ми недостига Aquarius на старата локација, тоа беше култно место ако се сеќавате. Синоќа седнавме у Ноа ( сметка 5,000мкд+ за двајца) и тоа требаше да се тепаме за маса надвор на тераса иако имаше слободни, нели тие биле за поише луѓе (ајде ти се молам). Амбиент ОК, храната вкусна. Цените прифатливи за странци, за домашните сигурно е скупо. Коктели Лагуна 470ден, Вино Темјаника 1,690+ (0,75мл), Газирана Вода (0,75мл) = 200мкд, Грчка салата = 310ден, Тиквици со лук = 370 (10 парчиња, ништо поише), Пилешко Алфредо = 530ден. Пилешко Алмонд = 530ден, Амалфи десерт = 280 ден, десерт Бацио Неро = 280 ден.
И да, нема гужви као предходните години. Кога правам споредба од места низ Македонија што сум пиел коктели само Амигос у Скопје го има квалитетот.