Зошто газдите се стиснати?

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
4.052
Поени од реакции
9.416
Дијалектика......ако не си стиснат не може да бидеш "газда".....ќе го делиш профитот со вработените и фактички не си "газда".
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.358
Поени од реакции
4.158
...затоа што работникот треба да биде послушен и да нема многу комодитет, еден вид модерно ропство, впрочем и ЕУ со се Урсула ФдЛ рекле денес „предобро се живее“, дај малку да редуцираме добрата живеачка, предлог за мали порции по ресторани, покачување на цени на сите прехрамбени продукти, стандардот на обичниот човек мора да падне за да биде послушен,

...и во работните услови максимално експлоатирање на работникот со што помалку услови во работната средина да се држи под контрола работникот, да не се буни, да не бара права преку синдикат уште помалку, „удри куче да те стравопочитува“ и ќе биде уште полошо, веќе се одели две страни на богати газди и бизнисмени и сиромашна работничка класа, се враќаме назад во историјата!

...не постои „добар газда“ затоа што ако е таков ќе му пропадне бизнисот, другите нема да го остават да биде добар, па ниту државата, затоа што постојат закони за заштита на работнички права и услови за работа, ама не се почитуваат, а државата тоа непочитување од бизнисмените го одобрува со нејзино молчење и непревземање на никакви казнени мерки за непочитување на скоро сите членови во тој законик!
Муабетов би ти држел вода пред неколку години, кога работниците молеа за работа. Денес, кога работодавците молат за работници, состојбата со работничките права е во многу сменета... Ако порано беше реткост да најдеш каде се почитуваат правата, денес е реткост да најдеш каде не се почитуваат правата.... Пазарот на труд си го направи своето, нема доволно работници и тоа придонесе за зголемување на платите и почитување на правата.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.510
Поени од реакции
37.343

...тоа не се почитуваат првата во државни институции, т.е. во Јавната администрација, не пак во приватниот бизнис, чисто за пример не може на исти работни места по систематизација со ист работен стаж и исто образование да се има различни плати!

...денес работодавачите молат за работници, ама по нивни услови, а не по законски нормативи, само не споредувај семејни бизниси тука има други правила!
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.435
Поени од реакции
5.468
Газда што незнае да менаџира е полош од стиснат газда.
Ако знаеш да ги поставиш работите и да ја распределиш работата, независно од финансиските примања секогаш ќе се најде некој што ќе работи за поевтини пари.
Меѓутоа ако не знаеш да ја концептуализираш работата, да ги разграничиш работните обврски и да обезбедиш квалитетна работна средина, џабе ти се и 5000€ да му даваш некому.
Затоа многу бизниси страдаат, од лош менаџмент
 
Во државни институции не владее пазарот, таму се прима по партиски или роднински и пријателски врски. А не се испушта од работа никако. Таму воглавно од секогаш се почитувале работничките права, секако со примеси на повластување или форсирање на одредени личности зависно по која линија се нашле во одредена институција... Зборувам за приватниот сектор, таму состојбата беше катастрофа а сега е осетно променета на подобро.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.548
Поени од реакции
66.143
Затоа што кај нас, многу "газди" доцна сфаќаат дека една компанија е силна колку што е задоволен најобичниот работник. Пазарот на труд кај нас до пред некоја година го трпеше ова. Сега како што сите се иселуваат, се намалува понудата за работници, и полека се корегира ова.
 
Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.797
Поени од реакции
17.338
Газда што незнае да менаџира е полош од стиснат газда.
Ако знаеш да ги поставиш работите и да ја распределиш работата, независно од финансиските примања секогаш ќе се најде некој што ќе работи за поевтини пари.
Меѓутоа ако не знаеш да ја концептуализираш работата, да ги разграничиш работните обврски и да обезбедиш квалитетна работна средина, џабе ти се и 5000€ да му даваш некому.
Затоа многу бизниси страдаат, од лош менаџмент
Ова може само во помали средини, кад луѓето немаат избор. На пример во Скопје тешко, затоа што знаат дека можат да најдат друга, поплатена работа. А и во тие мали средини веќе не може да наоѓаат работници, затоа што сите фатија штрафте по европските земји.
 
пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.403
Поени од реакции
9.034
Нема врска со економија ова. Култура е и менталитет.
Едноставно 99% се тешки сељаци кои имале некој капитал или идеја и од почнале нешто, после кога успеале одма од висок агол се гледа на сите околу него.
Имав газда од Црна Гора, ликот беше милијардер, живееш во Америка во Мајами, пентхаус, брзи коли, врзан со мафијаши, знаеш каков му беше односот? Како да разговарам со најобичен човек другар, првпат кога се договаравме околу проценти и пари ми рече, ја од тебе очекувам толку, ако го достигнеш тоа во први месец, два, имаш комплетна слобода што сакаш да правиш и кажи ми за која сума сакаш да работиш. Тоа што ми го постави како таргет беше остварливо, не беа цифри што ги извади од газот, како што знаат да прават, го знаеше маркетот и после тоа година ипол додека работев со него, само два пати се имавме слушнато и тие два пати беа ради шофери што направија срања. Се палам, работам, се гасам, следен ден исто, доаѓа први, пари на ВУ или Риа пуштени, само порака на Вибер, стигле долари и емотикон ми пратил.
не сите газди се такви и во Америка или не знам каде на друго место. Не знам што индустрија е тоа што си работел ама тоа што ти го кажвиш изгледа како кај нас некој таксист да ти вика "Газдава мој е супер, се договоривме на 20 процент и јас си имам слобода што сакам да прам, колку ќе заработам толку ми плаќа без проблем".
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Не најдов ваква тема, па ако има, слободно префрлете ја дискусијата таму.

Прашањето кое ми се врти во глава периодов е да разберам Зошто газдите се стиснати?

Зошто само муабети слушаме дека работниците работат во мизерни услови, без клима, без греење, им се ограничуваат оброци, пијалоци доколку работат во угостителски објект и слично.

Разбирам дека има многу трошоци, ама па да му се сневиди, ако имаш задоволни работници, веројатно и тие подобро ќе работат. Сфаќам дека секоја пара е битна, ама додека ти менува во животот. После таа некоја сума е само лакомост и курчење врз оние кои имаат помалку од тебе.

Треба државата малку да се позанимава со вакви газди, ама па истата е корумпирана така да нема некое чаре.

Што мислите вие? Познавате ли вие некој газда што ете , мислите дека е пример за другите?
Ова е како да кажеш дека сите што не се газди, се арни луѓе. Ако бил стиснат пред да стане газда, ќе биде и после тоа. Ако бил ѓубре од човек пред да стане газда, ќе биде и после тоа и така натаму.

Дали некогаш си направил математика колку заработуваш во фирмата, а колку ја чинеш фирмата од бруто аспект?

Инаку, најстисната е државата. Таму треба да се буните, не кај газдите. Направете математика колку пари и се оставаат на државата за да ги храни џаболебарите, па после ќе разговараме колку остануваат и колку прават газдите на вас.

И за крај, верувам дека секој треба да се проба во бизнис. Ако успеете, ќе бидете новите газди кои може да создадат подобра работна околина, а ако не успеете, ќе почнете да си ја цените работата и ќе разберете што се треба за да се води бизнис. Барем денес е лесно да се отвори бизнис, дури и државата те чека цела година за основачкиот влог од 5 илјади евра, и реално, ако немаш набавка на роба или скапи машини, се отвора бизнис и со 1-2 илјади евра кои и да ги немате, се собираат за во рок од 24 часови.

Сè додека не се пробаш, залудно е да ти објаснувам дека со години немам недела под 70 работни часа, дека и кога ми зборува некој дома, паметот ми е на проблемите таму, дека во тој свет си осамен и сам на себе. Последното што може е да отидеш и да се жалиш на колегите (за најголем дел од работите не смееш да зборнеш ни со пријателите ни со домашните), и колкав е менталниот притисок кога треба да носиш одлуки од кои зависи иднината и на тие кои работат за тебе, а и кога треба да ризикуваш илјадници евра без да знаеш дали ќе биде успешно. Да не правиме муабет какво е чувството кога не ти плаќаат фактури со недели, а ти треба да најдеш пари за вработени и си инвестирал.

Не бидете исти како генерациите на нашите родители. Ним им беше крив цел свет, а тие се главните виновници што создадоа пропаднат систем каков што имаме сега. Скоро целата држава сте едуцирани дечки, во ера на интернет, во ера на технологија, во ера кога за 15 евра месечно може да се јавувате и да барате клиенти на секоја страна од светот - станете газди и не барајте работа од други.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.385
Поени од реакции
4.337
Дали јас ако утре станам газда, за мене ќе имаш целосно разбирање кога на вработените мои ќе им:

Гасам клима/парно
Кратам од оброци
Давам работни задачи кои не се според договор
Давам плус саати да работат, нормално, неплатени
Секоја нивна грешка да ја плаќаат од свој џеб

И еден куп глупости кои ги прават македонските газди? Не дека на запад го нема ова, ама барем таму колку-толку има регулативи и закони кои во голем дел се почитувани.

Не поддржувајте нешто што не е нормално, поготово не вие кои сте илјадници километри подалеку од Македонија.
 
Ние што сме илјадници километри подалеку од Македонија сме ги виделе и другите газди, далеку дека ги бранам газдите во МКД, ама јас една недела пoработав кај еден каде што ми плаќаше 3 сати за работа која не можев да ја завршам за 4, кога му реков ова не може вака, ми вика "So what", SO What ? му го дадов еднаш во уста и си заминав.
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Дали јас ако утре станам газда, за мене ќе имаш целосно разбирање кога на вработените мои ќе им:

Гасам клима/парно
Кратам од оброци
Давам работни задачи кои не се според договор
Давам плус саати да работат, нормално, неплатени
Секоја нивна грешка да ја плаќаат од свој џеб

И еден куп глупости кои ги прават македонските газди? Не дека на запад го нема ова, ама барем таму колку-толку има регулативи и закони кои во голем дел се почитувани.

Не поддржувајте нешто што не е нормално, поготово не вие кои сте илјадници километри подалеку од Македонија.
Апсолутно никој не може да ти стави нож на врат да работиш во фирма ако не ти се допаѓа. Законите ги има секаде, прашањето е дали ти си спремен да пријавиш. И во Македонија ако пријавиш ти гарантирам дека ќе му дојде инспекција и ќе му закачи казна. Но после ова ти треба да одиш надвор од таа фирма, небитно дали е македонија, или е надвор.

Помеѓу газдите ќе имаш секаков тип на луѓе, исто како што имаш и меѓу работниците. Имаш и луѓе кои ќе ти гасат парно, но имаш и луѓе кои ќе те гледаат како да си нивен член на семејството, и тоа важи и за во Македонија, и за надвор.

Ако ви применат таму ова што го прават овде, ќе дигнете уште еден форум, не само теми. Во земји со брутален капитализам ќе работиш сѐ што треба, позицијата не е опишана во договорот туку во PD (position description) и ова може да го менуваат по потреба. Сум видел инженери кои се пикаат внатре во канализациска шахта и прават проверка на мрежата, и инженери кои седат со багеристот на дожд по 10 часови од денот, кабаницата на тебе и нема застанување оти почнало да врне. За обичните работници да не правиме муабет, небитно дали е +40 надвор, или се тура дожд, ти си надвор на работа. Ако си платен на саат, ќе ти се јават само дека не им требаш наредните 3-4 денови па отиде дневницата.
Отказен рок ако си работел под 1 година ти е 1 недела, снемало проект - отказ, фатило рецесија - отказ. И тука прават финти, ако те избркаат и си работел долго ќе треба да ти платат неколку недели во зависност од должината на работниот однос, но ако те притиснат со газење буквално по 14 саати на ден и си дадеш отказ самиот не треба да ти платат ништо, погоди која опција ја практикуваат.

Со рецесијата познавам неколку луѓе што останаа без работа овде, цела работа од избрканите им беше тропната на тие што останаа, ти кажува ако си ок работи, ако не ќе најдеме друг, дури имаше и фирми што бркаа луѓе со повисоки плати, и на истите позиции си земаа луѓе со истите вештини за 30% помала плата.

Подобри услови може да барате во социјализам, и во социјалистички земји, во капитализам е брутално низ цел свет.
 
Последно уредено:
Член од
16 јули 2021
Мислења
325
Поени од реакции
666
Затоа што кај нас, многу "газди" доцна сфаќаат дека една компанија е силна колку што е задоволен најобичниот работник. Пазарот на труд кај нас до пред некоја година го трпеше ова. Сега како што сите се иселуваат, се намалува понудата за работници, и полека се корегира ова.
Не сфатија, туку немаат веќе толку избор. Умре реченицата, ако не ти чини ене ти ја вратата, чекаат луѓе, со лопата да ги ринеш. Ко што имаше наслов у еден српски весник, преведено гласи: не дека нема работници, туку веќе нема будали да работат за мали пари.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.872
Поени од реакции
23.266
Викаат прашај паталец, а не гаталец.

Заработи пари, земи кредит и пробај да водиш бизнис и се ќе ти стане појасно.
Kakva vrska ima toa so ispolnuvanje na rabotnickite prava. Zel kredit i sto, jas treba da mu go isplakjam. Da ne sme ortaci slucajno, kjarot da ne go delime ?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom