Слободната воља и религиите!

Член од
28 декември 2015
Мислења
3.913
Поени од реакции
6.387
Немам некаква афирмативна теорија за било што. Јас сум како духот на неверувањето, истиот оној кој му се јавува на Фауст. Способен сим да разградам било каков наратив, но немам со што да го заменам разграденото. Ако имам некоје стојалиште, може да биде наречено радикален агностицизам. Мислам дека живееме во епистемолошки затвор, односно дека нашите сетила и нашиот ум не ни овозможуваат контакт со некаква "вистинска" реалност. Не верувам во Бог, не верувам во науката, не верувам ниту во неверувањето. Кант го има поделено светот на свет по себе, и свет за нас. Тој сметаше дека науката дава отчет само за светот за нас, но сепак веруваше дека можеме некогаш да имаме увид во светот за себе, преку Доброто и Убавото.

Јас ни во тоа не верувам, осудени сме на нашиот епистемолошки затвор во кој си измислуваме приказни за да го истуркаме денот. Некои од тие приказни се пологични, некои се смешно глупави и навистина е потребен leap of faith за некој да ги прифати. Самиот тој leap of faith нема никакво значење настрана од човекот кој го прави, нема никава вистинита вредност. Како што велеше премудриот Ниче во своета напомена за магарињата, нашата желба нешто да постои не е никаков доказ за постоењето на тоа нешто.
А што мислиш за позицијата на Ричард Докинс кој иако атеист, се смета себеси за "културен Христијанин"?
Може leap of faith нема инхерентно значење само по себе но имајќи го предвид христијанството како општествена сила не може да се занемари значењето на верата во реалноста.
Автоматски споено мислење:

Би знаел бог (кој и да е од илјадниците) ако постои. Но постоел или не, ти (ни јас, ни никој од над 8 милијарди) тоа не го знае.
Аха, за тоа ништавило зборуваш, ок. Значи според тебе и твоето „не верувам дека е така“ станува повеќе вистинито?
Assumption Is The Mother Of All Fuckups.
Вистинито е за мене, дали е објективно вистинито и постојат епистемолошки алатки тоа да се дознае = не би знаел.
 
Член од
9 јули 2024
Мислења
293
Поени од реакции
427
А што мислиш за позицијата на Ричард Докинс кој иако атеист, се смета себеси за "културен Христијанин"?
Може leap of faith нема инхерентно значење само по себе но имајќи го предвид христијанството како општествена сила не може да се занемари значењето на верата во реалноста.
Јас кога бев помлад бев милитантен атеист, но како поминува времето се повеќе мислам дека религијата за жал му е неопходна на општеството. Атеизмот е тежок, не е за секого. На повеќето луѓе им е потребна некаква вера. И тоа не заради етичкиот аспект како што многумина мислат, тука затоа што им дава некакво матно чувство на смисла. Факт е дека распадот на општествата историски се поклопува си раст на скептицизмот и опаѓање на верата.
 
Последно уредено:
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.913
Поени од реакции
6.387
Јас кога бев помлад бев милитантен атеист, но како поминува времето се повеќе мислам дека религијата за жал му е неопходна на општеството. Атеизмот е тежок, не е за секого. На повеќето луѓе им е потребна некаква вера. И тоа не заради етичкиот аспект како што многумина мислат, тука затоа што им дава некакво матно чувство на смисла. Факт е дека распадот на општествата историски се поклопува си раст на скептицизмот и опаѓање на верата.
А како би ги рангирал најголемите религии во светот?
 
Член од
9 јули 2024
Мислења
293
Поени од реакции
427
Во световна смисла, според улогата која ја играат во денешно време како во светот така и кај нас.
Религиите се соодветни на културите во кои постојат. Исламот е таму каде што христијанството беше пред неколку векови. Католицизмот и протестанството се во дефанзива спрема растечкиот секуларизам на западните општества, православието е во нагорна линија заради новооткриениот посткомунистички религиозен замав, а источните религии се многу различни од аврамските. Тие се многу повеќе пракса отколку теорија. Интересно е, а малкумина знаат дека единствената источна религија која личи на западните е сикизмот. Таа е единствена на истокот што има концепти како награди и казни, и задгробен живот.

Инаку, сите религии се сведуваат на еден ист концепт, концептот на двојник, односно душа. Во западните религии душата после смртта оди во задгробен живот, кај источните во циклус на реинкарнации.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.765
Поени од реакции
4.812
Чекај, полека, без да се расправаме. Еве ја мојата линија на премиси и заклучок, кажи ми што не е точно.

1. Бог е семоќен.
2. Ако Бог е семоќен, мора да е сезнаен. Можеме да замислиме ентитет кој е сезнаен но не и семоќен, додека не можеме да замислим ентитет кој е семоќен а не е и сезнаен.
3. Ако Бог е сезнаен, тогаш мора да ја знае иднината на секој човек. Ако не ја знае иднината на секој човек, тогаш не е сезнаен, и следствено на тоа не е семоќен.
4. Ако Бог ја знае иднината на секој човек, тогаш таа веќе се случила во умот на Бог. Во тој случај слободната волја кај човекот не постои, бидејќи иако поединецот мисли дека има избор, изборот веќе е направен, бидеји Бог знае за него.

Заклучок, семоќен Бог и слободна волја кај човекот се концепти кои меѓусебе се исклучуваат.

Каде е грешката во ова размиуслување, отворен сум да прифатам конструктивна аргументирана критика?
Нема да ти одговарам на секоја точка одделно, туку преоѓам на крајот од твојов допис.

Грешката ти е следна: наместо да прифатиш што ни објавил Бог, ти тераш некоја твоја вистина, заснована на тебе, не на „нешто„ посилно и пообјективно.

Бог на/во човекот има „отсликано„ барем три Свои особини: разумот, слободната волја и склоноста кон чиниење добри дела. Значи, слободната човекова војла е човеков атрибут, кој е вграден во човековиот дух и е „наследен„ од Бога Творецот и затоа Бог и слободноволноста не се исклучуваат.

Бог, бидејќи Е нестворен и Е неограничен, има апсолутна и неограничена слободна волја, а човекот, бидејќи е створен, има само ограничена слободна волја, со која човекот може да си допушти „лукзуз„ и да чини и злодела, што кај Бога е невозможно.
 
Во ред, ама ова врска нема со тоа што јас напишав. Ти не размислуваш, туку декламираш она што те научиле. Мислам, нема никаков проблем, јас сфаќам дека ти не со способен за аргументирана дискусија. Нема ништо лошо во тоа, повеќето луѓе се такви, од два силогизми почнува да ги боли главата.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.765
Поени од реакции
4.812
Во ред, ама ова врска нема со тоа што јас напишав. Ти не размислуваш, туку декламираш она што те научиле. Мислам, нема никаков проблем, јас сфаќам дека ти не со способен за аргументирана дискусија. Нема ништо лошо во тоа, повеќето луѓе се такви, од два силогизми почнува да ги боли главата.
Младиќу,

зарем оечкуваш да пишувам афирмативни одговори на твоите мудрости?

Пишувам за тоа како се поставени нештата во Црквата, во контекст на твоите прашања и дилеми, и, како што веќе напишав, без да ти одговарам на секоја точка одделно, ота таквото одговарање би било предолго, а веројатно и бесцелно, оти ионака ќе си останеш на своите ставови.
 
Член од
9 јули 2024
Мислења
293
Поени од реакции
427
Младиќу,

зарем оечкуваш да пишувам афирмативни одговори на твоите мудрости?
Верувај ми на збор дека не очекував премногу. :) Жовотот ме научи дека човештвото не изобилува со Лајбници и Витгенштајни.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.765
Поени од реакции
4.812
Верувај ми на збор дека не очекував премногу. :)
Одлично!

Сега, можеш слободно, по миљардитти пат, да го изнесеш својот став дека слободна волја не постои, а за возврат, да очекуваш дека некој од членовите на темава ќе си ги арчи времето и животот, разубедувајќи те од твоите убедувања...
 
Член од
9 јули 2024
Мислења
293
Поени од реакции
427
Одлично!

Сега, можеш слободно, по миљардитти пат, да го изнесеш својот став дека слободна волја не постои, а за возврат, да очекуваш дека некој од челоновите на темава ќе си ги арчи времето и животот, разубедувајќи те од твоите убедувања...
Не ме ни читаш внимателно. Јас внимателно ги бирам своите зборови. Никаде не напишав дека слободната волја не постои, туке дека е невозможно истовремено да веруваш во семоќен Бог и слободна волја на неговата креација, што мислам го докажав.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.765
Поени од реакции
4.812
Не ме ни читаш внимателно. Јас внимателно ги бирам своите зборови. Никаде не напишав дека слободната волја не постои, туке дека е невозможно истовремено да веруваш во семоќен Бог и слободна волја истовремено.
Еве што ти „у ствари„ правиш; изнесуваш тези, антитези, синтези, протези и фритези и очекуваш дека од таквата какофонија од ставови ќе произлезе вистинскиот одговор?...:)
 
Член од
9 јули 2024
Мислења
293
Поени од реакции
427
Еве што ти „у ствари„ правиш; изнесуваш тези, антитези, синтези, протези и фритези и очекуваш дека од таквата какофонија од ставови ќе произлезе вистинскиот одговор?...:)
Да, тоа се вика мислење. Некои луѓе се занимаваат со тоа, повеќето баш и не.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom