ATP тенис - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Дали сте спремни да видите како Надал доминира во Баштад? :cool:
Надал е спремен за старачки дом баце.
Автоматски споено мислење:

Него шо праиме за утре? Тепаат и Алкараз и Ноле, па во недела му враќа со камата за поразот од лани, така??? Таааакааааа???? @Kambek
 
Последно уредено:
Надал е спремен за старачки дом баце.
Автоматски споено мислење:

Него шо праиме за утре? Тепаат и Алкараз и Ноле, па во недела му враќа со камата за поразот од лани, така??? Таааакааааа???? @Kambek

Англија и Новак синкааааа

Еден од подобрите женски тениски мечеви шо ги имам гледано. Која и да изгуби , жално.
 
Мислам дека Рибакина ќе си освои втор ВМ лагано.Иако на таа страна на жребот се Свитолина и Остапнеко, мислам дека е прејака Рибакина моментално за цела конкуренција.

:facepalm:
Ни до финале не стигна, од Чехињата Крејчикова изгуби
 
Крејцикова-Паолини финале на Вимблдон, океј. Со цело срце сум за Паолини, страшно игра девојката оваа година.
И еба мајката,отиде јабана девојчето,џабе цел труд.

Sent from my SM-G990B using Tapatalk
 
Се консолидираше Карлитос после очајниот прв сет. Да видиме сеа ако израмни на 1-1 каков ќе биде одговорот на Медо у 3 сет.
Автоматски споено мислење:

Едносмерна улица тотално.
 
Последно уредено:
Како успеаа волку да го успорат Вимблдон, мислиш на земја се игра. Баш го слушав оној Крајичек кажуваше како е мењата тревата и топчињата за да се добие поприроден отскок на топчето, но со тоа многу се намалило во брзина и проклизување на топчето.
 
Очекувани исходи денес, и добро е што немаше изненадување зашто ако имаше, ќе имаше едно, што ќе го направеше финалето неизвесно секако.
Мора да им се оддаде почит и на Медо и на Синер, плафон беше полуфиналево и за двајцата, а и не се изрезилија во истото, нарочито Мусети кој важи за класичен земјаш, ко Руд на пример, кој секоја година се брука на оваа подлога.

Финалето убаво спомна некој пред 2-3 дена, кој и да дојдеше од Синер и Алкараз, на Новак, ќе е 50-50, очекувам нешто многу слично на она лани, најситни микроскопски тениски детали да бидат одлучувачки. Навивачки, типувам за Новак, 3-2 во сетови.
 
Мислиш Медо и Лоренцо, Синер не стигна до полуфинале....
 
Мислиш Медо и Лоренцо, Синер не стигна до полуфинале....
Не, него некој пиша за Синер и Алкараз пред четврт финалето, мислам Камбек, со тоа што Карлос остана во комбинација а Синер отпадна.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom