Слободната воља и религиите!

Член од
9 јули 2024
Мислења
51
Поени од реакции
96
Дали некој може да ми објасни што значи изразот божја промисла?
 
Последно уредено:

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.127
Поени од реакции
4.301
Дали некој може да ми објасно што значи изразот божја промисла?
„Божја промисла„ е константна Божја активност, со која Он ги изнаоѓа најдобрите начини за управување со Светов, а гледано во потесна смисла на тој израз, означува Божја активност која се однесува на изнаоѓањето на начини на кои Бог ќе не‘ насочи кон Него, односно ќе не‘ насочи кон патот за спасение на нашите души.

Чудни се патиштата Господови...
 
Член од
9 јули 2024
Мислења
51
Поени од реакции
96
„Божја промисла„ е константна Божја активност, со која Он ги изнаоѓа најдобрите начини за управување со Светов, а гледано во потесна смисла на тој израз, означува Божја активност која се однесува на изнаоѓањето на начини на кои Бог ќе не‘ насочи кон Него, односно ќе не‘ насочи кон патот за спасение на нашите души.

Чудни се патиштата Господови...
Добро. А Божји план? Исто е со Божја промисла или означува нешто друго?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.821
Поени од реакции
11.845
„Божја промисла„ е константна Божја активност, со која Он ги изнаоѓа најдобрите начини за управување со Светов, а гледано во потесна смисла на тој израз, означува Божја активност која се однесува на изнаоѓањето на начини на кои Бог ќе не‘ насочи кон Него, односно ќе не‘ насочи кон патот за спасение на нашите души.

Чудни се патиштата Господови...
Изнаоѓа?
Значи до даден момент тој бог не знае на каде тера светот и човештвото заради слободната волја на човекот, но со искуството што го има со нас, ја менува мислата и изнаоѓа начини да управува со светот од момент во момент?
Нема сепак план... како да не е сезнаен, вечен и слично... вечен по се изгледа во споредба со човекот кога почнал да верува и да ги креира философиите за овој вид на божественост!

П.С. Се е чудно кај вашите богови... не само патиштата, ама ај, тука се, ќе мора да животариме и со тие чудни богови.
 
Член од
9 јули 2024
Мислења
51
Поени од реакции
96
Дали Бог ја знае иднината на секој човек? Ова е релативно едноставно прашање. Ако е семоќен, мора да е сезнаен, а ако е сезнаен мора да ја знае иднината на секој човек, бидејќи сезнаен = ЗНАЕ СЕ. Ако Бог ја знае иднината на секој човек, таа иднина веќе се случила.

Штом е така, каква слободна волја имате, никако не можам да разберам?
 
Последно уредено:

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.127
Поени од реакции
4.301
Добро. А Божји план? Исто е со Божја промисла или означува нешто друго?
Да, „план„ или „промисла„, се работи за исто Божјо дејание.
Во Црквата се користи поимот “промисла„, а изразот „план„ повеќе го користат протестантите.
Автоматски споено мислење:

Дало Бог ја знае иднината на секој човек? Ова е релативно едноставно прашање. Ако е семоќен, мора да е сезнаен, а ако е сезнаен мора да ја знае иднината на секој човек, бидејќи сезнаен = ЗНАЕ СЕ. Ако Бог ја знае иднината на секој човек, таа иднина веќе се случила.

Штом е така, каква слободна волја имате, никако не можам да разберам?
Да, Бог знае се‘, тоа е значењето на атрибутот „ бог„, што значи: се‘ осознавам, се‘ опфаќам, низ се‘ продирам, како што вели Св. Јован Дамаскин.

Слободната човекова волја е ограничена, а Божјата е неограничена и апсолутна. Човековата слободоволност се отчитува (и) во човековата можност да ја „усогласи„ својата волја со Божјата.

Така, ако Бог ни ги задал Заповедите, можам да ги прифатам или да не ги прифатам. Ако Бог сака да се спасам, тогаш таа Божја промисла можам или да ја прифатам или да ја одбијам.
 
Чекај, полека, без да се расправаме. Еве ја мојата линија на премиси и заклучок, кажи ми што не е точно.

1. Бог е семоќен.
2. Ако Бог е семоќен, мора да е сезнаен. Можеме да замислиме ентитет кој е сезнаен но не и семоќен, додека не можеме да замислим ентитет кој е семоќен а не е и сезнаен.
3. Ако Бог е сезнаен, тогаш мора да ја знае иднината на секој човек. Ако не ја знае иднината на секој човек, тогаш не е сезнаен, и следствено на тоа не е семоќен.
4. Ако Бог ја знае иднината на секој човек, тогаш таа веќе се случила во умот на Бог. Во тој случај слободната волја кај човекот не постои, бидејќи иако поединецот мисли дека има избор, изборот веќе е направен, бидеји Бог знае за него.

Заклучок, семоќен Бог и слободна волја кај човекот се концепти кои меѓусебе се исклучуваат.

Каде е грешката во ова размиуслување, отворен сум да прифатам конструктивна аргументирана критика?
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.999
Поени од реакции
7.386
Ако Бог е сезнаен, тогаш мора да ја знае иднината на секој човек. Ако не ја знае иднината на секој човек, тогаш не е сезнаен, и следствено на тоа не е семоќен.
4. Ако Бог ја знае иднината на секој човек, тогаш таа веќе се случила во умот на Бог. Во тој случај слободната волја кај човекот не постои, бидејќи иако поединецот мисли дека има избор, изборот веќе е направен, бидеји Бог знае за него.
Не ти е целосно точно. Бог ја знае иднината на секој откако ќе го направи својот избор.
Затоа претходно напоменав, дадена ни е целосна слобода во изборот, но последиците од нашиот избор се целосно во рацете на Бог.
 
Член од
9 јули 2024
Мислења
51
Поени од реакции
96
Не ти е целосно точно. Бог ја знае иднината на секој откако ќе го направи својот избор.
Затоа претходно напоменав, дадена ни е целосна слобода во изборот, но последиците од нашиот избор се целосно во рацете на Бог.
Не оди така. Еве ваква ситуација, некој поединец се наоѓа во ситуација да украде нешто или да не украде. ОК?

Дали Бог ЗНАЕ пред чинот дали овој ќе украде или не? Значи едноставно прашање, знае Бог пред чинот што ќе се случи, да или не?
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.999
Поени од реакции
7.386
Не оди така. Еве ваква ситуација, некој поединец се наоѓа во ситуација да украде нешто или да не украде. ОК?

Дали Бог ЗНАЕ пред чинот дали овој ќе украде или не? Значи едноставно прашање, знае Бог пред чинот што ќе се случи, да или не?
Баш така иде.
Не знае бог дека ќе украде, даден ни е избор, ама затоа последиците од тој чин единствено ќе бидат според правилата на бог.
 
Член од
9 јули 2024
Мислења
51
Поени од реакции
96
Баш така иде.
Не знае бог дека ќе украде, даден ни е избор, ама затоа последиците од тој чин единствено ќе бидат според правилата на бог.
Значи Бог НЕ ЗНАЕ дали овој ќе украде така?

ОК, тогаш не е сезнаен, и следствено на тоа не е семоќен. Се согласуваш или не?
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom