Слободната воља и религиите!

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.081
Поени од реакции
12.054
Што не ќе слушнам, “слободна волја ама ограничена“ :pos: Оксиморон par excellence.
Не може да прифатат дека христијанскиот концепт на сезнаен бог кој што одредува по негова волја кој за кај е, не може да им дава на луѓето слободна волја бидејќи знае за секој сешто, и што ќе се случи и кој кога ќе се роди!

Од друга страна, види ја умствената положба на христијаните кога зборуваат за нивното верување: тие зборуваат за нивното верување како да е факт сето тоа верување во богови и задргобен живот и душа и се останато, дека некаков си бог ги создал во кој само тие веруваат, дека еврејскиот концепт на космологија е нивни и тие го разбираат најдобро, и најлошо од се - заради тоа што христијанинот е убеден дека светата книга негова е некаков факт за универзумот и реалноста тука, тој ти вели дека сето друго е погрешно и зло и ти не знаеш кај тераш, и нивниот бог во кој само тие веруваат дека е реалност, ќе те суди и тебе, заради „слободна волја“ која „тој ти ја дал“....

Хаос е целата догма, се наметнува како факт, ги негира другите заради премисата „Црквата ја има вистината и точка“ - мислам се обидуваат да ја наметнат со муабети „ама Црквата ги содржи сите вистини“.... да, ако веруваш и си дел од таа црква, која и да е денес - може тоа да е целата реалност за тебе, но не и за другите.

Во христијанството немаш слободна волја. Да плукнам на слободата кога некој бог се дрзнува да те казнува ако ти сметаш дека ќе се инкарнираш во пеперутка после смртта заради своите дела на Земјата или не веруваш дека некаков си Христос ќе доаѓа да те спасува од тебе самиот... еми богот знае кој сум и што сум, може да е исплашен па само зборува за доаѓање и за казнување, кај ги знаеш :)
 
Член од
9 јули 2024
Мислења
293
Поени од реакции
427

Јас искрено не разбирам кој е твојот проблем со христијанството. Ова не го пишувам за да провоцирам, туку сакам да разберам. Христијанството и телемата не се компетитивни учења. Телемата нема никаков капацитет да стане широко прифатена, а бидејќи живееме во секуларно оппштество не гледам како христијанството ја за загрозува телемата.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.081
Поени од реакции
12.054
Јас искрено не разбирам кој е твојот проблем со христијанството. Ова не го пишувам за да провоцирам, туку сакам да разберам. Христијанството и телемата не се компетитивни учења. Телемата нема никаков капацитет да стане широко прифатена, а бидејќи живееме во секуларно оппштество не гледам како христијанството ја за загрозува телемата.
Проблемот е догмата и постојано преставување на таа догма (и од свештеници и од обични мирјани) како апсолутна вистина преку која го осудуваат секое друго учење и сатанизирање на се останато што не е дел од таа догма. Не ми е проблем, но ме иритира и постојано го повторувам тоа дека верување во богови не ти дава никаква моќ твоето разбирање на реалноста за тебе, да важи и за сите други....

Мојата дејствување на Земјата да правам што ми е волја (што и да ти значи тебе тоа) не е ограничено од нивниот концепт на божественост, грев, морал и етика.... тоа мора секој да го разбере и да го прифати, инаку ќе биде пречка на другите и може да настрада....
А тие, христијани и муслимани и сите догматичари, упорно тоа го дрдорат и се обидуваат на сите можни начини да ги убедат сите дека верувањето нивно е реалноста за човештвото и светот.... не прифаќаат различност! Или си со нив или против нив! Или ќе страдаш заедно со нив или ќе страдаш од нив (кога ќе дојде времето за тоа).
Тоа е проблемот: погрешна проекција врз другите на своите верувања во однос на божеството кое можеби и не постои!

Читај ги внимателно христијаните тука како зборуваат во однос на било што кога се споменува верување и вера и можеби ќе ме разбереш зошто не ми се допаѓа тој наратив нивни...
Догмата ги загрозува сите. Догмата лесно преминува во воена машинерија. Не сте ги виделе сеуште муслиманите во пикот на нивната лудост - рано е за тоа, но ќе начекаме како старци од по 80 години!

Не живееш во секуларно општество. Тоа само на хартија.
Ќе полемизираат сите „ама имаш право да веруваш во што сакаш и како сакаш“. Да, по дома.
Инаку може да го јадеш стапот од забегана багра бидејќи не си по нивната догма, или да те осудуваат и заморуваат... суптилен напад врз поединецот.
Далеку сме од секуларност која означува разбирање на различноста, а со тоа и на самата слобода и должност спрема другите и себе си....
Секуларност каде во Македонија христијани и муслимани си билдаат „муда“ со градење џамии, врескање на минариња што погласно, биење камбани на сите страни и литии и се останато - не е секуларност - војна е, тивка задкулисна психолошка војна на омраза и неприфаќање на другоста!

Телема е младо чудо, рано е... не знам ниту дали треба Телема да биде широко прифатена како што тоа денес го имаме како христијанство и ислам... :)
 
Член од
19 март 2013
Мислења
2.900
Поени од реакции
4.247
Тие самите не се знаат, не па јас ќе ги знам :):)
Само што се опиша себеси.
Автоматски споено мислење:

Телема е младо чудо, рано е... не знам ниту дали треба Телема да биде широко прифатена како што тоа денес го имаме како христијанство и ислам... :)
Нека остане мало чудо заедно со илјадници такви што се сметаат посебни и несфатени од околината , а уствари ги има во милионски бројки. Ништо посебно.
Тешко е да се прифати дека само еден ги држи конците , човекот ужива во желбата да контролира целосно и да биде горделив до крајни граници.
 
Последно уредено:

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.765
Поени од реакции
4.812
Да, тоа се вика мислење. Некои луѓе се занимаваат со тоа, повеќето баш и не.
Ај да ти помогнам...

Како веќе напишав, ти посочувам дел од учењето кое на Црквата и‘ е објавено „од озгора„, од Небесата, за џабе, бадијала, а од милост Божја кон човекот.

Твоето философирање...т.е. твојата желба за филососфирање е само пуст човечки обид да со својот ум дојде до некоја вистина, особено до вистина која е ем прилично апстрактна, а истовремено толку и конкретна.

Туку...што постигна со твоето мислење? Уште си во двоумење дали слободната волја постои или не?...
Автоматски споено мислење:

Што не ќе слушнам, “слободна волја ама ограничена“ :pos: Оксиморон par excellence.
А според твојата телесна премудрост, како „изгледа„ неограничената слободна волја?...И кои се последиците од истата?...
 
Член од
2 октомври 2012
Мислења
246
Поени од реакции
157
Ај да ти помогнам...

Како веќе напишав, ти посочувам дел од учењето кое на Црквата и‘ е објавено „од озгора„, од Небесата, за џабе, бадијала, а од милост Божја кон човекот.

Твоето философирање...т.е. твојата желба за филососфирање е само пуст човечки обид да со својот ум дојде до некоја вистина, особено до вистина која е ем прилично апстрактна, а истовремено толку и конкретна.

Туку...што постигна со твоето мислење? Уште си во двоумење дали слободната волја постои или не?...
Автоматски споено мислење:

А според твојата телесна премудрост, како „изгледа„ неограничената слободна волја?...И кои се последиците од истата?...
Tи да помогнеш? Тешко. Заразен си со догмата и надвор од твојта таканаречена црква не можеш да помогнеш никому, многу работи не ти се јасни.
Постои некој посебен црковен македонски и световен македонски јазик? Не Мики, истиот е. Од небесата дадено и тоа баш на твојата црква? Ма да сигурно.

Си ги помешал лончињата. @Julius Evola не рече дека слободна волја не постои, туку дека е контрадикторна со твојот бог. Јас тврдам дека такво нешто не постои. Ако е ограничена тогаш не постои. Како да ти кажам како би изгледала слободна волја кога такво нешто нема. Велат ни царот не јаде тоа што нема, така да богот твој не може да даде нешто што не постои. Де ти кажи ми како би изгледал чесен лопов или женет ерген.
 
Хеман,

да си ти толку бистар колку што за себе си отфантазирал, ќе најдеше начин да ја побиеш можноста за постоење на слободната волја.

Вака, со сета твоја затуцаност, ти останува само вербалниот став дека слободната волја не постои, небаре тој твој став е чиста и несоборлива вистина.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.244
Поени од реакции
7.605
Значи Бог НЕ ЗНАЕ дали овој ќе украде, така?

ОК, тогаш не е сезнаен, и следствено на тоа не е семоќен. Се согласуваш или не?
Врз основа на што донесе заклучок дека не е семоќен... Зашто го негираш муабетот дека бог целосно ги има правата врз последиците од нашиот избор?

Значи ние си одлучуваме што ќе направиме, ама не можеме да се мешаме во последиците од нашиот избор. Значи акција и реакција, е кај реакцијата имаме 0 можност да влијаеме.

Со ова баш излегува дека бог е семоќен, прави што ќе правиш, ама моја одлука ќе биде каква ќе последицата. За да не лутаме, постојат 10 заповеди, што доста атеисти ги почитуваат и супер поминуваат низ животот, а има религиозни фанатици кои не живеат според нив, па троа потешко.

Од сите религиозни нелогичности, прикаски, кај ви текна баш слободната волја да ја негирате...

не рече дека слободна волја не постои, туку дека е контрадикторна со твојот бог.
Не е контрадикторна со бог, туку со религиозните авторитети, владики, папи, муфтии, рабини, но тоа веќе е познато.
 
Член од
2 октомври 2012
Мислења
246
Поени од реакции
157
Хеман,

да си ти толку бистар колку што за себе си отфантазирал, ќе најдеше начин да ја побиеш можноста за постоење на слободната волја.

Вака, со сета твоја затуцаност, ти останува само вербалниот став дека слободната волја не постои, небаре тој твој став е чиста и несоборлива вистина.
Па уште и ќе те бидело. Не бе, ни те бивало ни ќе те биде. Замиот збор ограниченост е спротивно на слободна волја. Докажано и предокажано. Твојата затуцаност ни богот твој не ја лечи.
Автоматски споено мислење:

Не е контрадикторна со бог, туку со религиозните авторитети, владики, папи, муфтии, рабини, но тоа веќе е познато.
Тоа не е мој став, не знам зошто мене ме цитираш за тоа.

Патем, не мешај десет заповеди. Ниеден атеист не ги почитува. Кажи атеист кој ги почитува првите 4. Она ако мислиш на не кради не убивај не се непознати вон и пред христијанството.
 
Последно уредено:
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.007
Поени од реакции
10.118
Ај едно прашање, можеби ќе ви звучи без везе.....Кога човек осознава дека поседува слободна воља, на која возраст?
Знаеме кога детето проодува, прозборува, рспознава итд....
Дали дете родено од родители кои се зависници или некои со посебни потреби, дете посвоено од истополови партнери, алкохоличари итд...се надевам дека ме разбирате што сакам да кажам...и сега, кога тоа дете ке порасне, гледа во каква средина живее, гледа околу него други фамилии, поразлични, посрекни, побогати.....
Нели пак доаѓаме до тоа дека ние наследуваме, без да не праша некој дали сакаме или не, од тие што не створиле.
Слободна воља не постои...постои само тоа што ни е дадено, пренесено од колено на колено, од прапрапрадедовците.
 
Член од
9 јули 2024
Мислења
293
Поени од реакции
427
Врз основа на што донесе заклучок дека не е семоќен...
Добро бе пријател, не ти е жал за мене што се трудам како на 12 годишно дете да ти објаснам и очигледно си го губам времето?

Нели рековме дека првата премиса е дека Бог е семоќен, така? Ако е семоќен од тоа ЛОГИЧКИ СЛЕДУВА ДЕКА МОРА ДА Е СЕЗНАЕН. СЕЗНАЕН значи дека ЗНАЕ СЕ, така?

Ти во претходниот пост напиша дека Бог НЕ ЈА ЗНАЕ иднината, односно НЕ ЗНАЕ што еден човек ќе одлучи кога е соочен со избор. Морам вака со големи букви, разбери ме и јас имам праг на толеранција.

Ако Бог НЕ ЗНАЕ што ќе одлучи поединецот, значи дека постојат работи што тој НЕ ГИ ЗНАЕ. Од тоа следува дека НЕ Е СЕЗНАЕН, и следствено на тоа НЕ Е СЕМОЌЕН, затоа што СЕМОЌНИОТ ЕНТИТЕТ МОРА ДА Е СЕЗНАЕН.

Поедноставно од ова не можам, барај сликовница.
 
Последно уредено:

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.765
Поени од реакции
4.812
Ај едно прашање, можеби ќе ви звучи без везе.....Кога човек осознава дека поседува слободна воља, на која возраст?
Знаеме кога детето проодува, прозборува, рспознава итд....
Дали дете родено од родители кои се зависници или некои со посебни потреби, дете посвоено од истополови партнери, алкохоличари итд...се надевам дека ме разбирате што сакам да кажам...и сега, кога тоа дете ке порасне, гледа во каква средина живее, гледа околу него други фамилии, поразлични, посрекни, побогати.....
Нели пак доаѓаме до тоа дека ние наследуваме, без да не праша некој дали сакаме или не, од тие што не створиле.
Слободна воља не постои...постои само тоа што ни е дадено, пренесено од колено на колено, од прапрапрадедовците.
Уау!...

А со „што„ вршиш избор и одлуки во секојдневниот живот, дури и за најбанални работи и нешта? Ги прашуваш родителите? Ги прашуваш комшиите дали изборот ти е добар или не?
Автоматски споено мислење:

Па уште и ќе те бидело. Не бе, ни те бивало ни ќе те биде. Замиот збор ограниченост е спротивно на слободна волја. Докажано и предокажано. Твојата затуцаност ни богот твој не ја лечи.
Докажно од кого? Од тебе?...:icon_lol:

Ајде изнеси ја доказната постапка со која го побиваш постоењето на слободната волја. Се надевам дека ќе „видам„ и некој посилен доказ од твојата вербална негација на „нешто„ кое напросто се подразбира дека постои.

И секако, се надевам дека нема да те чекам со твоите докази до мојата смрт...
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.007
Поени од реакции
10.118
Уау!...

А со „што„ вршиш избор и одлуки во секојдневниот живот, дури и за најбанални работи и нешта? Ги прашуваш родителите? Ги прашуваш комшиите дали изборот ти е добар или не?
Автоматски споено мислење:

Докажно од кого? Од тебе?...:icon_lol:

Ајде изнеси ја доказната постапка со која го побиваш постоењето на слободната волја. Се надевам дека ќе „видам„ и некој посилен доказ од твојата вербална негација на „нешто„ кое напросто се подразбира дека постои.

И секако, се надевам дека нема да те чекам со твоите докази до мојата смрт...
Де, кажи ти со што вршиш избор за дадени одлуки.
 
Член од
2 октомври 2012
Мислења
246
Поени од реакции
157
Докажно од кого? Од тебе?...:icon_lol:

Ајде изнеси ја доказната постапка со која го побиваш постоењето на слободната волја. Се надевам дека ќе „видам„ и некој посилен доказ од твојата вербална негација на „нешто„ кое напросто се подразбира дека постои.

И секако, се надевам дека нема да те чекам со твоите докази до мојата смрт...
Ко на прваче ти е објаснето дека ограничување и слобода се спротивност. Јас и 9 живота да живеам нема да дочекам да сфатиш што пишувам, така да џабе и се трудам.
Автоматски споено мислење:

Де, кажи ти со што вршиш избор за дадени одлуки.
Ги прашува црномантијашите пред секоја одлука :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom