Слободната воља и религиите!

Член од
9 јули 2024
Мислења
293
Поени од реакции
426
Дали некој може да ми објасни што значи изразот божја промисла?
 
Последно уредено:

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.326
Поени од реакции
4.447
Дали некој може да ми објасно што значи изразот божја промисла?
„Божја промисла„ е константна Божја активност, со која Он ги изнаоѓа најдобрите начини за управување со Светов, а гледано во потесна смисла на тој израз, означува Божја активност која се однесува на изнаоѓањето на начини на кои Бог ќе не‘ насочи кон Него, односно ќе не‘ насочи кон патот за спасение на нашите души.

Чудни се патиштата Господови...
 
Член од
9 јули 2024
Мислења
293
Поени од реакции
426
„Божја промисла„ е константна Божја активност, со која Он ги изнаоѓа најдобрите начини за управување со Светов, а гледано во потесна смисла на тој израз, означува Божја активност која се однесува на изнаоѓањето на начини на кои Бог ќе не‘ насочи кон Него, односно ќе не‘ насочи кон патот за спасение на нашите души.

Чудни се патиштата Господови...
Добро. А Божји план? Исто е со Божја промисла или означува нешто друго?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.915
Поени од реакции
11.914
„Божја промисла„ е константна Божја активност, со која Он ги изнаоѓа најдобрите начини за управување со Светов, а гледано во потесна смисла на тој израз, означува Божја активност која се однесува на изнаоѓањето на начини на кои Бог ќе не‘ насочи кон Него, односно ќе не‘ насочи кон патот за спасение на нашите души.

Чудни се патиштата Господови...
Изнаоѓа?
Значи до даден момент тој бог не знае на каде тера светот и човештвото заради слободната волја на човекот, но со искуството што го има со нас, ја менува мислата и изнаоѓа начини да управува со светот од момент во момент?
Нема сепак план... како да не е сезнаен, вечен и слично... вечен по се изгледа во споредба со човекот кога почнал да верува и да ги креира философиите за овој вид на божественост!

П.С. Се е чудно кај вашите богови... не само патиштата, ама ај, тука се, ќе мора да животариме и со тие чудни богови.
 
Член од
9 јули 2024
Мислења
293
Поени од реакции
426
Дали Бог ја знае иднината на секој човек? Ова е релативно едноставно прашање. Ако е семоќен, мора да е сезнаен, а ако е сезнаен мора да ја знае иднината на секој човек, бидејќи сезнаен = ЗНАЕ СЕ. Ако Бог ја знае иднината на секој човек, таа иднина веќе се случила.

Штом е така, каква слободна волја имате, никако не можам да разберам?
 
Последно уредено:

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.326
Поени од реакции
4.447
Добро. А Божји план? Исто е со Божја промисла или означува нешто друго?
Да, „план„ или „промисла„, се работи за исто Божјо дејание.
Во Црквата се користи поимот “промисла„, а изразот „план„ повеќе го користат протестантите.
Автоматски споено мислење:

Дало Бог ја знае иднината на секој човек? Ова е релативно едноставно прашање. Ако е семоќен, мора да е сезнаен, а ако е сезнаен мора да ја знае иднината на секој човек, бидејќи сезнаен = ЗНАЕ СЕ. Ако Бог ја знае иднината на секој човек, таа иднина веќе се случила.

Штом е така, каква слободна волја имате, никако не можам да разберам?
Да, Бог знае се‘, тоа е значењето на атрибутот „ бог„, што значи: се‘ осознавам, се‘ опфаќам, низ се‘ продирам, како што вели Св. Јован Дамаскин.

Слободната човекова волја е ограничена, а Божјата е неограничена и апсолутна. Човековата слободоволност се отчитува (и) во човековата можност да ја „усогласи„ својата волја со Божјата.

Така, ако Бог ни ги задал Заповедите, можам да ги прифатам или да не ги прифатам. Ако Бог сака да се спасам, тогаш таа Божја промисла можам или да ја прифатам или да ја одбијам.
 
Чекај, полека, без да се расправаме. Еве ја мојата линија на премиси и заклучок, кажи ми што не е точно.

1. Бог е семоќен.
2. Ако Бог е семоќен, мора да е сезнаен. Можеме да замислиме ентитет кој е сезнаен но не и семоќен, додека не можеме да замислим ентитет кој е семоќен а не е и сезнаен.
3. Ако Бог е сезнаен, тогаш мора да ја знае иднината на секој човек. Ако не ја знае иднината на секој човек, тогаш не е сезнаен, и следствено на тоа не е семоќен.
4. Ако Бог ја знае иднината на секој човек, тогаш таа веќе се случила во умот на Бог. Во тој случај слободната волја кај човекот не постои, бидејќи иако поединецот мисли дека има избор, изборот веќе е направен, бидеји Бог знае за него.

Заклучок, семоќен Бог и слободна волја кај човекот се концепти кои меѓусебе се исклучуваат.

Каде е грешката во ова размиуслување, отворен сум да прифатам конструктивна аргументирана критика?
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.039
Поени од реакции
7.413
Ако Бог е сезнаен, тогаш мора да ја знае иднината на секој човек. Ако не ја знае иднината на секој човек, тогаш не е сезнаен, и следствено на тоа не е семоќен.
4. Ако Бог ја знае иднината на секој човек, тогаш таа веќе се случила во умот на Бог. Во тој случај слободната волја кај човекот не постои, бидејќи иако поединецот мисли дека има избор, изборот веќе е направен, бидеји Бог знае за него.
Не ти е целосно точно. Бог ја знае иднината на секој откако ќе го направи својот избор.
Затоа претходно напоменав, дадена ни е целосна слобода во изборот, но последиците од нашиот избор се целосно во рацете на Бог.
 
Член од
9 јули 2024
Мислења
293
Поени од реакции
426
Не ти е целосно точно. Бог ја знае иднината на секој откако ќе го направи својот избор.
Затоа претходно напоменав, дадена ни е целосна слобода во изборот, но последиците од нашиот избор се целосно во рацете на Бог.
Не оди така. Еве ваква ситуација, некој поединец се наоѓа во ситуација да украде нешто или да не украде. ОК?

Дали Бог ЗНАЕ пред чинот дали овој ќе украде или не? Значи едноставно прашање, знае Бог пред чинот што ќе се случи, да или не?
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.039
Поени од реакции
7.413
Не оди така. Еве ваква ситуација, некој поединец се наоѓа во ситуација да украде нешто или да не украде. ОК?

Дали Бог ЗНАЕ пред чинот дали овој ќе украде или не? Значи едноставно прашање, знае Бог пред чинот што ќе се случи, да или не?
Баш така иде.
Не знае бог дека ќе украде, даден ни е избор, ама затоа последиците од тој чин единствено ќе бидат според правилата на бог.
 
Член од
9 јули 2024
Мислења
293
Поени од реакции
426
Баш така иде.
Не знае бог дека ќе украде, даден ни е избор, ама затоа последиците од тој чин единствено ќе бидат според правилата на бог.
Значи Бог НЕ ЗНАЕ дали овој ќе украде, така?

ОК, тогаш не е сезнаен, и следствено на тоа не е семоќен. Се согласуваш или не?
 
Последно уредено:
Член од
14 февруари 2009
Мислења
490
Поени од реакции
1.696
Значи Бог НЕ ЗНАЕ дали овој ќе украде, така?

ОК, тогаш не е сезнаен, и следствено на тоа не е семоќен. Се согласуваш или не?
Другар, ништо лично, ама со глава удираш во ѕид. И ти и сите кои се обидуваат да го разберат нашиот Креатор удираат во ѕид. Барате ептен јасен доказ или повеќе докази за да верувате. Ако има непоборен доказ за Бог, тогаш мора сите луѓе да веруваме, ќе немаме избор. Тоа е веќе ропство. А Бог толку не сака што ни дава слободна волја, да избереме или да веруваме или не. Еден свештеник или монах (не сум сигурен) има речено нешто премногу точно. Што и да правиме, не можеме (а и не треба) да го сфатиме и разбереме Бог. Едноставно е. Не може да го разбереме и сфатиме Тој што не создал нас и се околу нас. Атеистите [уредено од мод: без простачки навреди] пробуваат да го сфатат Бог и како што велат Американците, to lable it - да го стават во "фиока". Не можеш да сфатиш и разбереш нешто поголемо од тебе, нешто што те создало и ти дало живот. Залудно е.

Во врска со слободната волја

Ако не постои слободна волја, нема логика и смисла ние да постоиме. Ако не можеме да влијаеме на нашите животи, колку-толку, залудно е се. Замисли имаш деца и секој нивни чекор го контролираш, кажуваш што ќе прават и како ќе прават цело време, едноставно се твои робови. Зошто тогаш имаш деца ? Како и други тука што пишаа, имаме слободна волја со која многу малку можеме да промениме и на малку работи да влијаеме, ама тоа е доволно. Атеист овие работи не може да ги сфати дека не е дел од Христовиот пат и живот, дека не е дел од Христијанството воопшто. Познавам луѓе кои еднаш ја имаат прочитано Библијата и мислат дека се знаат, дека се им а јасно.

Во последните неколку години гледам на интернет во Америка доста луѓе се заинтересирани за Хрстијанството и многу го прифаќаат (се враќаат). И многу што од други религии се префрлуваат во Христијанство, ама сеуште се многу малку за да се почуствува промена во светот. Пример во Македонија, ако само 10-15 проценти од мажите се Христијани, го следат Исус и неговото учење, па мислам над 90 проценти од проблемите во државата нема да постојат.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
9 јули 2024
Мислења
293
Поени од реакции
426
Другар, ништо лично, ама со глава удираш во ѕид.
Другар, ти си христијанин? Јас не сум многу упатен во христијанството, ама баш ме интересира што би рекол Исус на тоа што нарекуваш други човечки суштества кои не мислат како тебе гомна. Мислам дека имаше еден дел во христијанството со простување и толеранција, ама веројатно не е многу важен тој дел.

Имаше еден чичко со мустаќи, се викаше Ниче. Тој ја има кажано најточната работа за христијанството. Тој имено кажал дека првиот и последниот христијанин бил закован на крст и умрел. Останатите биле мали луѓе полни со омраза спрема другите. Да биле неговите следбеници вистински христијани ќе им простеле на римјаните за неговото убиство и христијанството ќе исчезнело од аналите на историјата.

Ова чисто малку да размислиш за својот живот и своите вредности.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom