работите што ги пишува во писанијата што ги спомнуваш, има други објаснувања кои ми се пологични, посфатливи, пореални, а и од луѓе кои успеале да го спојат духовниот со научниот свет, притоа практично да докажат дека тоа што го зборат е така, а не само празни реченици.

Ако не знаеме што е рај или пекол, тогаш поприфатливо ми е дека тука е рајот и пеколот, бидејќи никој не се вратил да ни каже каков би бил пеколот и рајот откако душата ќе го напушти физичкиот сад.

Во меѓувреме што се случува со душите измеѓу првото и второто доаѓање?
Што се случува со душите знае само Бог, ние можеме да шпекулираме но одговорот не го знаеме а можеби и никогаш нема да го дознаеме.
Значи ти си културен Христијанин како Докинс што е сосема коректна позиција.
Јас на времето бев агностик но животот знае да подели сериозни лекции.
Логиката може но и немора да биде компатибилна со Верата. Примерот со слободната воља е тој, навистина логиката укажува дека не може да постои сезнаен Бог и слободна воља истовремено. Но тука има простор за она што се нарекува leap of faith.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom