Фан Клуб: Вардар

Член од
4 септември 2019
Мислења
1.620
Поени од реакции
4.146
Гача, Брда, Џуриќ, Ќосиќ, Најдо, Панта, Донгмо, Ким, Закариќ, Лемос, Дианеси

Овој состав, ако сите се фит и спремни без проблем ќе биде у први 3. Реалноста е дека овој состав нема ни пола утакмици да изигра, ама тоа е што е. Со малку среќа да бидеме у топ 5 на полусезона, па да се појачаме дополнително и зошто не атак на титула.
Со овој тим, губиме 3:0 :)
 
Член од
1 февруари 2023
Мислења
84
Поени од реакции
204
Тројца од овие никој никогаш не ги гледал, нит па слушнал за нив. Еден не е отрезнет цело лето, едниот сеуште оди на штаки, еден се враќа после 2 ужасно тешки повреди и операции една по друга, а за едниот цела екипа мисли дека е најслаба карика во тимот...
 

@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.688
Поени од реакции
2.184
Не знам како замислувате со овој состав во топ 3 да биде Вардар. Убаво ви пишаа голем дел од оние кои пратат долго време ПМФЛ. Оваа сезона како претходната сметам дека опстанокот е загарантиран, во најлош случај може да се игра повторно бараж бидејќи уште не е завршен преодниот рок и не знаеме како ќе се појачаат останатите екипи. Имам впечаток дека постои голема шанса да се откаже Воска од учеството, иако најавија дека ќе играат со доста подмладен состав. А моментално едвај имаат прв тим да склопат. Ако играат ќе бидат зацементирани на дното на табелата. Пелистер солидно се засили и Беса донесе искусни засилувања. Околу појачувањата на Вардар овој последниот Камерунецот, не знам колку би го подигнал квалитетот на игра ама останува да видиме. Дианеси по видео материјалите делува дека има голгетерски карактер, ама прашање е колку е физички спремен и колку му паднала формата од пред 3 години. И мислам дека и со него не е засилен Вардар. Овој Кореецот да не биде само Педрињо број два, оти абер од сериозен фудбал нема. Закариќ и Ќосиќ ќе видиме како ќе се покажат, единствено за нив имам мала надеж дека со искуството ќе придонесат доволно. Од друга страна клупата е ептен тенка за да бидеш во топ 3 ти треба и солидна клупа. Едвај се скрпи прва постава, а на клупа ќе бидат очигледно дел од младинците. Инаку можеше да донесат го донесат Димитар Тодоровски кој беше слободен од Работнички, кој игра во средниот ред. Наместо играчи како Шаркоски кој Бог знае на каков начин заврши во Вардар. Мислам дека се оствари она што го напоменуваа некои од вас дека ќе се прават валкани игри при донесување на одредени појачувања.
 
Член од
13 јули 2024
Мислења
228
Поени од реакции
303
Некој да не има повеќе инфо околу ова?
ne mi se veruva kazano e deka e tolku so transferive ke vidime kako ke se odviva sotuacija dobro bi dosol sekoj igrac mozen da se popolnat dupkite koj sho se mali vo nasiot roster
 
Последно уредено:
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.789
Поени од реакции
6.620
Со трансферот на Донгмо, според спортскиот директор се завршува трансфер периодот за нас, кој правеше трансфери, кои менаџери и агенции предложуваа играчи, кој даваше зелено светло и дали ќе погоди некој играч допрва ќе видиме, се надевам знаел што прави и не почнал да копа гроб на клубот уште во првиот месец, во спортивно тоа приватното обезбедување стварно ќе има работа.
Како и повеќето навивачи, очекував по квалитетни и проверени имиња, после првичната еуфорија за новиот спонзор, најавите за враќање на старите патеки, трансферот на Најдоски, шпекулациите за Николов, мислев дека ќе проложиме со засилувања од тој тип, останатите што потпишаа сите се со многу прашалници, скоро за сите никој ни слушнал ни видел до сега, потпишани на муабет со надеж дека ќе се погодат.

Ростерот:

Голмани: Гача, Мето
Штопери: Ѓуриќ, Најдовски, Мишко, Ѓурковски.
Бекови: Брдаровски, Велковски, Чосиќ, Здравковски.
Средина: Мицевски, Донгмо, Дошев, Блажевски, Николовски, Цветков и Константино.
Напад: Закариќ, Дианеси, Ким, Шаркоски, Костов, Омерагиќ.

Закариќ има некое CV позади себе, настапи и успеси во сериозни клубови во балкански рамки, за брзо ќе полни 32 години, последните две сезони кариерата му оди во надолна линија, последната полусезона во Борац на 17 натпревари постигнал 1 гол, вториот дел од сезоната бил кратко во Саудиска Арабија и после неколку месеци во Задар во ТРЕТА ХРВАТСКА ЛИГА, минатата сезона ја поминал во клуб што испаднал од втора грчка лига, 5 гола имал цела сезона на 28 натпревари, ептен удолница фатил последните години, тука го планираме главен играч да биде, се надевам дека има уште фудбал во него и дека ќе има мотивација за игра.
Сонародникот негов Чосиќ офанзивно не верувам дека може да има удел во играта како Глишиќ, дефанзивно ќе брка работа, Кореецот е најголема енигма на сите, некако сомнителен трансфер, за него кажав и кога потпиша дека може да биде тотално промашување, јасно е дека нема некој посебен квалитет, како ќе се вклопи во екипата, менталитетот на луѓето, навивачите, искрено ми делува дека ќе се изгуби, ништо чудно и да ја здувне уште во првите месеци, детето Костов што потпиша од Брера веројатно ќе има помала минутажа, ќе влегува како младинец, Шаркоски ќе биде ротациски играч, ќе добива минути во моменти кога ќе чуваме резултат.
За крај намерно ги оставив Дианеси и Донгмо, во овие двајца ќе се крстиме и од нив главно ќе зависи во кој правец ќе ни оди сезоната, првиот имал добри сезони пред повредата, сега прашање е во каква форма ќе биде и колку е спремен, вториот е уште доста млад и нема некое искуство со претходни клубови, тешко е да се процени за каков играч се работи, во младинската репрезентација на Камерун има само еден настап на пријателска пред 2 години, не е воопшто стандарден репрезентативец, не знам што да кажам, со ваквите трансфери никогаш не се знае, вреди да се пробаат ама не знам колку е паметно да се ослониме само на нив, сите сценарија се отворени, се надевам ќе ги славиме на крај.
Би го спомнал и Панта, ако ја врати формата тој ќе биде најголемо засилување, класа играч за наша лига, респектиран од навивачите, тој ќе биде лидер на екипата и на терен и во соблекувална.
Горе доле тоа е тоа, оставам простор дека покрај стандардната 4-3-3 според која мислам дека е граден составот, Горазд може да проба некоја формација 4-4-2 со Панта, Пато, Дошев и Донгмо во средина, Закариќ и Дианеси во напад или 3-5-2 со Брда по офанзивно и Ким од другата страна да ора по терен, може и Шаркоски тука да се уфрли во некоја варијанта.

Често овде се покренува дискусија кој бил оптимист кој песимист и скоро секогаш и едната и другата страна одат во некоја крајност, од освојување титула до испаѓање од лига, реалноста е дека сме нешто помеѓу, јасно ни е скоро на сите(барем тие што колку - толку пратат домашно првенство) дека ова не е состав што лесно ќе ги оствари целите што се споменуваат уште од сега, после првите неколку кола ќе станат многу работи појасни и ќе видиме до каде сме, многу луѓе што по коментари се спремаат да слават титула, а немаат дојдено на стадион 5-6 години ќе се разочараат, се плашам само целата еуфорија што се створи кога се официјализираше спонзорот да не се одрази негативно и да пукне тиквата, уште од сега има многу луѓе кои се накостршени спрема Миленко(за некои работи и со право), војна со навивачите, бркање управи, протести, бојкотирање, скандирања против управа и така натаму се нешто што ни е најмалку потребно во оваа ситуација, се надевам дека за ова се свесни и двете страни и нема да се доведеме во несакани ситуации.
Последните сезони дечките што ја водат групата направија се што е во нивна можност, што и да се случи не смее да се каже лош збор за нив, на нас останатите ни останува уште на почетокот да се истуриме на трибина во голем број и да дадеме подршка на клубот, да тргне работата, доста беа баражи, муабети за долгови, згаснување на клубот и останати црни сценарија, следуваат подобри денови за сите нас.

За крај нека е среќен роденденот на нашата гордост, 77 години традиција, љубов, среќа, македонштина, пренесувана од татковци и дедовци, од колено на колено, од постар на помлад, од генерација на генерација, така нека продолжи до вечноста.
 
Последно уредено:
Член од
1 август 2015
Мислења
981
Поени од реакции
2.007
Ќе беше подобро роденденот да се прослави во Скопје, на Градски, против Динамо Загреб... Ќе имаше едно 10-15.000 публика и ќе беше добра увертира за новата сезона.
 
Член од
17 април 2024
Мислења
331
Поени од реакции
756
Ќе беше подобро роденденот да се прослави во Скопје, на Градски, против Динамо Загреб... Ќе имаше едно 10-15.000 публика и ќе беше добра увертира за новата сезона.
Тоа можеби ќе се чува за 80 годишницата :D
 
Член од
1 август 2015
Мислења
981
Поени од реакции
2.007
Тоа можеби ќе се чува за 80 годишницата :D
За 3 години од сега, на таков љубилеј, плус се надевам до тогаш Вардар стабилен и силен за балкански услови, треба пријателска со некој еу гигант.
 
Член од
24 јуни 2021
Мислења
56
Поени од реакции
84
Cim vleze toa kopile Pancev u Vardar odma pocinjaat dubarite
Автоматски споено мислење:

Cim vleze toa kopile Pancev u Vardar odma pocinjaat dubarite
Автоматски споено мислење:

Cim vleze toa kopile Pancev u Vardar odma pocinjaat dubarite
Автоматски споено мислење:

Cim vleze toa kopile Pancev u Vardar odma pocinjaat dubarite
Автоматски споено мислење:

Cim vleze toa kopile Pancev u Vardar odma pocinjaat dubarite
 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.236
Поени од реакции
8.606
informacija dobiv deka nasata najgolema legenda darko pancev ke dobi funkcija u klubot dali e tocno toa?
на тоа говно не му е местото во Вардар, нека оди во Работнички или Скопје ако сака, ако го примат, ако не ете му ја Слога Југомагнат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom