Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

Дали очекувате дека новата власт и новата Претседателка ќе го ревидираат Преспанскиот договор?

  • Вкупно гласачи
    291
  • Гласањето е завршено на .
Член од
23 август 2010
Мислења
39.379
Поени од реакции
113.817
Јас сериозно не можам да разберам кој е проблемот што премиер на држава летал со бизнис класа до Америка, значи 10+ часовен лет. :toe: Па со Млаз Богданци ли да оди бе? Бог да чува и да брани, ова комуњарава од очај ќе продаде и сопствено дете само за да создава непотребна тензија.

Сериозно, Мицко не ми е воопшто омилен лик, напротив ме нервира, ама ова е чист безобразлук и искрено он и премногу меко им одговори, ваљда дека е свежо нов премиер па не сака да создава слика кај народот дека е арогантен и дека се курчи, иначе требаше да им каже само дека му се може и аукурац.
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.300
Поени од реакции
21.410
МВР им поднесе кривична пријава на Дрин Ахмети и Бесијан Ахмети, внуци на Али Ахмети
МВР поднесе кривична пријава против внуците на Али Ахмети, Дрин Ахмети и Бесиан Ахмети поради сомнежи за злоупотреба на концесијата за рудник кај Кичево.

- Во период од 2016 година до 2023 година кривично пријавените постапиле спротивно на Закон за минерaлни суровини и договорот за концесија за експлоатација на локалитет во општина Зајас, склучен меѓу правното лице и владата, претставувана од страна на тогашниот министер за економија. Истите биле должни да плаќаат точно утврден годишен надоместок за користење на просторот кој бил доделен со концесија за експлоатација и надоместок за експлоатирана количина на минерална суровина, и како потписници на сметка на правниот субјект исплатиле помалку концесиски надоместоци во вкупен износ од 1,6 милиони денари, при што предизвикале штета и на буџетот., соопштија од МВР.

Пријави за несовесно работење има и за неколку вработени во Министерството за економија кои биле должни да вршат надзор на концесијата.
 
Член од
19 февруари 2023
Мислења
2.758
Поени од реакции
5.684
Сериозно луѓе барате генетска блискост со соседен народ дали срби, бугари или албанци.
Па ако некој е генетски поблизок слободно може да си се изјасни за македонец, чим сите бараат блискост со нас значи вредиме :ljubove:
 
Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.450
Поени од реакции
87.184
Се, се, ама комуњари да серат за тоа како летале овие до САД е ново пробивање дно... Ко да не знаат дека нивната вештерка Шеќеринска секаде одеше со хеликоптер низ државава, чиниш е Берлускони како слетува во Миланело да им кажува на играчите што дупел синоќа...

Screenshot_20240724_040733_edit_161591121062835.jpg
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.525
Поени од реакции
22.176
Ne ja razbiram poentata okolu genetskite ispituvanja i zaklucocite. Evropa e izmesan kontinent. Dali imam 2 ili 5% slicnost so nekoj Svegjanec e nebitno. Ne pa nie sto sme Balkanci tuka e kasa popara. Da, narodite sepak imaat po nekoi karakteristiki (mongoloidni faci na istok odnosno trijagolnicki faci na severo-zapad) no ako pogledneme niz balkanskite nacii, bukvalno imame sekakvi likovi i faci kaj site.

Na kraj toa e i nebitno ako zboruvame za nacii. Konceptot na nacii, a svetot momentalno sostoi od nacii i nacionalni drzavi, ne gleda na nekoja genetika. Ne deka ne e bitno istorijata ama nema vrsa so genetskata struktura na naciite. Drugi kriteriumi zemame nie ete kako Makedonci, za da se definirame kako posebna nacija.
 
Последно уредено:
Член од
2 април 2023
Мислења
228
Поени од реакции
474
Ne be lepi, neam ja srbofobija, osobeno shto imam srpsko poteklo od Bosna. Samo vo Makedonija vazi ona, 1000 pati kazana laga stanuva vistina... A i ne gledam nishto losho vo rezultatite, ete Makedoncite se najmalku slovenski narod od site slovenski narodi, i rezultatite potvrduvaat deka se anticki :)
Не знам кај ти виде лага, али изгледа во Македонија важи и она, вистина која не можам да ја прифатам мора да е лага/пропаганда.
Воопшто не беше спорно дали сме словенски или антички, целта беше само да видиш дека сепак не си во право, а и разликите во првите 2 хапло групи е 1,5%, така да смешно е да зборуваме за некоја генетска хомогеност, ние сме најизмешан генетски народ на Балканот, што е и нормално на нашата географска положба.
 
Член од
19 февруари 2023
Мислења
2.758
Поени од реакции
5.684
Не знам кај ти виде лага, али изгледа во Македонија важи и она, вистина која не можам да ја прифатам мора да е лага/пропаганда.
Воопшто не беше спорно дали сме словенски или антички, целта беше само да видиш дека сепак не си во право, а и разликите во првите 2 хапло групи е 1,5%, така да смешно е да зборуваме за некоја генетска хомогеност, ние сме најизмешан генетски народ на Балканот, што е и нормално на нашата географска положба.
Да беше од Битола ќе те викаа Колумбо, географска положба:pos: отишол за индија ги измешал генетските карти слетал во свирипичино.

Теории за мешавина конкретно за нас македонците доаѓаат од чистите соседи, таквите како вучиќ и шешељ кои не сметаат мешавина на срби и бугари, бугарските националисти кои не споредуваат со македонска салата, мелези со измешана генетика по ново и македонизирани православни албанци.
Кога некој ги зборува овие работи Македонецот треба да знае која е позадината од тие чисти човеколики соседни народи.
 
Последно уредено:
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.790
Поени од реакции
8.499
кај виде пруга битола-охрид-струга,да не имаш сонувано нешто
Проблемот е што не е целосно грант, туку има и сериозно државно учество (околу 300 милиони) што може да порасне неконтролирано затоа што се гради со црвен FIDIC.

Проблемот е што би инвестирале значаен дел од нашите капитални инвестиции во нешто за кое што другата страна не дава никаква гаранција дека ќе се заврши, и ќе почне да носи бенефит.
Моја грешка,оригинално кога излезе проектот имаше баш статии со мислења од стручен кадар и имаше разгледување на двете опции, кога ја видов сликата на момент ми заличи дека ја одбрале опцијата преку Прилеп и тоа е тоа.

ЕУ им дала грант од 210 000 000 евра ( преку ИПА-2 и WBIF ), за да изградат пруга од 60 километри каде што веќе однапред биле завршени дел од градежните работи. ( Иако сум доста сигурен дека пред година дена на финански извештај видов дека сумата е 345 милиони евра, али ете на проектот стои оваа сума).

1721818286595.png

Се над максимум 5 милиони евра по километар пруга е крадење. Али тоа е комплетно различен проблем. Иако ќе речам огромен удел има и дека немаме ниту градежни фирми, ниту луѓе, ниту железница е воопшто функционална единица. А и да се направи пругата до Бугарија, никогаш нема да успеат да го изградат потегот од Кичево до Охрид. Тоа за овие луѓе е мисловна именка. А ако не се пробие целата рута од Бугарија до албанија, да таа пруга нема никаква поента.

Ќе кажам, крадењето да го ставиме на страна, луѓето во Македонија не разбираат колку повеќе не сме способни за ништо. И тоа е причината зошто ништо не може да биде завршено освен ако не е некој комплетно основен систем. Веќе подолго време сме влезени во криза поради неспосоност, и како се пензионираат стручните кадри се повеќе и повеќе ќе стануваме неспособни да одржуваме какви било покомплексни системи.
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.727
Поени од реакции
36.597
кој ги измисли ќ,ѓ,њ,љ?

фашистите? или Блаже Конески?
Гласовите за тие букви си постоеле уште во XIX век (види Ѓорѓија Пулевски, македонска песнарка, ТМК... на пример). Буквите, особено Ќ и Ѓ се воведени по предлог на Мисирков, 1903, а Љ и Њ кои кај Мисирков се Л' и Н' се всушност поедноставени од нивната употреба кај Пулевски. Значи никој во 1945 не измислил ништо, само кодифицирал работи кои веќе постоеле.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.019
Поени од реакции
83.430
Гласовите за тие букви си постоеле уште во XIX век (види Ѓорѓија Пулевски, македонска песнарка, ТМК... на пример). Буквите, особено Ќ и Ѓ се воведени по предлог на Мисирков, 1903, а Љ и Њ кои кај Мисирков се Л' и Н' се всушност поедноставени од нивната употреба кај Пулевски. Значи никој во 1945 не измислил ништо, само кодифицирал работи кои веќе постоеле.
супер, фала што кажа дека Конески не ги измислил, него ги кодифицрал

мислам дека тука ама баш никој не мисли дека Конески ги измислил и никој буквално не ме сфати
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.727
Поени од реакции
36.597
супер, фала што кажа дека Конески не ги измислил, него ги кодифицрал

мислам дека тука ама баш никој не мисли дека Конески ги измислил и никој буквално не ме сфати
Не ве разбирам кој ви е проблемот со Конески. Да не го кодифицирал јазикот (кој всушност и не го кодифицирал сам, си имало комисии за тоа), денес ќе имавме јазик? Ќе имавме држава? Ќе беше јазикот признаен од ОН и ЕУ (како-така)? Кодификацијата на секој еден јазик е неопходен процес. Бугарскиот јазик имал 6 кодификации од кои првата 1896 или 1898, не знам точно. Дали тоа значи дека пред тоа јазикот не им постоел? Последната, шеста кодификација или ревизија на азбуката им е направена на 27.02.1945, цели 6 месеци и 25 дена по кодификацијата на македонскиот јазик. Па никој не тврди дека бугарскиот јазик бил измислен во 1945.
Има измислени букви.
Сите букви, од сите јазици во светот се измислени.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Моја грешка,оригинално кога излезе проектот имаше баш статии со мислења од стручен кадар и имаше разгледување на двете опции, кога ја видов сликата на момент ми заличи дека ја одбрале опцијата преку Прилеп и тоа е тоа.

ЕУ им дала грант од 210 000 000 евра ( преку ИПА-2 и WBIF ), за да изградат пруга од 60 километри каде што веќе однапред биле завршени дел од градежните работи. ( Иако сум доста сигурен дека пред година дена на финански извештај видов дека сумата е 345 милиони евра, али ете на проектот стои оваа сума).

Прегледај го приврзокот 424793

Се над максимум 5 милиони евра по километар пруга е крадење. Али тоа е комплетно различен проблем. Иако ќе речам огромен удел има и дека немаме ниту градежни фирми, ниту луѓе, ниту железница е воопшто функционална единица. А и да се направи пругата до Бугарија, никогаш нема да успеат да го изградат потегот од Кичево до Охрид. Тоа за овие луѓе е мисловна именка. А ако не се пробие целата рута од Бугарија до албанија, да таа пруга нема никаква поента.

Ќе кажам, крадењето да го ставиме на страна, луѓето во Македонија не разбираат колку повеќе не сме способни за ништо. И тоа е причината зошто ништо не може да биде завршено освен ако не е некој комплетно основен систем. Веќе подолго време сме влезени во криза поради неспосоност, и како се пензионираат стручните кадри се повеќе и повеќе ќе стануваме неспособни да одржуваме какви било покомплексни системи.
И пак, земи во предвид дека ова е сума што е пресметана според инициалниот проект подготвен од државата. Кога ќе почнат градежните работи, ќе почне да расте, и спремен сум да се кладам дека лесно ќе стигне до над 700 милиони.
 
Член од
2 април 2023
Мислења
228
Поени од реакции
474
Да беше од Битола ќе те викаа Колумбо, географска положба:pos: отишол за индија ги измешал генетските карти слетал во свирипичино.

Теории за мешавина конкретно за нас македонците доаѓаат од чистите соседи, таквите како вучиќ и шешељ кои не сметаат мешавина на срби и бугари, бугарските националисти кои не споредуваат со македонска салата, мелези со измешана генетика по ново и македонизирани православни албанци.
Кога некој ги зборува овие работи Македонецот треба да знае која е позадината од тие чисти човеколики соседни народи.
Македонци - разлика во 2те најзастапени хапло групи - 1,5%
1.I2a1 - 23%
2.E1b1b - 21,5%

Грци - разлика во 2те најзастапени хапло групи - 2%
1.Ј2 - 23%
2.E1b1b - 21%

Црногорци - разлика во 2те најзастапени хапло групи - 2,5%
1.I2a1 - 29,5%
2.E1b1b - 27%

Бугари - разлика во 2те најзастапени хапло групи - 3,5%
1.E1b1b - 23,5%
2.I2a1 - 20%

Албанци - разлика во 2те најзастапени хапло групи - 8%
1.E1b1b - 27,5%
2.Ј2 - 19,5%

Турци - разлика во 2те најзастапени хапло групи - 8%
1.Ј2 - 24%
2.R1b - 16%

Романци - разлика во 2те најзастапени хапло групи - 9,9%
1.I2a1 - 27,5%
2.R1a - 17,6%

Хрвати - разлика во 2те најзастапени хапло групи - 13%
1.I2a1 - 37%
2.R1a - 24%

Срби - разлика во 2те најзастапени хапло групи - 16%
1.I2a1 - 34%
2.R1a - 18%

Босанци(Срби/Хрвати/Бошњаци) - разлика во 2те најзастапени хапло групи - 32,5%
1.I2a1 - 50,5%
2.R1a - 18%

На Балканот , Македонците се генетски најхетерогени, Босанците се генетски најхомогени („најчисти“ ако сакаш) и единствени со доминантна хапло група од над 50%, што е иронично, дека најкрвавите војни во 90тите беа баш меѓу нив.

Иди на психијатар, не е нормално у глава да ти се средовечни мажи како Шешељ и Вучиќ, може станува збор за некој фетиш? Не осудувам брат, ако треба ќе отвориме сметка за донации, само ти да ни оздравиш.
 
Последно уредено:
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.790
Поени од реакции
8.499
И пак, земи во предвид дека ова е сума што е пресметана според инициалниот проект подготвен од државата. Кога ќе почнат градежните работи, ќе почне да расте, и спремен сум да се кладам дека лесно ќе стигне до над 700 милиони.
Се сложувам пишав на крај, и една милијарда ќе стигне најверојатно и никогаш нема да го завршат. Едноставно се нема капацитет да се заврши каков било покомплексен проект. И да ја завршат пругата до Крива Паланка некако, тунелот ќе им биде огромен проблем. И да завршат се, пруга до Софија е бескорисна ако нема поврзаност и со Албанија. А делот од Кичево до Струга па ептен никогаш нема да го завршат.

Ако потпишале договор каде што добиле грантови, но се обврзале на фиксни рокови, веднаш треба да пробаат да го раскинат, зошто ќе направат финансиска црна дупка. Еден куп работи треба да се средат, пред да можат да мислат на големи проекти. Луѓе кои пренесуваат железнички прагови со камиони, нема што да се занимаваат со изградба на пруги.

Патем во 1945 со во споредба со денеска никаква механизација ,проценката на Југословенско - Бугарската комисија била дека можат до 1948-49 да ја завршат пругата со се тунелите и од двете страни. Во 2020 на нашите проценката им била дека до 2029 би биле готови со пругата без тунелот. Не знаеш дали да плачеш или да се смееш.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom